Контакт

Култура

Книгата „Снегот во Казабланка“ од Кица Колбе на 15. Европска ноќ на литературата во Софија

Објавено пред

Петнаесеттата Европска ноќ на литературата ќе се одржи на 1 октомври, со почеток во 18:00 часот и ќе трае до 21:20 часот.

Нетипичните места за литература во Софија ќе станат „читателски гнезда“ во кои различни познати лица ќе читаат извадоци од современи европски книжевни дела. Ќе се слушнат извадоци од преведени книги од Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Холандија, Обединетото Кралство, Полска, Македонија, Словенија, Украина, Унгарија, Финска, Швајцарија, Шведска и Чешка.

Македонското читателско гнездо и оваа година ќе биде во клубот „Паве“ на ул. „Вилијам Гладстон“ бр. 68, во зградата на Столична библиотека. Ѓорѓи Георгиев – Антика и Игор Дамјанов ќе читаат извадок од книгата „Снегот во Казабланка“ од македонската писателка Кица Колбе, која излезе од печат оваа година од бугарската издавачка куќа „Изида“, превод на Маријан Петров.

„Ноќ на литературата“ е гласот на современата европска литература. Настанот ги презентира нејзините теми, јазици и писателски ракописи.

„Снегот во Казабланка“ ја освои најпрестижната македонска награда за литература, „Роман на годината“. Делото има јасно изразена поетска, симболична и алегориска природа. Тоа е повеќеслојна приказна што ги испитува некои клучни теми од културниот дијалог меѓу Западна Европа и „варварскиот“ Балкан. Главните ликови, Дина Аспрова и Дејвид Розенблат, се млади македонски творци кои одат во Западна Европа затоа што веруваат дека таму припаѓаат. Тие доживуваат криза на идентитетот. По многу години и од разни лични причини, тие се враќаат дома, каде што се соочуваат со себеси и со своето минато. Темите за различните видови љубов, егзил, дом, припадност и траумите од војната се централни за романот.

Кица Колбе е родена во 1951 година во Башино Село. Нејзините корени се од Егејска Македонија. Студирала филозофија на скопскиот и белградскиот универзитет. Докторатот го одбранила на тема за германска естетика од XVIII век. Предава на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1986 година живее во Германија. Таму се посветува на литературата. Нејзиното деби беше со „Егејци“, современ текст за траумата и егзилот – текст силно под влијание на филозофијата на Теодор В. Адорно. Нејзиниот роман „Снегот во Казабланка“ ја освои наградата „Роман на годината“ за 2006 година. Некои литературни критичари го сметаат за еден од првите примери на „женско пишување“ во нејзината татковина. Нејзиниот следен роман, „Жените Гаврилови“, беше номиниран за наградата „Балканика“.

Најново

Свет20 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион33 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија39 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија41 минута

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава57 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија2 часа

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија2 часа

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...