Контакт

Книги

Објавена поезија на македонски јазик од српскиот поет Ненад Шапоња

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје неодамна ја објави поетската книга „Постои ли допир на твојата душа“ на српскиот поет Ненад Шапоња, во превод од српски јазик на Нове Цветаноски.

Книгата, која има поднаслов „Позиционирање на привидот“, содржи 49 песни и поеми, од кои еден дел се веќе објавени во негови книги и претставуваат своевиден тематско-мотивски збор, а на крајот е објавен и еден есеј во кој авторот го објаснува својот поетички дискурс во својата лирика.

Ненад Шапоња (1964, Нови Сад) е поет, есеист и критичар, чии стихови се препознатливи во современата српска поезија по стилската перфекција, херменевтичност и метафизички увиди. Во областа на книжевната критика промовира постмодерна поетика и идеосинкретичен императивен пристап спрема книжевните дела, што подразбира живеење во книжевноста. Десетина години пишуваше критика за „Политика“. Освен поезија и критика, пишува и куси раскази и патописна проза.

Неговата прва збирка поезија Ѓаконда (1990) е наградена со Бранкова награда, тогаш најзначајната југословенска награда за млади поети. Неговата збирка есеи Бедекер на сомнежот (1997) ги доби наградите „Милан Богдановиќ“ и „Просвета за книга на годината“. Најновата негова поетска книга „Изгледам, значи не сум“ (2017) ја доби наградата „Мирослав Антиќ“.

Автор е наследните поетски збирки: „Одрази на лажливото“ (1991), „Очигледност“ (1996), „Море“ (1998), „Четири поеми“ (2000), „Слатка смрт“ (2012), на книгата избрани стихови „Постои ли допир на твојата душа?“ (2014), како и збирката критики и есеи: Автобиографија на читањето (1999) и Искуството од пишувањето (2001). Ја објавил и книгата патописи „Брисел се дава да се преоди лесно“ (2018). Приредил и неколку антологии од кои најзначајна е „Просветина книга на крими раскази“ (2002). Поезија му е преведувана на англиски, шпански, италијански, полски и романски јазик.

Во 2012 година ја основа издавачката куќа „Агора“, која денес е еден од најреномираните српски издавачи, благодарение на широкиот естетски интерес и квалитетниот избор.

Книги

Книгата „Сирота мала богата драма“ ќе биде промовирана на Меѓународниот фестивал „Сарајевска зима“

Објавено пред

Во периодот од 19 март до 22 март 2019, доцент д-р Иванка Апостолова Баскар, како иницијатор, уредник и промотер ќе настапува на Меѓународниот фестивал Сарајевска зима 2019, со промоција на електронската книга/збирка на 11 кратки драми на современи македонски автори-Сирота мала богата драма.

Промоцијата ќе биде во Музичкиот павиљон (Мејдан). Организатори на фестивалот се Ибрахим Спахиќ и неговиот тим од Меѓународниот центар за мир.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Крв и злато“ од Ендре Ади

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, денеска, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Крв и злато“ од несомнено најголемото книжевно име на Унгарија во 20 век, Ендре Ади.

По повод стогодишнината од смртта на Ендре Ади, во неговата родна земја годинава се организираат низа чествувања и научни собири, а ќе бидат објавени и критички изданија од богатото творештво на овој автор со толкувања на врвни познавачи на неговото дело.

Преку длабоките и емотивни пораки, создадени во духот на народната традиција, Ендре Ади воспостави јасни тематски релации, а народниот дух го воздигна на високо рамниште. Како поет на чистата и непосредна чувствителност кон љубовните и социјалните теми, во поезијата ја внесе лирската емотивност и чувствителност и ја афирмира самосвојноста на поетскиот глас.

Прикажи повеќе...

Книги

Нова поема од Ристо Лазаров

Објавено пред

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат уште еден нов наслов – поемата „Тесен пат кон далечниот север“ од Ристо Лазаров. Оваа поема, компонирана во седум пеења, го носи истиот наслов на драмата на Едвард Бонд играна во МНТ во 1972 година во режија на Владимир Милчин, како и на романот на Ричард Фланган, добитник на Букеровата награда во 2014 година.

Во обемниот поговор кон оваа поема писателот и есеист Томислав Османли истакнува дека „Тесен пат кон далечниот север“ е творба која тргнува и трогнува и стежнува не поради фантасмагорискиот материјал, чии слики и чувствувања јакнат во текот на стихуваната темна хроника без одредиште. Таа е шолна со метафизички слики и богата со фигури и од дел во дел израснува во една голема, знаменита, темна песна, густа и тешка како нашата празнина и небитница за кои со право и без заобиколување Лазаров критички пее. Подобро речено, крикнува. Тоа е огласен, крикот што во себе го чувствуваме сите, но во нас е нем, а во „Тесен пат кон далечниот север“ е изнедрен во многу релевантна филозофска, метафизичка поетска творба.

Импресивни се, продолжува Османли, токму метафизичките слики што авторот ги создава во својата нова творба и кои се рамни на големите мајстори на фантасмагориската уметност, сликарска и литературна, или и – таква-и-таква, сеедно… Тие се појавуваат како парадоксални претстави (патот што вчера беше широк/ноќум се стеснил…, како тревожни метафизички параболи (Со време низ нијансите на правта, почнаа да зјапаат во ништо…), симболистички глетки и фантасмагории (проколнато беспаќе каде што нема ни кој рака да ти подаде/на полна месечина се гледа дека бездната е полна со черепи и со маски, капки крв притаено светкаат како ѕвездички од детските играчки).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија15 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет16 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет18 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие