Контакт

Книги

„Папокот на светот“ од Венко Андоновски доби превод на српски јазик

Објавено пред

Деновиве белградскиот издавач „Лагуна“ го објави во ексклузивно издание романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на српски јазик.

„Лагуна“ на корицата од книгата го најавува Андоновски како „современ класик на македонската книжевност“, повикувајќи се на предговорот на руското издание, за кое авторот лани беше во номинација за „Толстоевата награда“, а каде стои: „Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Лагуна, според ексклузивен договор, ќе ги објави и сите други романи на Андоновски во следниве години.
Паралелно, во Скопје, во издание на „Три“, се појави и второ издание од најновата книга раскази на авторот, „Припитомување на кучката“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Романот „Нишан“ на Блаже Миневски објавен на кинески јазик во Шангај

Објавено пред

Издавачката куќа во Кина Shanghai Literature & Art Publishing House го објави романот „Нишан“ на Блаже Миневски на кинески јазик во превод на Ванг Личун.

Во најавата на романот, објавена во шангајските медиуми, меѓудругото се вели дека „Нишан“ е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“.

Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и креираната ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.

Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на унгарски, шпански и романски јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Повторно роден“ од италијанската авторка Маргарет Мацантини.

Џема, главниот лик во романот, прогонувана од сеќавањата на четиригодишната опсада на Сараево, неочекувано се качува на авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро до градот разорен од неодамнешната војна. Таа се надева дека Пјетро ќе дознае за градот на нејзиното детство и за Диего, таткото кого тој никогаш го нема запознаено. На аеродромот во Сараево ги пречекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого таа се запознала во 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работела на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја сретнала љубовта на својот живот – фотографот од Џенова што слика врапчиња. Штом ќе стигнат во Сараево, Џема останува зграпчена помеѓу сегашноста и минатото и во главата ги оживува љубовната врска со Диего, нивната решеност да засноваат семејство и длабоката поврзаност со Сараево и во услови на војната што се заканува да го уништи сето она што ги опкружува.

Овој „прогонувачки роман“ е софистицирано дело на Мацантини преку кое таа ја испитува емотивната територија на она што значи семејството – конкретно што значи да се биде мајка. Како што судбината на градот Сараево се припојува со желбата на Џема да има дете, дознаваме колку таа е навистина силна и понесена, особено кога ќе се соочи со едно зачудувачко откритие што истовремено е и катарзично и срцепарачко.

Маргарет Мацантини e родена во Даблин, а живее во Рим. Била филмска, телевизиска и театарска актерка, но меѓународно е позната како писателка. Авторка е на Не помрднувај се (2001), Зоро (2002), Повторно роден (2008), Moрето наутро (2011), Сјај (2013) и други книги, за кои ги добила наградите „Рапало-Кариџе“ и „Кампиело“, но и Орденот за заслуги на Република Италија.
По објавувањето на „Повторно роден“, Мацантини добила голем број писма и пораки од луѓе што го преживеале хоророт на босанската војна – социјални работници, свештеници, доктори и членови на невладини организации, и сите тие изјавувале дека книгата ги предизвикала интимно одново да поминат низ трауматичните искуства од минатото.

Македонското издание на книгата е преведено од Калина Јанева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура.

Сопругот на Маргарет Мацантини, актерот и режисер Серџо Кастелито, ги филмувал речиси сите нејзини дела, меѓу кои и „Повторно роден“ од 2012 година, со Пенелопе Круз и Емил Хирш.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен наградениот роман „Здивена“ на хрватската писателка Марина Шур Пухловски

Објавено пред

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Здивена“ на хрватската писателка Марина Шур Пухловски, во превод од хрватски јазик на Ана Антоновска. Романот е добитник на наградата В.Б.З. за 2018 година, на истоимената издавачка куќа од Хрватска, за најдобар необјавен роман.

„Здивена“ е роман што ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за животот што минува низ прстите и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.
Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна маѓепсаност, е состојба далеку од љубовта, па дури и нејзина негација. Дејството е сместено во седумдесеттите години на минатиот век, а главната херојка, по потекло од осиромашено семејство, се заљубува во колега од факултетот, затрескана во неговата разбушавеност и уметнички сензибилитет… Но, она што на почетокот изгледало идилично набргу се претворило во мора… За да се ослободи од неа, мора да се ослободи од затворот во кој ја турнале семејството, околината, традицијата, бајките… Мора да подиви. Мора да спасува други за да се спаси себеси.

Пишуван со долги, јасни и прецизни реченици, со јасно профилирани ликови и со исклучителна смисла за деталот, романот е дело што потресната драма за меѓучовечките односи ја трансформира во врвна јазична уметност.
Марина Шур Пухловски (1948, Загреб) завршила компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавала со новинарство и со книжевна критика, а потоа исклучиво со уметничка проза. Пишува романи, раскази, патописи, песни во проза, есеи, дневничка проза. Автор е на дваесетина книги. Добитник е на неколку награди за раскази. Живее како слободен уметник.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион4 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа4 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет4 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија7 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа8 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија9 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија9 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт9 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија10 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија13 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет13 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет13 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион14 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет15 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија15 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа16 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија24 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија1 ден

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Досие