Контакт

Книги

Романот „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски избран за „Роман на годината“

Објавено пред


Романот „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски е годинешен добитник на наградата „Роман на годината“, што ја доделува „Утрински весник“.

Според жири комисијата, овој роман „претставува книжевно остварување кое се издвојува според својот особен стил, дело кое е изведено во духот на едно ново писмо“.

Романот обработува веќе познати егзистенцијалистички теми какви што се чувството на осаменост, стравот од блискоста, проблематичниот топос на домот како место на припадност, постојаната потрага по среќата и смислата. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Книги

„Поглед низ времето“, прва монографија на 45-годишното пензионерско здружение во Гази Баба

Објавено пред

Од

Здружението на пензионери – Гази Баба по 45 години постоење ја доби првата монографија, „Поглед низ времето“. Низ документи, фотографии и сеќавања на пензионерите, монографијата го прикажува постоењето на Здружението од формирањето во 1972 година до денес.

„ Во девет заглавја во монографијата се сместени случувањата и премрежјата низ кои минувале пензионерите од Гази Баба. Документирани се настани од тегнење јаже и пивтијада до траорот што го преживеаја пензионерите во оваа општина за време на поплавите. Ми беше голема чест, но во исто време и голем предизвик да ја подготвам монографијата, посебно поради тоа што има години, посебно по формирањето на Здружението, во кои за неговото функционирање не е оставен ниту еден пишан документ“, вели новинарот и публицист Васил Пачемски, автор на монографијата.

Книгата „Поглед низ  времето“ денеска пред пензионерите од Гази Баба, но и од други општини ширум земјава ја промовираа професорот Васил Дрвошанов и Магдалена Спировска, претседателка на Комисијата за култура во Здружението на пензионери – Гази Баба.

„Од монографијата може да се добие јасна слика за целокупноста на Здружението благодарејќи на деталниот опис што го дава авторот, спасувајќи од заборав низа личности и настани“, рече Дрвошанов на промоцијата.

Тој нагласи дека монографијата е проткаена со прецизни податоци во врска со организациската структура за Здружението и со нивната делотворност, со наведување имиња и личности и бележење факти за значајните настани на локален, регионален и на меѓународен план.

Прикажи повеќе...

Книги

Друштвото на писателите на Македонија в сабота ќе добие ново раководство

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија на редовното Изборно собрание, закажано за 28 април (сабота), ќе добие ново раководство. Кандидатки за нов претседател на ДПМ се Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска, кои според Статутот на ДПМ, со програми ги најавија своите кандидатури.

Соња Стојменска Елзесер, родена 1963 година, е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Еден мандат била претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Член на ДПМ е од 2009 година.

Оливера Доцевска, родена 1975 година, е поетеса и есеист. Живее во Куманово, работи како адвокат во Скопје. Член на ДПМ е од 2013 година.

За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Христо Петрески и Блаже Миневски.

Христо Петрески, роден 1957 година, е поет, раскажувач, романсиер, критичар и есеист. Доктор по филолошки науки, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје и директор на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Член на ДПМ е од 1985 година.

Блаже Миневски, роден 1961 година, е раскажувач, романсиер и драмски автор. Работи како уредник во секторот за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1992 година.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, на 28 април, највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и Претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори, членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.

Својот четиригодишен мандат го завршија Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.

Прикажи повеќе...

Книги

Алаѓозовски до Атина: Книгата е градител на мостови за заедничка иднина

Објавено пред

Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска со бројни гости од сферата на литературата и библиотекарството се одржа централна прослава за одбележување на Светскиот ден на книгата и на авторското право. Македонската порака годинава ја испрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој рече дека денес го славиме медиумот кој векови наназад овозможува пренесување на универзалните знаења и искуства.

„На овој ден човештвото ја слави слободата, но и борбата за слобода и еманципација во исто време. Во таа вечна борба книгата е еден од најважните столбови на слободата, човековото себепознавање и слободно изразување и комуницирање“, истакна министерот Алаѓозовски.

Во македонската порака за Светскиот ден на книгата, Алаѓозовски нагласи дека книгите го отвораат патот кон заедничка почит и разбирање меѓу народите, независно од границите и различностите.

„Годинава, кога Светска престолнина на книгата е Атина, наша недвосмислена желба е да ја прославуваме книгата заедно, со нашите соседи и со целото човештво, токму во духот на мисијата што таа ја носи како градител на мостови на разбирање и дијалог за создавање заеднички вредности и подобра заедничка иднина“, порача Алаѓозовски.

Централната прослава во НУБ „Св.Климент Охридски“ беше збогатена со програма што ја подготвија студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, од Факултетот за драмски уметности, од Факултетот за музичка уметност, Институтот „Конфуциј“ при УКИМ и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во оваа пригода свое обраќање имаше и амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера. На свеченоста беше прочитана и светската порака што годинава ја испрати генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле.

„Со славење на книгата ние ги славиме: пишувањето, читањето, преведувањето, издавањето со кои човекот се издигнува и се реализира; ние всушност фундаментално ја славиме слободата која нив ги овозможува. Кај книгата се испреплетуваат едни од најважните човекови слободи: слобода на изразувањето и на објавувањето. Овие слободи се фрагилни слободи. Тие се соочени со многу предизвици, од преиспитување на авторското право и на културната разноликост преку закани за физички напади врз авторите, новинарите и издавачите во многу земји, па сè до нивно газење при нападите на училишта и уништувањето на ракописи и на книги. Наша должност е да ги штитиме овие слободи насекаде низ светот, да го промовираме читањето и пишувањето, да се бориме против неписменоста и сиромаштијата и да ги зајакнеме фундаментите за мир, но и да ги заштитиме и да ги истакнеме занаетите поврзани со книгата и со нејзините креатори“, се вели во пораката на Генералниот директор на УНЕСКО.

По повод Светскиот ден на книгата и на авторското право, НУБ „Св.Климент Охридски“ подари книги на здружението за самохрани мајки „Една може“, на Центарот за социјализација на возрасни лица при Општина Центар и на Казнено-поправната установа Затвор –Скопје. Светскиот ден на книгата и на авторското право со посебни настани го одбележуваат НУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Тетовската библиотека, библиотеките „Гоце Делчев“ во „Григор Прличев“ од Охрид, Центарот за култура во Крива Паланка, како и библиотеката при Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Грчкото МНР: Хан да не дава погрешна слика за преговорите за името

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение го повика еврокомесарот Јоханес Хан да не создава погрешна слика за спорот за...

Македонија11 час

(Видео) Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

(Видео) Формирана групата „Охрид“ за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, изјави дека е составена...

Македонија12 часа

(Видео) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, но сега е пред портите на ЕУ и НАТО

Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а...

Македонија13 часа

Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан...

Македонија16 часа

(Видео) Сервер: Можеби звучи болно, но македонскиот пат за НАТО и ЕУ минува преку Атина

Познавачот на Балканот, Даниел Сервер, на седницата на Комисијата за eвропски прашања пред присутните истакна дека САД сака сите земји...

Македонија17 часа

(Видео) Тунтев: Неизвесно е дали ќе има решение за проблемот со Грција

Во Македонија се вратија надежта и перспективата за развивање општество, вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого извештајот од...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Премиерот Зоран Заев преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за почнување преговори за членство во...

Македонија17 часа

(Видео) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и...

Македонија18 часа

(Видео) Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори, истакна Артан...

Свет18 часа

(Видео) Напаѓачот од Торонто барал од полицајците да го застрелаат за време на апсењето

Агентите кои го истражуваат нападот со комбе во Торонто, во кој во понеделникот беа убиени 10, а повредени 15 лица,...

СЈО18 часа

(Видео) Тачи и Мијалков се сретнаа во судница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков се сретнаа во судницата на кривичниот...

Македонија20 часа

Заев домаќин на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата...

Свет20 часа

Уапсен напаѓачот кој прегази десет луѓе во Торонто

Возачот кој со комбе прегази десетмина пешаци во Торонто е приведен. Според последните информации, станува збор за 25-годишниот Алек Минасиан....

Македонија21 час

Димитров ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на...

Македонија2 дена

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија2 дена

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија2 дена

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија2 дена

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија2 дена

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Досие