Контакт

Книги

Љубовна поезија и концерт на Фолтин за крај на Букстар

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави финалето на Фестивалот на европската литература „BookStar“.

dobivaj vesti na viber

Во вторник, со почеток во 20 часот, во клуб-ресторанот MКЦ ќе биде промовирана книгата „Дај две, љубовни!“, антологија на европската љубовна поезија, со што ќе се затвори и првото издание на овој Фестивал.  „Дај две, љубовни!“ е антологиско издание на најубавите љубовни песни на авторите од Европа, кое тимот од издавачката куќа „Антолог“ го приреди специјално за фестивалот. Книгата ќе ја промовира универзитетската професорка и книжевна теоретичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, а модератор на целиот настан ќе биде радиоводителката Елена Стојановска. Со поетско читање ќе настапат и петнаесетина македонски поети и преведувачи, кои ќе читаат стихови од песните поместени во антологијата и од своето творештво, меѓу кои и: Велко Неделковски, Ленче Милошевска, Никола Маџиров, Сузана В. Спасовска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ацо Гогов, Сузи Тенева, Владимир Јанковски, Лидија Танушевска, Милица Миркуловска, Радица Никодиновска, Борис Митковски, Елена Пренџова, Биљана Стојановска, Елена Конеска, Исток Улчар, Зоран Радически.„Со цел да ги претставиме авторите што објавиле свои дела во ’Антолог‘ пред пошироката јавност на необичен начин, ги поканивме нашите соработници – поети, раскажувачи, есеисти, романсиери, преведувачи, да одберат по две омилени песни од кој било писател од Европа. Темата беше најблагородната, љубовта. Поканата ја прифатија и македонските и странски автори, така што како приредувачи на оваа несекојдневна збирка се најдоа над четириесет значајни и почитувани имиња од домашната и од европската книжевна сцена“, велат од „Антолог“. За крај на промоцијата, но и на целиот фестивал, како подарок од „Антолог“ за читателите и за соработниците е предвиден целовечерен концерт на групата „Фолтин“, кој ќе почне во 21.30 часот. Фестивалот „Букстар“, кој траеше во текот на октомври, е поддржан од програмата „Културни приказни“ и од Европската Унија. Логистичката поддршка е на МКЦ. Антологијата „Дај две, љубовни!“ е отпечатена во печатницата Графо ден од Скопје./крај/со/бб

Книги

Промоција на романот „Писмо за Глорија“

Објавено пред

В среда (1 март), со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски како 216. издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите.

dobivaj vesti na viber

„Романот „Писмо за Глорија“ е автифокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното минато што се води од една навистина, благородна стремеж – испишување на реалноста, што честопати може да биде необична и себеиспишување, што секогаш мора да биде комплексно и трауматично. Може ли тоа да значи зацелување, соочување со траумата и нејзино надминување? Овој роман е еклатантен пример за тоа како (авто)фикцијата може да биде книга за себеспознавање, себесоочување и самопомош преку клучот и лавиринтите што тој ни го отвора преку бескрајните предели на убавата литература“, вели Пармаковска во освртот кон романот.

Живко Грозданоски е роден 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски – „Папокот на светлината“

Објавено пред

Објавена е првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, кој за помалку од еден месец по промоцијата на првото, веќе доживеа второ издание. Критичкиот одглас за романот на Андоновски е на универзитетската професорка и книжевна критичарка, водечки познавач на современата македонска книжевност, Весна Мојсова-Чепишевска.

dobivaj vesti na viber

„За да не нè доживува преостанатиот свет како книжевност што постојано преџвакува една иста локална приказна, мора да се изнајде пат на кој ќе останеме свои на своето и во чии рамки ќе говориме за една универзална тема со цел да нè разберат и другите/преостанатите. Впрочем, тоа е природна потреба на секоја книжевност што не сака да умре. Овој најнов роман на Андоновски држи до таа девиза да се остане свој на своето преку универзалната тема за бесмртноста, верноста, суетата, гревот, зависта… И зашто тој не е ’веќе писател што сака да им се допадне на другите’, и зашто тој е ’лепослов што е служител само на убавината, а каде е убавината, таму е вистината, Он“.

Осврнувајќи се на „Папокот на светлината“, таа, како одличен познавач на опусот на Венко Андоновски, го коментира и претходното негово прозно творештво од збирката раскази „Фрески и гротески“, објавена пред триесет години преку „Папокот на светот“ објавен пред две децении до денес. Притоа и напоменува дека токму таму каде што заврши неговиот романот „Азбуката за непослушните“, почна „Папокот на светот“, објавен пред дваесет години.

Таа во рецензијата и го отвора прашањето дали со зборови припишани на еден од ликовите, во овој најнов негов роман Андоновски не развива и еден носталгичен однос кон старата добра форма на книга. Дали по малку не го покажува и својот страв од целосното исчезнување на книгата? И додека некој го фасцинира идејата „дека во едно чипче со големина сантиметар на сантиметар може да се „зипува“ сето знаење на светот“, него отсекогаш го фасцинирало „како во една книга, со димензии 15 x 21 сантиметар, може да се настани и сохрани цела една душа“, нагласува истакнатата книжевна критичарка.

Во рецензијата истакнатата книжевна критичарка напоменува дека и во овој роман доминира бројот три како и во првиот, при што се осврнува на трите приказни во „Папокот на светлината“. Првата е монолошки организирана и се чита како исповед на еден писател – има функција на монодрама. Втората е развиена низ две гледни точки на два женски лика и според Мојсова-Чепишевска како структура го има ехото на „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Во неа, според критичарката, како целосно да е имплементирана тезата од прочуената книга на Мартин Бубер, „Јас и ти“: „Јас настанувам во допирот со Ти, настанувајќи јас, јас говорам Ти. Целиот вистински живот е средба. Дијалогот, што е основата на втората приказна, како што истакнува Мојсова-Чепишевска, станува услов за да се развие и третата, која е најобемна и го носи насловот и на целиот роман.

Во рецензијата Мојсова-Чепишевска пристапува кон микрочитање на романот, во кое едновремено се присутни и книжевната теоријата и културологијата, но и историјата на светската книжевност преку многубројни компаративни исчитувања на најновиот роман на Андоновски.

Инаку, со беседа на Весна Мојсова-Чепишевска за дотогашното творештво на Венко Андоновски во декември минатата година почна и големата промоција на романот „Папокот на светлината“. Нејзината рецензија е прв одглас на македонската книжевна критика за ова прозно остварување на Андоновски.

Прикажи повеќе...

Книги

Војната како мотив во уметноста во новиот двоброј 8-9 на „Зенит“

Објавено пред

Десетина современи украински поети застапени во најновиот двоброј на „Зенит“ број 8-9. Автори кои изминатите десет месеци творат под татнежот на бомбите и под звукот на истрелите, својата најнова поезија со призвук на пркос ја објавуваат во Меѓународното списание за наука, литература, култура и уметност „Зенит“, благодарение на препевот од Звонко Димоски и Игор Станојоски.

dobivaj vesti na viber

„Кога војната доаѓа, покосува речиси сѐ пред себе. Но, колку што таа свирепо касапи, реже и граба, толку уметниците создаваат и со својата уметност ги лекуваат раните на светот. Воената инвазија во Украина беше поттик оваа тема да се набљудува токму од уметнички аспект, не само во овој контекст туку пошироко и подлабоко во минатото“, велат уредниците на „Зенит“, Ана Витанова-Рингачева, Сузана Мицева и Далибор Плечиќ.

Покрај литературни текстови, „Зенит“ во овој двоброј објавува и репродукции на ликовни дела повторно мотивирани од војната. Изборот на делата, велат уредниците, е на ликовниот уметник Никола Пијанманов.

Двобројот е поделен на две целини. „Слика 1“ со интервјуа, поезија, проза и репродукции во кои се зборува за војната, и „Слика 2“ со стандардните рубрики на списанието.

Корицата, како и на сите претходни броеви, е дело на ликовниот уметник и илустратор, Ване Костуранов.

„Зенит“ оваа година излегува во 500 примероци а е поддржан од Министерството за култура и од Општина Струмица.

Прикажи повеќе...

Најново

Домашен4 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија6 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт7 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет9 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион11 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија12 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија12 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија13 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија16 часа

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет16 часа

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија17 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет17 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија18 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија19 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет1 ден

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет1 ден

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ1 ден

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ1 ден

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија1 ден

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија1 ден

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...