Контакт

Книги

Презентација на американската книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски„

Објавено пред

НУБ „Св. Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје организираат „Денови на светската книжевност“, овојпат како „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, во понеделник со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.

Осврт за американската книжевност ќе има Вера Сотировска која ќе се фокусира на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери. Реј Бредбери се вбројува меѓу класиците на американската научно-фантастична книжевност. Негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“, делото „Марсовските хроники“ и други. Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од американските писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“. Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации. Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации, како од афирмирани и етаблирани писатели, така и од млади автори./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Германскиот роман „Кога светлината згаснува“ во издание на ИЛИ-ИЛИ

Објавено пред

Романот „Кога светлината згаснува“ на Ојген Руге, за кој во 2011 ја доби најпрестижната германска награда „Книга на годината“ (Deutscher Buchpreis) е нова книга во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од мрежата „Традуки“.

Приказната во романот „Кога светлината згаснува“ следи неколку генерации на семејството Умницер во текот на педесет години, а секој член го дава гласот на својата страна од приказната. Прикажано е влијанието на пошироките историски случувања на живототот на ова семејство, некогаш дел од комунистичката елита, чијашто социјалистичка утопија со текот на времето почнала да згаснува. Низ четирите генерации Ојген Руге ни ги претставува различните перспективи на животот под различните политички режими и ограничувањата што тие ги наметнуваат. Може да се каже дека оваа просветителска приказна не само што фрла светлина на политичката држава каква што претставуваше Источна Германија пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, туку и умно ја бележи внатрешната политика на семејниот живот во различни општествени околности.

Со мудрост, хумор и голема емпатија, а потпирајќи се на сопствената семејна историја, Ојген Руге величествено ги следи приказните и на ова семејство и на ГДР, додека го истражува трагичното испреплетување на политиката, љубовта и семејството под источногерманскиот режим.

Книжевните критичари се едногласни дека се работи за литерарно ремек-дело:

„Овој роман за ГДР ја поседува големината на Буденброкови на Томас Ман.“ (Ди Цајт)

„Времето е зрело за овој немаскиран, смешен и чувствителен поглед врз историјата.“ (Зидојче Цајтунг)

„Пулсирачко, вибрирачко, возбудливо дело со огромна обликувачка фантазија, необично чувствително и пред сѐ со остар хумор… Овој роман ни покажува дека од урнатините на источниот блок може да порасне нешто што ја има силата да го надживее.“ (Њујорк Тајмс)

Авторот Ојген Руге е роден 1954 год. во Сосва (Урал). Студирал математика на универзитетот „Хумболт“, а подоцна работел во Централниот институт за физика. Пред да замине од ГДР на Запад, во 1988 работел и во студиото за документарен филм „ДЕФА“. Од 1989 работи за повеќе театри и радио-станици како автор и преведувач.

За својот прв ракопис „Кога светлината згаснува“ во 2009 ја добива наградата „Алфред Деблин“ и подоцна во 2011 за истиот роман најпрестижната германска награда „Книга на годината“ (Deutscher Buchpreis).

Прикажи повеќе...

Книги

„Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски објавена на англиски јазик

Објавено пред

Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) од Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде што е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

На македонски јазик книгата, која инкорпорира 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020“ беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.

Прикажи повеќе...

Книги

Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата подвижна книжарница на „Антолог“ официјално почнa со работа на 17 март на плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори, дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што, за жал, бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која особено се гордееме. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“ и додаваат: „На нашата интернет-страница, како и на нашите профили на друштвените мрежи, редовно ќе ги објавуваме програмата на книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде во моментот. Исто така, со оглед дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидеме отворени за предлози на места што треба да ги посетиме следни“.

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната „Умешноста да ја креирате вашата реалност“ на Ана Бучевиќ, новата книга „Мечкоград“ од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман „Измиен грев“ од Сара Омар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија8 часа

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет9 часа

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет10 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија13 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија14 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија15 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија15 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа18 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет19 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет20 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет21 час

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија2 дена

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија2 дена

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие