Книги
Промоција на книгата „Црни дупки во нас“
Во среда, во киното Фросина, во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Црни дупки во нас“ од авторката Марта Маркоска која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2014 година.
Во среда, во киното Фросина, во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Црни дупки во нас“ од авторката Марта Маркоска која ја доби наградата „Бели мугри“ за 2014 година.
Специјални гости на вечерта ќе бидат: црковно-византискиот хор Хармосини и Женски младински хор на МКЦ под водство на маестро Сашо Татарчевски.
Книгата „Црни дупки во нас“ ги содржи циклусите: „Животот е циклус (циркус)“, „Катахрезис на духот“, „Применети знаења“, „Плоштини на љубовта“, „Холограм на среќата“ и „Црни дупки во нас“.
Во рецензијата од проф. Иван Џепароски за оваа книга пишува:
„…на астрономите и на физичарите треба да им се остави научното толкување на „црните дупки“, но кога поетите и поетесите „црните дупки“ ќе ги префрлат „во нас“, тогаш тие црни дупки почнуват внатре во нас „поетски да домуваат“ наоѓајќи си свое поетско „прибежиште во методот“. Па дури и тогаш кога ова прибежиште не е ништо друго освен пост фестум согледба за „Ентропијата на љубовта“ …“
Проф. Билjана Перчинкова во своите куси импресии за оваа поетска објава додава:
„…Песните на Марта Маркоска се зен коани стегнати како тупаница; тие се врел костен во устата што ниту може да се проголта, ниту да се исплука сè додека живата пулсирачка реалност не блесне пред нас неотповикливо. Како и сèпостоењето, таа е во копнеж да се спознае самата себе. Таа е „ѕвезда што колабирала во сопствената гравитација“ (како во „Квантната теорема на љубовта“) и сега бестелесна се враќа наназад во простор-времето. Марта ги множи своите поетски (не)равенки со минус еден, исто како и генијалниот квантен физичар Ричард Фајнмен пред неа, добивајќи така електрон што ни се враќа од иднината наместо позитрон којшто патува од минатото.“/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Книги
„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска прогласен за роман на годината
Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на годинешната награда „Роман на годината“.
Романот е во издание на „Три“ и уште по своето објавување, ја освои читателската публика. Жири-комисијата, составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакувани признанија во домашната книжевност.
„Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година.
Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.
За издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда „Роман на годината“. Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори, кои во издание на „Три“ претходно го добиле ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012).
Критиката веќе се огласи за многузначноста и значајноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме второто издание на романот.
Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“. Токму затоа таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).
Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
Книги
Десет романи во трката за „Роман на годината“
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја соселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.
На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи.
Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.