Контакт

Книги

Промоција на книгата „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ од Стефан Марковски

Објавено пред

Промоција на книгата „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ (збирка раскази) од Стефан Марковски ќе се оддржи во четврток вечер во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

Промотор на збирката раскази насловена „Продавачот на ветaр и магла и други приказни“ од Стефан Марковски ќе биде проф. д-р Васил Тоциновски.„Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, авторот од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот“, забележува проф. Рајна Кошка. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Oбјавена книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Кузманов и Ристовски

Објавено пред

Излезе од печат книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски објавена со подршка на Министерството за култура во рамките на годинашниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес.

dobivaj vesti na viber

-Театарот како и сè што е живо, а театарот е жива уметност, постојано еволуирал, се модифицирал унапредувјќи ја својата суштина преку нови форми, облици, нови содржини, нов актерски израз, нови театарски техники, нов аудиовизуелен дизајн, нов комуникациски пристап, нов ангажман, нов експеримент, нови истражувачки цели, нови целни консументски групи, нова естетика и етика и тн.

Една таква трансформација е камерниот театар што се сообразувал со севкупните промени во човекото општество во целина, но и на регионално и национално ниво. Тука се мисли на промените во општествено политичкиот живот, социјално психолошките промени, улогата на новите технологии, воено политички и геостратешки промени, идејни, философски, еколошки и хуманитарни, естетски, етички и слично. Во таа смисла камерниот театар може да се проследува како побуна против класичниот театар и обид тој да се менува, се посочува во поговорот на изданието.

Трудот на Кузманов и Ристовски толкува тема што недоволно е истражувана во современиот театар на глобален план, а во најголема мерка се однесува на современиот македонски театар повикувајќи се најмногу на примери од Меѓунаародниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ но и од фестивалот на пантомима „Панфиз“, фестивалот на монодрама што се одржува во Битола и Меѓународниот фестивал „Актерот на Европа“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Ковчеже со книжни бисери“ од Милован Стефановски во Градската библиотека во Скопје

Објавено пред

Утре, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Ковчеже со книжни бисери“ од познатиот македонски писател Милован Стефановски. Збирката содржи мудри мисли од сто современи македонски писатели или од вкупно триста книжевни дела. Промоцијата ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот.

dobivaj vesti na viber

„Основната идеја на книгата е на читателите да им се понуди екстракт од продуховената и чиста мисла забележана од перото на нашите мајстори на пишаниот збор. Не станува збор за антологија на мудри мисли од македонските автори, туку за субјективен избор направен од страна на нивни колега“, истакнува Стефановски.

Најстариот застапен писател во книгата е Васил Иљовски (роден 1902 година), а најмладиот е Давор Стојановски (1987 година). Иако меѓу годините на раѓање на класикот на македонското драмско творештво и на талентираниот млад романсиер, има импозантен период од осум и пол децении, нивните животи во осум години се поклопуваат. Според поетот Михаил Ренџов, сите што живееле или живеат во исто време, независно од возраста, може да се каже дека се една генерација. Оттука и поднасловот на овој избор, во кој одредницата современи може да асоцира и на една генерациска припадност во поширока смисла на зборот, вели Милован Стефановски.

Вистинско освежување, и тоа не само во ликовно-графичка смисла, претставува придонесот на Мирослав Георгиевски-Миро, кој изработи рамно сто портрети на застапените автори.

Милован Стефановски е роден 1952 година во Ресен. Поет, раскажувач, романсиер, литературен критичар, публицист, преведувач. Автор е на триесетина книги (првообјави, избори и преводи) и педесетгодишно перманентно присуство во македонската современа литература и култура. Работел како новинар во „Нова Македонија“, лектор по македонски јазик во Турција и Романија, главен и одговорен уредник на „Република“, уредник во издавачката куќа „Табернакул“. Во еден мандат бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Книгата „Ковчеже со книжни бисери“ (издание на „Ад вербум“) пред присутните ќе ја претстават авторите Бранко Цветковски и Живко Андревски, а избор од бисерите ќе читаат актерите Андреј Серафимовски и Ива Милчова.

Прикажи повеќе...

Книги

Романот „Ѕиркачот“ на Прокопиев преведен на словенечки

Објавено пред

„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки по „Пловидба кон југ“ (2008, „Апокалипса“, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, „Апокалипса“, превод: Тим Сенчар)

dobivaj vesti na viber

Издавачката куќа „Прозарт медија“ соопшти дека во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев. За преводот се погрижи Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.

Д-р Субиото, инаку редовна професорка на Катедрата за македонски јазик и литература, непресушен толкувач и афирматорка на македонските автори, го означува Прокопиев како еден од најинтересните современи македонски прозаисти, чиј јунак во романот бега од „транзицискиот гнилеж“, „од амбисот на малодушноста градејќи го својот минимундус на имагинарна слобода“.

Форумот на словенските култури ги вмрежува и поврзува книжевностите на 13 словенски литератури во едицијата 100 словенски романи.

„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки по „Пловидба кон југ“ (2008, „Апокалипса“, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, „Апокалипса“, превод: Тим Сенчар). Романот, објавен на македонски во 2007 година, има интересен и долготраен пат до странските издавачи за разлика од некои други дела на Прокопиев што се преведуваат побргу и почесто.

Инаку, насловот на овој кус роман варира од јазикот на преводот – на англиски е Peeper, на италијански Voyer (во второто издание Il Voyer), на српски „Посматрач“…, што е симпатично сведоштво дека „Ѕиркачот“ поттикнува разни ознаки во разни јазици.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ5 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ6 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ7 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија10 часа

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија13 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија13 часа

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија14 часа

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија14 часа

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија14 часа

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет14 часа

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија15 часа

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион15 часа

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...

Регион16 часа

„Не ви е местото во Советот на Европа и ЕУ“: европски политичари со предупредување до Косово

Последната ескалација на насилството покажа дека за Косово нема место во Советот на Европа и ЕУ, изјави портпаролот за надворешни...

Свет16 часа

МААЕ бара од Русија и од Украина да ја заштитат нуклеарната централа во Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, побара од Украина и Русија да ги прифатат петте принципи...

Свет16 часа

Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Турција веднаш да го потврди приемот на Шведска во НАТО. Блинкен рече дека...

Свет16 часа

(Видео) Пожар во руска нафтена рафинерија: веројатно причина е напад со дрон

Пожар избувна на територијата на рафинеријата „Афипски“. Се запали фабриката за дестилација на мазут. Причината можеби е напад со дрон“,...

Свет1 ден

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на окупираните територии во Украина, ЕУ не ги признава

Русија подели 1,5 милиони пасоши на жителите на регионите во Украина, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин. Таа одлука е...

Македонија1 ден

Професорката Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Професорката од Економскиот институт Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ. Актуелната проректорка за финансии на УКИМ, Билјана Ангелова стана...

Свет1 ден

Путин жестоко се закани, бара апсење на двајца генерали

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и...