Книги
Светлана Алексиевич е добитничка на Нобеловата награда за литература 2015
Светлана Алексиевич од Белорусија е добитничка на овогодинешната Нобелова награда за литература, а од Шведската академија велат дека наградата ѝ се доделува за „полифоничното пишување, кое е споменик на страдањата и храброста на нашето време“.
Светлана Алексиевич од Белорусија е добитничка на овогодинешната Нобелова награда за литература, а од Шведската академија велат дека наградата ѝ се доделува за „полифоничното пишување, кое е споменик на страдањата и храброста на нашето време“.
Постојаниот секретар на Шведската кралска академија, Сара Даниус, вели дека порано во четвртокот разговарала со добитничката на наградата и дека таа била многу задоволна. Рекла дека тоа е „фантастично“. Светлана Алексиевич е родена на 31-ви мај 1948 година во Украина, од мајка Украинка и Белорусин татко, кој по завршувањето на неговите војнички должности се враќа во татковината, каде двајцата работат како учители. По завршувањето на школувањето, Алексиевич работи како учителка и новинар, додека студира новинарство на Универзитетот во Минск.По дипломирањето работи во локален весник во Брест, во близина на полската граница. Потоа во минск работи во весникот Sel’skaja Gazeta. Многу години собира материјали за нејзината прва книга U vojny ne ženskoe lico (Неженското лице на војната), која се базира на илјадници интервјуа со жени кои учествувале во втората светска војна. Оваа книга е почеток на нејзиниот циклус книги наловен како „Гласови на утопијата“, каде животот во Советскиот сојуз е прикажан низ перспективата на индивидуалецот.Исто така, позната е и по серијалот за нуклеарната катастрофа во Чернобил, насловен како „Гласовите на Чернобил“. Пред доделувањето на Нобеловата награда, претпоставките беа дека токму Алексиевич ќе ја добие наградата, и ова едно од ретките предвидувања на познавачите што се остварува, затоа што најчесто Комитетот за доделување на Нобел ги изненадува очекувањата.Наградата од 8 милиони шведски круни, или 960.000 долари, Алексиевич ќе ја прими на 10 декември во Стокхолм, на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Книги
„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска прогласен за роман на годината
Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на годинешната награда „Роман на годината“.
Романот е во издание на „Три“ и уште по своето објавување, ја освои читателската публика. Жири-комисијата, составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакувани признанија во домашната книжевност.
„Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година.
Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.
За издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда „Роман на годината“. Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори, кои во издание на „Три“ претходно го добиле ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012).
Критиката веќе се огласи за многузначноста и значајноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме второто издание на романот.
Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“. Токму затоа таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).
Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
Книги
Десет романи во трката за „Роман на годината“
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја соселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.
На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи.
Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.