Контакт

Книги

Заокружен проектот „Ѕвезди на светската книжевност“

Објавено пред

Со промоцијата на последните 38 наслови во средата беше заокружена капиталниот прокет од книжевна едиција на Владата и Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“, во која во изминатите четири години беа преведени и отпечатени вкупно 560 најзначајни дела во историјата на човештвото, од кои повеќето првпат беа издадени на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Во реализацијата на овој обемен проект беа вклучени Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, неколку издавачки куќи и околу 500 стручни лица, од преведувачи, лектори, до автори на поговори на книгите, предводени од претседателот на редакцијата, академик Митко Маџунков.

За нивниот придонес на последната 13-та промоција се заблагодари министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, којашто истакна дека проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ вовел поинаков пристап кон јазичната, книжевната и издавачката материја во Македонија и изрази увереност дека неговите придобивки ќе бидат далекусежни и оти проектот ќе биде фундамент за развојните процеси во литературата, но и во културата воопшто.

„Ќе посакам погледот кон овие 560 дела кои од денеска се неизоставен дел од нашата книжевна ризница, да овозможи македонскиот читател да ги допре ѕвездите, да открие нови светови, нови хоризонти, да се осознае себеси, да ги осознае другите“, рече Канческа-Милевска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и донеадомнешен премиер на владата која го започна споменатиот проект, Никола Груевски, во изјавата за новинарите го истакна своето задовослтво од тоа што проектот започнат пред четири години успешно е доведен до планираниот крај. Притоа потсети на подготовките пред почетокот на проектот. кога биле консултирани библиотеки од земји кои дале значајни дела во светската книжевност.

„Реализацијата се одвиваше чекор по чекор, се вклучија огромен број луѓе. Процената е дека околу 500 луѓе учествуваа во изработката, подготовката и реализацијата на овој, веројатно најкапитален книжевен проект во историјата на независна Република Македонија, во овие 25 години. Голем потфат за издаваштвото, голем поттик и поддршка за преведувањето, кое како дејност отиде понапред и се поставија нови стандарди. Среќен сум што бев дел од влада која даде многу голема поддршка на културата, на издаваштвото, на издавање дела и книги кои никогаш претходно не се објавени, а важат за едни од највредните во светската книжевност“, рече Груевски.

Делата од оваа едиција може и да се купат во Народната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и во Националните библиотеки во Битола, Штип, Охрид и Тетово, а на издавачите им е дозволено допечатување примероци и слободна продажба на пазарот.

„Цената на книгите е прилагодена и, практично, идентична на производната цена. Не е намерата да се направи некоја заработка, туку да им се овозможи на читателите по најпристапна цена да дојдат до овие дела“, додаде Груевски.

Претседателот на стручната редакција на едицијата, академик Митко Маџунков, истакна дека се работи за пионерски потфат од големо значаење за македонската култура, голем издавачки потфат кој, како што рече, покажал и какви се можностите на нашиот книжевен јазик.

„Јазикот е можеби најважниот атрибут на еден народ, а неговата книжевна артикулација е најочигледниот доказ за неговата зрелост. Книжевните јазици освен со оригиналните дела, се потврдуваат со способноста на нив да се преведат најголемите и јазично најсложените дела. Таа задача е сега извршена до крајот и никој повеќе не би можел ниту да помисли да го оспорува македонскиот јазик, а со тоа и народот што зборува на тој јазик“, истакна Маџунков./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Книги

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска прогласен за роман на годината

Објавено пред

Новиот роман на Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, е добитник на годинешната награда „Роман на годината“.

dobivaj vesti na viber

Романот е во издание на „Три“ и уште по своето објавување, ја освои читателската публика. Жири-комисијата, составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакувани признанија во домашната книжевност.

„Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година.

Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 година од „Утрински весник“, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски“.

За издавачкиот центар „Три“ ова е петта награда „Роман на годината“. Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори, кои во издание на „Три“ претходно го добиле ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот“ (2000), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка“ (2006), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај“ (2008) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда“ (2012).

Критиката веќе се огласи за многузначноста и значајноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме второто издание на романот.

Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“. Токму затоа таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки.

Прикажи повеќе...

Книги

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, 15 март, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Десет романи во трката за „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја соселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

dobivaj vesti na viber

На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи.

Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија58 минути

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија3 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ4 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија4 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија4 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија7 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет7 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет7 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија7 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион8 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет8 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет8 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија22 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија24 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...