Контакт

Култура

Koнцерт – Пијано дуо Мимоза Ќека и Јована Трајчева

Објавено пред

Во сабота во Салон 19:19, во 19:19часот ќе се одржи Koнцерт – Пијано дуо на Мимоза Ќека и Јована Трајчева.

dobivaj vesti na viber

Мимоза Ќека и Јована Трајчева заедно настапуваат од 2018 година. Тие остваруваат успешни проекти како хуманитарниот концерт „Есенска бајка“ за СОС Детско Село, концертните турнеи „Пијанистички звуци“ и серијалот „Празнична рапсодија“ во Филхармонија. Во 2023 година настапија со концерт за две пијана „ФИДАН“ како дел од сезоната на Македонската филхармонија.

Мимоза Ќека е македонска пијанистка со меѓународна кариера, посветена на класичната музика, предавањето и музичкото истражување. Нејзиниот репертоар вклучува дела од барок до современа музика, а во 2022 година го издала својот соло албум „Non-Fungible“ со дела од Бах, Скрјабин и Барбер. Во 2021 година Мимоза ја одбранила својата докторска дисертација на тема „Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката изведба“, истражувајќи нови методи за анализа на музичките изведби што претставува значаен придонес во музичката наука. Студирала под водство на маестра Лилја Зилберштајн, со која го стекнала магистерскиот степен. Низ годините, таа настапувала на престижни фестивали како Охридско лето, Siena Summer Festival, Франкофонски Фестивал Солеј, Златна Лира, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, а под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го има изведено Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од К. Сен Санс. Концертирала и во градови ширум светот, меѓу кои Париз, Рим, Бристол, Милано, Прага, Трст, Сиена, Скопје, Њујорк и Истанбул. Нејзиното учество во проектот TEME и усовршувањето на Академијата „Киџана“ во Сиена, Италија, дополнително ја збогатиле нејзината кариера.

Јована Трајчева започнала со музичко образование на седумгодишна возраст во класата на проф. Кармен Костова, а го завршила во класата на реномираниот руски педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, а во 2017 година го стекнала магистерскиот степен по музичка интерпретација со истата професорка. Јована успешно настапува на фестивали како Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva и Есенски Музички Свечености, а остварува и солистички концерти во македонските градови Скопје, Охрид и Тетово. Особено значаен е нејзиниот рецитал во црквата „Св. Софија“ во Охрид во 2017 година. Надвор од Македонија, Јована настапува во Рим, Ибица, Милано и во Cite des Arts во Париз, а има соработувано и со Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Од 2015 година, Јована е активно вклучена во педагогијата, работејќи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Култура

Вечерва две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

Објавено пред

Вечерва, во Tokyo Opera е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска.

dobivaj vesti na viber

Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Kazuhiro Kotetsu, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска.

Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релациа Франција – Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

Прикажи повеќе...

Култура

„Моцартовите перипетии“ во Македонска филхармонија в четврток

Објавено пред

„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија.

dobivaj vesti na viber

Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози денес во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља – инструмент за кој се смета дека Јохан Себастијан Бах на него ги свирел своите свити за чело. Широк е репертоарот на маестро Малов. Свири дела од периодот на раниот барок, до класични и романтични виолински концерти, како и светски премиери на современа музика.

Исклучително е посветен на техничките капацитети на инструментот, покрај стилот на изведба. За неговите изведби на виолина, добитник е на повеќе награди на натпревари како „Паганини“ во Џенова, „Моцарт“ во Салцбург, „Мајкл Хил“ во Оукленд, додека за настапите со виола, пак, освојувал награди во Минхен и во Токио. Настапувал со оркестри како што се Би-би-си оркестарот во Лондон, Лондонскиот филхармониски оркестар, Оркестарот на Баварското радио, Филхармонија на Оукленд, Филхармонискиот оркестар на Токио, Филхармонијата на Хелсинки, каде што го извел Концертот за виолина од Сибелиус по повод роденденот на финскиот композитор,под диригентството на славниот маестро Клаус Макела…

Во 2019 беше солист резидент на Фестивалот на музика во Турку, Финска. На натпреварот „Лаjпциг Бах“, Малов беше награден со барокна виолина, додека „Jumpstart Jr Foundation“ од Амстердам, му обезбеди барокна виолина од познатиот изработувач Џофредо Капа.

Како барокен солист настапувал со Академијата за стара музика во Берлин, Венецијанскиот барокен оркестар, Севилскиот барокен оркестар, оркестарот „Музика Вива“ од Москва, „Камерата Салцбург“ и Барокниот оркестар од Хале. Во сезоната 2019/20, Малов направи серија блескави дебија низ светот и како виолинист и како солист на виолончело де спаља. Во 2017-та, Малов беше назначен за професор на Музичката академија во Цирих. Неговите снимки се објавени од престижни издавачки куќи, а неговиот албум „Омаж за Еуген Изај“ (2017) беше оценет со мошне позитивни критики.

Прикажи повеќе...

Култура

„Си-ен-ен Бразил“: Со „Јон Вардар против Галаксијата“, Македонија влегува на пазарот за анимација

Објавено пред

По успехот на наградените филмови како „ Пред дождот “ (1994) и „Медена земја“ (2019), кинематографијата во Северна Македонија прави нов чекор. Оваа година, земјата ја лансираше својата прва анимација, „Јон Вардар против Галаксијата“, која беше премиерно прикажана во Бразил за време на 48. Меѓународен филмски фестивал во Сао Паоло, пишува „Си-ен-ен Бразил“.

dobivaj vesti na viber

Медиумот во текстот за првиот македонски долгометражен анимиран филм се навраќа наназад во 2009 година, раскажувајќи дека тогаш режисерот Гоце Цветановски на форум за македонските љубители на стрипот ги открил цртежите кои послужија како прототип за анимацијата.
„Ги видов цртежите со вонземјаните и ми беа многу смешни. Оттаму, решив да ја креирам приказната. Мислев дека би било забавно да се развие наратив полн со вонземјани“, раскажа режисерот.

Цветановски во разговорот за бразилскиот сервис на „Си-ен-ен“ зборува и за предизвиците со кои се соочил тимот за да обезбеди успех на проектот, почнувајќи од проблемот со необучен кадар за анимација во Македонија, па се до финансиските тешкотии во периодот на ковид-кризата.

И покрај предизвиците и долгото време на продукција на анимацијата, Цветановски е оптимист за иднината на „Јон Вардар против Галаксијата“, и се надева дека ќе пронајдат дистрибутер кој ќе го пренесе нивниот филм во светот, пишува „Си-ен-ен Бразил“.

„Јон Вардар против галаксијата“ од 1 ноември е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје, „Киноверзум“ во Штип и Велес и Кино Манаки во Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во Тетовско, лицата биле пренесени во болница

Вчера во 22.10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во...

Регион2 часа

Млада кошаркарка ја загуби раката во страшната несреќа во Нови Сад: семејството се моли Ања да преживее

Студентката Ања Р.(23) од Параќин е тешко повредена при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа се...

Свет3 часа

Анкета покажува дека Трамп губи во Ајова

Доналд Трамп ја освои американската сојузна држава Ајова, која носи шест изборни гласови, за осум процентни поени на претседателските избори...

Европа3 часа

(Видео) Кон Кралот на Шпанија фрлаа со кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“

Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа...

Европа3 часа

Руси нападнаа супермаркет во центарот на милионскиот град

Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а...

Свет3 часа

(Видео) Еруптираше вулканот Лаки-лаки, најмалку девет загинати

Најмалку девет лица загинаа по ерупцијата на планината Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија, јавува Ројтерс. Вулканот Лаки-лаки, кој се наоѓа...

Свет16 часа

Жена спасена во поплавите во Валенсија откако три дена била заробена под мртво тело

Осумдесети и седумгодишна жена е спасена откако три дена била заробена со телото на нејзината мртва снаа по поплавите во...

Топ18 часа

Мајка од Скопје пријавила дека жена се обидела да ја грабне нејзината тригодишна ќерка

Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека...

Регион19 часа

Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, меѓу нив има и четири деца

Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица. Меѓу загинатите има и...

Регион22 часа

Повредените во несреќа во Нови Сад се во тешка состојба, изјави Дачиќ

Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка...

Топ24 часа

МВР трага по вториот осомничен за убиството во Арачиново, поднесени се кривични пријави

Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во скопско Арачиново, каде со огнено оружје беше убиен С.А. (56)...

Свет2 дена

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија2 дена

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија2 дена

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија2 дена

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија2 дена

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ2 дена

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија2 дена

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет2 дена

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ3 дена

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...