Контакт

Култура

„Крвава свадба“ во режија на Филип Петковски премиерно во Благоевград

Објавено пред

На 7 септември, во Драматичниот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, премиерно ќе биде изведена претставата „Крвава свадба“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија, драматуршка адаптација и кореографија на македонскиот режисер и кореограф Филип Петковски.

„Крвава свадба“ е приказна за трагична љубов, претворена во современ сценски ритуал кој ги спојува физичкиот и постдрамскиот театар, танцот и балканското фолклорно наследство – препознатливи елементи од сценскиот јазик на Петковски. Ликовите навидум наликуваат на обични луѓе, растргнати меѓу она што општеството го очекува од нив и она што нивните тела го посакуваат. Тоа е претстава за љубовта како сила која не им се потчинува на правилата, за семејството како засолниште и затвор и за свет во кој честа понекогаш станува поважна од човечкиот живот.

Говорот и текстот во претставата не доминираат како основни изразни средства. Актерите ги користат кореографијата и движењето за да ги изразат емоционалните состојби на ликовите, додека очилата што ги сокриваат нивните погледи го насочуваат вниманието кон телото како главен носител на сценското значење и оставаат простор за субјективна интерпретација на гледачот.

Постановката не се обидува да ја реконструира Андалузија на Лорка, туку создава сопствен сценски свет преку елементи од ромското и балканското фолклорно наследство, особено присутни во музиката на Петар Дундаков. Традиционалното и современото, религиозното и паганското постојат во една заедничка реалност, во која луѓето постојано се обидуваат да избегаат од улогите што општеството однапред им ги определило.

Сценографијата на Мартин Манев ја создава „сувата пустелија“ што ликовите постојано ја споменуваат во текстот, додека костимите на Антонија Гугинска Јорданоска ја интерпретираат културата на облекување во Андалузија преку современа естетика. Драматуршката адаптација ја трансформира жената од жртва во активен субјект, а поезијата на Лорка селективно се користи како коментар на сценското дејство.

Кога музиката ќе запре и свадбениот ритуал ќе заврши, останува прашањето: дали трагедијата е последица на еден погрешен избор – или на свет во кој вистински избор никогаш немало?

Филип Петковски е режисер, кореограф и доктор на науки од областа на изведбените уметности од Скопје, Македонија.

Неговата претстава „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ во Велес во 2025 година, меѓу кои Гран при и наградата за најдобра режија, додека „Мац, мац“ ја доби наградата за најдобра претстава од студентското жири на Меѓународниот театарски фестивал во Приштина во 2024 година.

Автор: Федерико Гарсија Лорка
Режија, драматургија и кореографија: Филип Петковски
Сценографија: Мартин Манев
Костими: Антонија Гугинска Јорданоска
Музика: Петар Дундаков
Асистент-режисер: Кирил-Јоан Миленков

Играат: Ванина Јорданова, Самуил Сребрев, Недиљана Павлик, Лора Христова, Биљана Дилкова, Огњан Спиров, Теодор Каракачанов, Камен Стефанов, Иван Николов, Мартин Јорданов, Марина Фрцова, Александра Краснова, Катја Иванова и Матеј Мичев.

Фотограф: Иван Дончев

Најново

konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos
Македонија3 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија14 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа15 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет21 минута

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава28 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија38 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија39 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава41 минута

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт41 минута

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...