Контакт

Култура

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Објавено пред

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години, истакнувајќи дека Министерството успешно ја стабилизираше состојбата во културата и туризмот, спроведе клучни системски реформи и реализираше значајни инвестиции, со цел овие две области повторно да станат стратешки двигатели на развојот на државата.

Тој нагласи дека во изминатиот период фокусот бил ставен на воспоставување системски пристап, наместо краткорочни решенија, преку стратешко планирање, законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции.

Љутков посочи дека по преземањето на раководењето со Министерството во 2024 година наследен е долг од 273 милиони денари по основ на плати во националните и локалните установи, како и институционален систем без јасни стратешки насоки. Со првиот ребаланс на Буџетот биле обезбедени средства за сервисирање на наследените обврски, дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините.

Во завршна фаза се Националната стратегија за развој на културата, Националната стратегија за културно наследство и Националната стратегија за развој на туризмот, а паралелно се подготвуваат измени на повеќе системски закони од областа на културата, културното наследство, филмската дејност и авторските права.

За првпат е воведен моделот на делегиран буџет во националните установи, кој годинава се применува во 28 институции, овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства.

Особено значајно е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти. Истовремено, сопствените приходи на националните установи се зголемени за повеќе од 150 проценти во споредба со 2023 година.

Во изминатите две години реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи, а за првпат е воспоставен и отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академии и културни институции во странство.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој за две години се поддржани 108 проекти, а започнато е и национално мапирање на креативните индустрии како основа за првата национална стратегија во оваа област. По речиси една деценија обновен е и откупот на ликовни дела, при што се откупени 37 дела од значајни македонски автори во вредност од 6,6 милиони денари.

Во областа на филмската дејност, буџетот на Агенцијата за филм е зголемен од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од 87 проценти. Со законските измени ќе се обезбедат и дополнителни средства од игрите на среќа за развој на домашната филмска продукција.

Министерот информираше дека во делот на капиталните инвестиции, средствата се зголемени од 230 милиони денари во 2023 година на 485 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 110 проценти. Во тек се реализација или завршни активности на повеќе капитални проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, новите простории на Џез оркестарот, реконструкцијата на Македонскиот народен театар и Универзалната сала, како и повеќе културни објекти низ државата.

Министерот информираше дека значително е интензивирана и заштитата на културното наследство преку инвестиции во археолошки локалитети, реконструкција на споменици на културата, продолжување на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и воспоставување национален дигитален регистар на културното наследство.

Осврнувајќи се на меѓународната соработка, Љутков истакна дека средствата за оваа намена се зголемени за 40 проценти, што овозможи засилена меѓународна афирмација и презентација на македонската култура. Македонските национални институции и уметници успешно настапија на ЕКСПО во Осака, Венециското биенале и на бројни престижни сцени и фестивали во Европа.

Во областа на туризмот, буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од повеќе од 200 проценти. Отворени се нови пазари во соработка со туристичкиот сектор, а во завршна фаза е Националната стратегија за развој на туризмот со акциски план, која треба да ја позиционира Македонија како конкурентна европска туристичка дестинација.

Според Љутков, од вкупно 98 проекти и мерки предвидени во Владината програма во делот на културата, реализирани или во тек на реализација се 73, што претставува исполнетост од 72 проценти.

„Ова не е само отчет за две години работа. Ова е доказ дека со визија, одговорност и системски пристап се поставуваат цврсти темели за посилни институции, подобро заштитено културно наследство, поконкурентен туризам и одржлив развој на културата“, порача на крајот на денешната прес-конференција министерот Љутков.

Најново

Забава5 минути

Ова е највалканата соба во вашиот дом: Бактерии има на секоја површина

Истражувањата покажуваат дека најмногу микроорганизми се кријат во собата за која мислите дека темелно ја чистите. Чистењето на вашиот дом...

Забава22 минути

Како гром од ведро небо: Неочекуваните вести ги менуваат животите на овие три хороскопски знаци

Ако мислевте дека сè е изгубено за вас, судбината можеби ве негира. Дознајте дали сте еден од „среќните добитници“. Некои...

Забава35 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа1 час

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет1 час

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет1 час

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа1 час

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет1 час

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава1 час

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...