Контакт

Култура

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција.

Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, Бране Георгиев, претставници на партнерските организации и институции вклучени во реализацијата на проектот.

Проектот е со вкупна вредност од 1.382.043 евра и се реализира во период од 24 месеци. Вредноста на активностите што ги спроведуваат македонските партнери изнесува 451.603 евра, додека Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во износ од 90.321 евра.

Во рамки на проектот ќе се реализираат активности за заштита и ревитализација на локалитетот Римски терми – Банско, изградба на потпорни ѕидови, поставување туристички инфо-пункт со поставување фотоволтаичен систем, уредување на пристапните патеки за посетители и современа кровна конструкција за заштита на археолошките остатоци.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека проектот претставува уште еден успешен пример за тоа како европските фондови можат да придонесат за локален развој, подобрување на туристичката понуда и валоризација на културното наследство.

„Прекуграничната соработка не значи само финансиска поддршка. Таа создава можности за нови инвестиции, размена на искуства и реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во поширок контекст, проектот е дел од првиот повик на Програмата Интерег VI-А ИПА со Грција, во чии рамки беа одобрени вкупно 19 проекти со буџет од над 18 милиони евра. Во нив учествуваат 36 корисници од нашата држава, со вкупна вредност на проектите од 8,6 милиони евра. Овие бројки покажуваат дека институциите и организациите од земјава успешно ги користат можностите што ги нудат европските програми за реализација на проекти од локално и регионално значење“, изјави Перински.

Тој посочи дека Струмица е една од општините во кои во континуитет последнава година се реализираат значајни проекти со поддршка од домашни и европски извори на финансирање.

„Ме радува што во изминатиот период почесто сум во Струмица поради реализација на различни развојни и инфраструктурни проекти. Искрено посакувам тоа да продолжи и во иднина, бидејќи секоја нова посета значи нова инвестиција, нов проект и нова придобивка за граѓаните. Покрај поддршката преку европските програми, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти Општина Струмица доби поддршка за 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари“, нагласи Перински.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков истакна дека со проектот започнува нова фаза во заштитата и туристичката валоризација на еден од најзначајните археолошки локалитети во државата.

„Подготвени се сите потребни документи и дозволи, завршени се јавните набавки и започнува реализацијата на градежните активности. Проектот се реализира во партнерство со институции и организации од Северна Македонија и Грција, што е уште еден пример за значењето на прекуграничната соработка. Нашата цел е културното наследство да биде зачувано, но и ставено во функција на развојот – преку културниот туризам, нови можности за локалната заедница и поголема афирмација на богатото наследство на нашата држава“, изјави Љутков.

Проектот „CulTour Crossing Borders“ ги поврзува локалитетите Антички Европос во Килкис, Дојранското Езеро и Римските терми во Банско во заедничка прекугранична културно-туристичка рута, која ќе биде поддржана со дигитални содржини, промотивни активности и современи решенија за презентација на културното наследство.

Најново

Македонија8 минути

Втора надзорна расправа за заштита од семејно насилство: потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на...

Македонија19 минути

СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на...

Македонија30 минути

Мисајловски од Командата за обука и доктрини во Велес: 11 милиони денари се вложуваат за обнова на касарната

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече...

Соопштенија37 минути

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот...

Македонија53 минути

3100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од една-две години и возрасни од 80 години, кажа Клековски

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи...

Спорт2 часа

Златниот медал ѝ го даде на мајка си: Јадев го.на, одев по го.на, а сега ги допрев ѕвездите

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со...

Македонија2 часа

Ветува ли ДПМНЕ уривање на дивоградбите, вклучително и хотелот на Мијалков, за да бара уште шест години од УНЕСКО, прашуваат од Левица

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита...

Спорт2 часа

Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон...

Економија2 часа

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и...