Контакт

Култура

Mузејот на ВМРО да остане само Музеј на македонската борба за самостојност

Објавено пред

Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим донесе одлука досегашниот назив на оваа наша национална установа да се скрати и да се преименува во Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

Најважно во престрелките е да не се затвори музејот, туку само да се скарти неговото име. Да се преуреди во музеј што ќе обрне внимание на сегашноста и иднината.

Работната група беше формирана на 13 март врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Законот за буџетот и Законот за спороведување на буџетот, Законот за музејската дејност, Законот за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање партиски митови.

Култура

На „Браќа Манаки“ претставен косовскиот кандидат за „Оскар“

Објавено пред

Од

Денешниот ден на фестивалот „Браќа Манаки“ почна со претставувањето на филмот од програмата „Перспективи на европскиот филм“, „Брак“, и режисерката Блерта Зекири. Станува збор за косовски филм кој прикажува необичен љубовен триаголник, каде што на само две недели пред свадбата на Анита и Беким, во градот доаѓа Нол, тајниот љубовник на Беким.

„Филмот отвара тема за која сме свесни дека постои, но некако е на маргините на општеството. Проблемот со кој се соочува ЛГБТ-заедницата е мошне храбро обработена. Иако ги има сите аспекти на едно балканско општество, има и многу убави патријархални сцени, со негување на традиционалните вредности, затоа што луѓето во публиката не се секогаш подготвени да видат сцени на водење љубов меѓу двајца актери мажи“, рече Слаѓан Пенев, селектор на програмата „Перспективи на европскиот филм“.

Филмот „Брак“ е прв долгометражен филм на режисерката Зекири и имаше голем успех на фестивалите досега.

„Огромно беше влијанието на актерите во пишувањето на сценариото, но сакам да ја истакнам и нивната храброст што прифатија да бидат дел од овој проект затоа што во Косово кога почнавме да го снимаме филмот во 2012-2013 година, имаше голем инцидент на забавата која промовира издание посветено на ЛГБТ-заедницата. Таму дојде голема група екстремисти кои уништија сè, а некои луѓе беа претепани. Затоа и ние бевме преплашени дека нешто слично може да ни се случи и нам со оглед на тематиката на филмот. Филмот го чувавме во тајна, медиумите ја знаеја темата, но ни помагаа и не објавија ништо сè додека не го завршивме. Голем удел имаа и актерите Албан Укај, кој е многу популарен, работел во странство и тој е како косовски Бред Пит, сите го сакаат, а улогата на Нол, љубовникот во филмот, ја толкува косовската рок-ѕвезда Генц Салиху“, рече Зекири.

За филмот „Зимски муви“, кој синоќа се прикажа во компетиција за „Златна камера 300“, говореше кинематограферот Лукаш Милота. Филмот и кинематограферот ги претстави Благоја Куновски – Доре, селектор на главната програма на Фестивалот.

„Децата не се професионални актери. Доста долг процес беше работењето со нив, пробите траеја повеќе од шест месеци, но потоа го добивме ефектот на тинејџери авантуристи што во филмот тргнуваат по смрзнатиот пејзаж на југ во потрага по авантура“, рече Милота. Тој е втор пат на фестивалот „Браќа Манаки“.

Милота кажа дека користел камера „алекса мини“ бидејќи била компактна и лесна за ракување, особено за овој филм.
Марија Апчевска претстави две екипи од селекцијата на кратки филмови. Режисерката на филмот „Бреза“, Пејсли Валентин Валш, говореше за идејата за филмот. „Спомените од детството беа главната идеја да го снимаме филмот. Настојувавме цело време да се држиме до спомените“, рече Пејсли. Филмот е сниман на филмска лента, што е многу тешко.

„Уште потешко е кога имате и куче и две деца и немате можност повеќепати да ги снимате сцените. Изборот да работиме со филмска лента сметаме дека ѝ дава опипливост на публиката“, истакна Винченцо Марангино, кинематографер на филмот „Бреза“.

Вториот филм од селекцијата на кратки филмови, кој беше претставен денеска, беше филмот „Без љубов“, кој е снимен во тешки услови на планина.

„Снимавме три дена во Маврово, локацијата е во Македонија и беше тешко да се работи во тие услови. Знаеме дека особен впечаток остава сцената на скокањето во езерото, која не беше воопшто лесно да се сними, но успеавме“, рече режисерката и сценарист на филмот, Дина Дума.

Инаку, ѕвездата на годинашниов фестивал, Калудија Кардинале, и нејзината екипа, синоќа го посетија Охрид. Таа беше воодушевена од охридските бисери, природата и охридските цркви. Во тек е и студентската програма, на Фестивалот се присутни 30 студенти од 15 академии од регионот. Утре, на програмата на Фестивалот, е вториот ден од балканската конференција ИМАГО, како и средба со Саид Олуд Келифа и Домикик Бакс, кои ќе говорат за филмските фестивали и филмската критика.

Прикажи повеќе...

Култура

Адеми: Ја олеснуваме културната соработка со Кина и земјите од ЦИЕ

Објавено пред

Од

Во непосредна атмосфера на промоција на кинеската култура и гастрономија синоќа во МСУ, на одбележувањето на големиот кинески Празник на средината на есента, гостите ги поздравија амбасадорката на НР Кина, Јин Лисјен, и министерот за култура, Асаф Адеми, кој истакна дека Република Македонија во 2019 година ќе биде домаќин на министерскиот Форум за културна соработка помеѓу НР Кина и другите земји од Централна и Источна Европа.

„Преку Координативниот центар, како и досега, ќе настојуваме на што поефикасен начин да ги олесниме комуникацијата и соработката меѓу националните културни институции и организации од НР Кина, Република Македонија и земјите од ЦИЕ, како и да дизајнираме алатки за нивно полесно вмрежување, координација и соработка“, истакна министерот Адеми.

Настанот беше во организација на Министерството за култура, преку Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и со Амбасадата на НР Кина.

Прикажи повеќе...

концерти

„Музика, не мобилни!“ – кампања на Македонската филхармонија

Објавено пред

Од

„Музика, не мобилни – исклучи го телефонот, вклучи ги сетилата“ е новата кампања на Македонската филхармонија што оваа институција ја почнува со првиот симфониски концерт во новата сезона, а кој ќе се одржи в четврток со славниот пијанист Лука Дебарг и маестро Јерухам Шаровски зад диригентскиот пулт.

„Кампањата „Музика, не мобилни“ треба да ја зголеми свеста кај посетителите да не користат телефони за време на музичките настани. Употребата на мобилните телефони стана неизоставен сегмент од животот на секој поединец и тие се користат секаде, дури и на концертите на класична музика“, велат од Македонската филхармонија по повод кампањата.

Идејата на Македонската филхармонија е посетителите на концертите да уживаат во музиката наместо да ја „гледаат“, „слушаат“ и „доживуваат“ преку екранот на телефонот.

„Невкусно е кога за време на концертите на клaсична музика, кога имаме мир и благосостојба, кога се одмораме од секојдневието, но и кога сме силно сконцентрирани на она што како естетика, филозофија и музика ни се нуди, тоа да се нарушува со звуците или блицевите на телефонот. Употребата на телефонските апарати им пречи и на оние што се на сцената затоа што постои можност за деконцентрација, одвлекување на вниманието, а со тоа и за несоодветно претставување на делото што го изведуваат. Класичната музика е специфична и бара силна посветеност, огромна жртва и континуирана работа. Сето тоа може да исчезне во само еден миг ако заѕвони нечиј телефон, на пример. И со оваа кампања, освен, се разбира, програмската политика на куќата, Македонската филхармонија тежнее да биде во чекор со европските стандарди. Сметам дека ќе вроди со плод“, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион55 минути

(Видео) Пожар на Пелешец, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот остров Пелешец гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија2 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија3 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток4 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток4 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ5 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток6 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story8 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток8 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион8 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија9 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет9 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет10 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ10 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет13 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт21 час

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија1 ден

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Досие