Контакт

Манифестации

Добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2017 е Чарлс Симиќ

Објавено пред


Добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП) за 2017 година, е поетот и есеист од САД, роден во Белград во 1938 година, Чарлс Симиќ, соопшти Управниот одбор на СВП на прес конференција во вторник во МАНУ.

Чарлс Симиќ со семејството се сели во САД во 1953 година, а поезија започнал да пишува уште во средно училиште. Од 1973 година е професор на Универзитетот во Њу Хемпшир, каде што предава американска книжевност и креативно пишување. Постојан критичар е на New York Review of books, а живее во Стафорд, Њу Хемпшир“.

Меѓу најзначајни поетски збирки на лауреатот се: „Што вели тревата“ (1967), „Некаде меѓу нас каменот фаќа белешки“ (1969), „Разградување на тишината“ (1971), Харонова космологија (1977), „Училиште за темни мисли“ (1978), „Класични игри од балската сала“ (1980), „Книга на богови и ѓаволи“ (1990), „Светот не завршува“ (1990), „Венчавка во пеколот“ (1994), „Moето немо страдање“ (2005), „Мајмуни околу нас“ (2006), „Мајстор на метаморфози“ (2010), „Лудак“ (2015). /крај/мф

Забава

Нов музички фестивал „Ентер“ во Скопје, најавени се 60 изведувачи од земјава и светот

Објавено пред

Од

На крајот на мај и почетокот на јуни Скопје ќе биде епицентарот на музички земјотрес во регионот. На две огромни фестивалски сцени, никогаш досега видени на овој простор, отворена и затворена, шест дена ќе настапуваат големи музички ѕвезди, односно над 60 бендови од земјава и странство.

Засега не се откриваат имињата на изведувачите, но се дознава дека станува збор за исклучително популарни бендови и реномирани соло артисти кои ќе настапуваат на целиот простор околу спортскиот центар Борис Трајковски.

По теркот на регионалните фестивали „Егзит“, „Си денс лав фестивал“ и „Сигет“, на кои доаѓаат стотици илјади луѓе од Европа, Скопје ќе го добие за првпат „Ентер“. Со фестивалот, се очекува на крајот на мај и почетокот на јуни, Скопје и Македонија да станат центар на музичките случувања во поширокиот регион, што ќе привлече и голем број посетители од надвор.

Фестивалот ќе понуди многу музика, настапи во живо, позитивна енергија и како што се дознава пиво што ќе се продава за само 80 денари.

Токму пред сезоната на музички фестивали низ целиот свет, истражувачите во Британија испитуваа дали постои поврзаност помеѓу концертите, музиката во живо и благосостојбата на луѓето. Според професорот Патрик Фаган, кој го предводел истражувањето, одењето на концерти го продолжува животот. Дваесетминутна свирка во живо со светла, ефекти, врескање на публиката и гласната музика го зголемува чувството на благосостојба кај луѓето. Одењето на концерт или на голема свирка еднаш во две недели може да го продолжи животот на човекот за цели девет години.

„Препорачуваме почесто одење на свирки во живо. Така можете да си го продолжите животот за цела деценија“, наведува Фаган во студијата.

Прикажи повеќе...

Култура

Одбележан јубилеј – 15 години на „Поточиња“

Објавено пред

На 24 и 25 март 2018 година во Македонска опера и балет се одржа 15-годишниот јубилеен концерт на прекрасните „Поточиња“. 5.000 насмеани родители и деца ги посетија 6-те настапи на „Поточиња“ во саботата и неделата.

Поради јубилејот, организаторот Пап подготви специјално издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Популарната детска маскота „Поки“ беше водител на овој долгоочекуван детски фестивал на кој воедно учествуваше и Сара Мејс со најновата песна која ја направија со „Поточиња“ со наслов „Гласот на децата“.

За музиката и аранжманот е одговорен реномираниот композитор Мирослав Пап, а стиховите се дело на Светлана Пецакова.
Организаторите изјавија благодарност за поддршката и интересот до сите кои го посетија фестивалот и затоа порачаа дека со нетрпение го очекуваат следниот фестивал.

Прикажи повеќе...

Култура

Охридско лето ги именува режисерот Поповски и професорот Ристов за нови селектори на програмата

Објавено пред

Од

Охридско лето во соопштение наведува дека како национална установа го раскинало договорот за соработка со музичкиот селектор Ѓорѓи Цуцковски по претходна согласност од Управниот одбор на установата.

Како што информираат оттаму, соработката со Цуцковски се прекинува поради неисполнување на обврските дадени во договорот.

„Управниот одбор на Охридско лето на денешната седница го прифати предлогот за именување нови селектори. За драмскиот дел од програмата како селектор е именуван Александар Поповски, еден од нашите најуспешни театарски и филмски режисери. За музичкиот дел од програмата на фестивалот како селектор е именуван професорот Васо Ристов од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот ‘Св.Кирил и Методиј’“, се наведува во соопштението.

Од Управниот одбор истакнуваат дека се работи за двајца истакнати уметници и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната театарска и музичка јавност, кои зад себе имаат богата меѓународна професионална кариера.

„Фестивалот Охридско лето очекува од новоименуваните селектори да ги вложат своите капацитети максимално и да бидат активни креатори на уметничката програма на годинешново фестивалско издание во духот на богатата меѓународна традиција, реноме и значење на манифестацијата“, стои во соопштението.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија13 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија14 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион14 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија14 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија15 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет15 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија2 дена

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие