Контакт

Актуелно

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување за шестото издание

Објавено пред

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување 650 учесници за шестото издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 6 до 11 октомври во МКЦ, Кинотеката на Македонија, киното „Милениум“ и уште неколку локации во Скопје. Темата на годинешното издание на фестивалот е „Вода“.

На фестивалот се поканети и млади учесници од 16 држави од Европа, кои заедно со младите од Македонија ќе го сочинуваат меѓународното жири распределено во три категории според возраста. Тие заедно ќе гледаат филмови, ќе дискутираат на темите претставени со филмовите, ќе учествуваат во 11 работилници, ќе се дружат и ќе се забавуваат.

Десет учесници од Македонија, кои најмногу ќе се истакнат со своите елоквентни дискусии и активности за време на фестивалот, ќе патуваат во Италија во јули в година како македонски претставници на најголемиот фестивал за млади „Џифони експириенс“.

Исто така, „Џифони Македонија“ е во потрага по волонтери, ентузијасти, кои би сакале да се приклучат и да бидат дел од тимот на фестивалот. Пожелно е познавање англиски јазик, како и желба за дружење и со млади луѓе од над 15 земји од Европа.

Филмскиот фестивал за млади веќе шест години опстанува и работи на развој на филмската култура и неформалното образование кај младите генерации во Македонија со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и најголемиот фестивал за млади „Џифони експириенс“ од Италија.

Актуелно

Скопска промоција на поетската книга на Бранислав Николов од групата „Фолтин“

Објавено пред

Од

Во кафулето „Цреша“ денеска (21 септември) ќе се случи скопската промоција на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј, што е уметничко име на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“.

На промоцијата закажана со почеток од 19 часот настап ќе има и „Фолтин“, а примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, а книгата „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро.

Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Феми Кути и македонската филхармонија приредија музичка експлозија во Белград

Објавено пред

Од

Повеќе од 20 илјади белграѓани беа сведоци на фантастичниот концерт на Македонската филхармонија, која под диригентство на Џијан Емин синоќа настапи со африканскиот маг на афробитот Феми Кути и неговиот бенд „Позитив форс“.

„Под отворено небо, на прекрасната тврдина Калемегдан, се случи неповторлив музички настан, а тоа го потврдија и коментарите на публиката и нејзините френетични аплаузи“, се наведува во соопштението од Македонската филхармонија.

Оттаму додаваат дека сите музичари на сцената биле поврзани со силна позитивна енергија.

„Позитивната енергија, моќната изведба на Кути и на сите оние кои се најдоа на сцената, атрактивните танчарки, врвната продукција и извонредниот влог на маестро Џијан Емин да се претставиме во одлично светло и надвор од Македонија, силно се рефлектираше и од другата страна на сцената. Овој концерт беше помогнат од градот Белград кој се покажа како одличен домаќин, а организаторите ветија повторна соработка во скора иднина“, стои во соопштението.

Од Македонската филхармонија наведуваат дека соло-настапите на дел од музичарите од оркестарот заедно со Кути предизвикувале постојани овации кај публиката.

Концертот завршил со бис и огномет, а од нашата филхармонија се надеваат дека ова нивно гостување во Белград долго ќе се памети.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток58 минути

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток3 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија8 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ10 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија10 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија12 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија13 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија14 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија14 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија14 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет14 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија16 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие