Контакт

Манифестации

Голем интерес за Еко Грин Фестивалот во Маврово, влезот бесплатен

Објавено пред

На само неколку дена пред одржувањето на вториот Еко зелен викенд во Маврово, организаторите најавуваат дека се е подготвено, а мавровчани со душа ги чекаат гостите од цела Македонија, па и надвор од границите на истата.

dobivaj vesti na viber

 

 

Оваа година содржините на фестивалот се во зголемен број, а активности ќе има за сечиј вкус.

 

Така, во петок на самиот стaрт од фестивалот е закажана презентацијата и дегустацијата на традиционално приготвените пити и млечни производи од Mавровско – реканскиот крај, а во истовреме ќе биде организиран и пречекот на камперите на локацијата одредена како камп-зона, близу до сцената, која оваа година ќе биде позиционирана на тревникот пред ски-терените.

 

И оваа година, камп-просторот е бесплатен.

 

На истата локација, во петок на 11. ќе бидат поставени и штандови на кои посетителите ќе имаат можност да ги видат ракотворбите, сувенирите и домашните производи карактеристични за Мавровско–реканскиот регион. Во попладневните часови ќе стартува музичкиот дел од програмата, односно први на сцената ќе застанат неколку локални бендови, музичари и културно уметнички друштва од Маврово и Ростуше, додека, пак, вечерта, по 21 часот ќе се одржи концертот на Ареа. За загревањето на атмосферата ќе бидат задолжени членовите на План Г. По настапот на Ареа, посетителите ќе уживаат во звуците на мегапопуларните Инструктори, под палката на феноменалниот Бајага. Петочната вечер ќе заврши со настапот на диџеј Зомакс.

 

Саботното утро е резервирано за оние со здраво тело и здрав дух, а за нив во 7 часот ќе биде организирано групно планинарење на турата Маврово-Чавкарник-Маврово. Во утринските часови се закажани и натпревари во лов на ситна риба на пливка на Мавровското Eзеро кај потопената црква, а веднаш потоа ќе следува презентацијата на планинарска опрема и на опремата за спасување на вода. Како и минатата година, така и оваа, посетителите ќе можат да се натпреваруваат во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед и други слични активности и натпревари. Во сабота, во склоп на дневните активности се организирани и музички настапи на зурли и тапани, гајдаџии и кавалџии, а за сите гурмани од 16 часот е закажана дегустација на традиционално приготвените качамак и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај. Пред сетовите на диџеите од Антена радио, посетителите ќе можат да ја проследат крос кантри трката со велосипеди, но и да дознаат кои се победниците од сите активности со натпреварувачки карактер. На 12. јули во вечерните часови на фестивалската сцена со свој сет ќе се претстават и Грамофонџије, a по нив забавата продолжува со настап на Бед Копи и Гоце Саф. Како и лани, традицијата ќе продолжи и во недела, а тоа значи дека неделното утро ќе биде резервирано за заедничко чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет.

Исто така, во недела е закажана и планинарската тура Никифорово-Сандакташ-Никифорово, како и кружната ревијална велосипедска тура околу Мавровското Езеро со чистење на брегот на Мавровското Езеро. Новитет годинава е тоа што влезот нема да се наплатува.

 

Вториот Еко Грин викенд започнува на 11. јули, а завршува во недела на 13. со групно чистење на целиот предел на кој се одржува фестивалот./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија33 минути

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 час

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија11 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија12 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија13 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија15 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија16 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија16 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија16 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија16 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија17 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...