Контакт

Манифестации

Изложби, проекции на филмови и дебати по повод седмите „Вечери на женски права“

Објавено пред

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број  активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.

Во понеделник, во  Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“. Во вторник, ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 9.30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на  Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.Во среда, во Кинотека на Македонија, во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.Во четврток, во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.Во петок, во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите: „Ипсилон”,  на авторката  Анастасија Точевска; „Жената е човек”,  на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски, „Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски, „Одзив”, на  авторот Сара Александровска и „Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота, во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн.И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје./крај/со/бб

Култура

Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

Објавено пред

Во периодот од 2 до 7 септември  во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“.

Петото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со инструментот гитара. Во текот на петте фестивалски дена  ќе се прикажат 10 филмови кои на автентичен начин ги прикажуваат авторите и нивните животи во однос на својот инструмент. Филмовите ќе бидат и жанровски шарени: блуз, рок, џез, авант-рок, поп, фадо.

Филмскиот дел од фестивалот ќе го отвори документарниот филм за Кит Ричардс „Под влијание“, којшто зборува за неговата љубов кон музиката, гитарата, Ролинг Стоунси и ги следи неговите сеќавања од средбите со неговите идоли.

Во музичко-изложбениот дел во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како „Патешествие“. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски. Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол”, па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад арт“ од Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска.
Изложбата „Патешествие“ ќе се отвори на 2 септември во Музеј на Град Скопје, а проекциите на филмовите ќе се организираат во Кинотека на С. Македонија почнувајќи од 3 септември.
Изложбата и филмскиот дел се помогнати од Министерството за култура, Кинотека на С. Македонија, Музеј на Град Скопје и Гете институт.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува фестивалот „Езерски бисери 2019“ во Струга

Објавено пред

Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2019“ во Струга од 9 до 12 август ќе понуди богата програма: натпревари во класична музика и естрада, гала-концерт, мастер-класови за учесниците, организирани екскурзии до Охрид и Вевчани, Македонска вечер.

„Езерски бисери“ веќе 17 години гради репутација на еден од најквалитетните арт-фестивали во регионот и предизвикува голем интерес за учество. Така во Струга пристигнаа таленти од Русија, Малта, Украина, Романија, Словенија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Литванија, Унгарија, Македонија.

Сите фестивалски случувања се во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Натпреварот во класика ќе се одржи денеска, 9.8.2019. со почеток во 11 ч., а натпреварот во програмата естрада е в недела, 11.8.2019. од 11 ч. Настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.

Публиката ќе може да ги види наградените учесници и највпечатливите музички настапи на традиционалниот гала-концерт кој ќе се одржи в понеделник, 12.8.19. од 21 часот. По него следи свеченото доделување награди.

Во рамките на фестивалот рускиот пијанист Денис Чефанов ќе одржи бесплатен мастер-клас за учесниците. Годинава првпат се доделуваат посебни гран-при награди на двата натпревари, па така најдобрите учесници во класика и естрада ќе добијат фестивалска статуетка, парична награда од 1.000 долари и комплет охридски бисери од семејството Филеви. Паричната награда на натпреварот во класична музика ја доделува Фондацијата „Зографски“.

Вечерва, 9.8.2019, од 21 часот во Центарот за култура ќе се одржи избор за европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Кандидатките за оваа убава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.

Прикажи повеќе...

Култура

Руската пијанистка Виолета Егорова вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Познатата руска пијанистка Виолета Егорова денеска ќе настапи во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а ќе бидат изведени дела од композиторите Франц Шуберт, Јоханес Брамс, Фредерик Шопен, Николај Медтнер и Александер Скрјабин.

Родена во Краснобар, Виолета Егорова започнала да свири пијано на четиригодишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува на Московскиот конзерваториум „П.И.Чајковски“ под менторство на прочуениот Лев Наумов. Додека сè уште била студент, нејзиниот талент го препознава руско-американската корпорација „Уметност и електроника“ и ѝ овозможува да сними цеде со дела од Моцарт и Прокофјев одбележувајќи ги годишнините од раѓањето на овие композитори. Потоа, снима уште неколку носачи на звуk.

Виолета Егорова е лауреат на повеќе интернационални натпревари. Често како солист настапува со реномирани оркестри. Предава пијано на Академијата „Рахмањинов“ во Катанија, каде е претседател и основач на интернационалната награда „Сергеј Рахмањинов“. Уметнички директор е на Интернационалниот фестивал „Концертфест“ во Москва и е активен член на Интернационалната академија за информатизација која има консултативен статус при Обединетите нации од 1995 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет7 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет7 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија8 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет8 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт10 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија14 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион14 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет16 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет17 часа

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет17 часа

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет18 часа

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет1 ден

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет1 ден

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион1 ден

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион1 ден

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет1 ден

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет1 ден

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион2 дена

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ2 дена

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Досие