Контакт

Манифестации

Карпош домаќин на Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Објавено пред

Општина Карпош во четвртокот вечерта по шести пат беше домаќин на свеченото отворање на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал (МСФФ) кој поседува 35-годишна традиција.

 

 

Подмладокот на АКУД „Мирче Ацев“, на отворањето се претставија со безвременските македонски ора. Платото во ТЦ „Карпош3“ (ТЦ „Лептокарија“) беше претесно да ги собере љубителите на фолклорот и на традиционалните песни и ора, а присутните со силни овации ги поздравуваа сите учесници кои неуморно ја презентираа својата култура.

 

На овогодинешниот фестивал учествуваа четири странски фолклорни ансамбли од Турција, Унгарија, Северен Кипар и Хрватска и две домашни фолклорни групи а тоа се домаќините АКУД „Мирче Ацев“ и КУД „Шехер“.

 

Меѓу останатите покровители, Општина Карпош и овој пат, како и секоја година е поддржувач на културните манифестации. Фестивалот за отворен го најави претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов, кој ги поздрави и им се заблагодари на сите присутни а пред сè на организаторите кои оваа вечер а и наредните ќе им овозможи на граѓаните да уживаат во звуците на фолклорната музика и глетката во талентираните студенти и нивните ора.

 

„Првото оро и настапот на најмладите, чувари на традицијата, вредеше за сите напори и одвоени финансиски средства на организаторот на оваа манифестација и на сите оние што се вклучени во овој голем настан. Задоволството да се гледаат толку многу талентирани луѓе е огромно, затоа што Општина Карпош е дел од покровителите на овој фестивал. Можам да ветам дека Општина Карпош секогаш ќе биде поддршка за младите од областа на културата и образованието“, рече Михајлов.

 

Во текот на наредните денови, фолклорната еуфорија продолжува. Таа ќе се одржува на уште три локации, вечерва во Дом на АРМ, утревечер местото на уживање ќе биде повторно во ТЦ „Карпош 3“, а затворањето кое ќе биде на седми јули ќе се одржи на платото во општина Ѓорче Петров. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Билетите за забавата на „Оскарите“ се продаваат на добротворна аукција

Објавено пред

Два билета за забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на Фондот за борба против последиците на болеста предизвикана од коронавирусот.

Поканите ќе им овозможат на добитниците и нивните придружници да се дружат со филмските ѕвезди на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“ и на забавата по доделувањето на 28 февруари в година.

Од средината на април десетици sвезди се приклучија на кампањата „Сите во предизвик“ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.

Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 долари. Цената на стандарден билет за тој настан може да достигне речиси 50.000 долари.

Собраните пари се за оние што се соочуваат со глад во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот.

На забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во февруари годинава присуствуваа голем број sвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро (76), Бред Пит (56) и Рене Зелвегер (51).

Прикажи повеќе...

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Култура

Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт од дома

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага рече дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“, виртуелна телевизиска манифестација со која би им се оддало признание на здравствените работници за помошта во пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува истовремено на ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media на 18 април во 20 часот.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Денес“.

„Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници“, рече Лејди Гага преку видеоповик за време на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додаде:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега невидено историско културно движење и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа52 минути

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ2 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија3 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет4 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија4 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија4 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион5 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа5 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија6 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија7 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет21 час

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија24 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Досие