Контакт

Манифестации

Настап на Аркадиј Володос големиот гениј на клавијатурата на Охридско лето

Објавено пред

Еден од најистакнатите и најпознатите пијанисти во светот – Аркадиј Володос, во сабота во 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“, како еден од најексклузивните гости на фестивалот „Охридско лето“.

 

 

Овој „гениј на клавијатурата“ уште од своето деби, во 1996 година, постигнува бројни успеси низ целиот свет, свирејќи во најпрестижните сали, соработувајќи со врвни оркестри и диригенти, издавајќи бројни компакт дискови. Со својата безгранична виртуозност и поетичност во изведбата Аркадиј Володос ќе не врати во времето на романтизмот, преку убавите звуци на Франц Шуберт, Јоханес Брамс и Роберт Шуман.

 

„Несомнено е дека Аркади Володос е името по кое ќе се памети 54тото издание на фестивалот Охридско Лето. Особено ми е драго што после неколку години договарање, конечно го имаме Маестро Володос за прв пат на фестивалот и во Македонија.  Володос е предводник на пијанистичката елита на денешницава, а неговото доаѓање значи вистинска гордост и почестеност за фестивалот. Овој „гениј“ со своето исклучително и неверојатно изведувачко мајсторство постојано ја придобива публиката низ целиот свет. Длабоко верувам дека неговиот концерт ќе биде посебен музички настан кој несомнено ќе остави длабоки траги во  сеќавањаta на публиката“ – изјавува селекторот на Фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска.

 

Богатата изведувачка активност го носи овој уникатен пијанист во речиси секој дел од светот. Аркадиј Володос настапувал во Европа, Азија и Америка, каде соработувал со најеминентните оркестри, како: Берлинската филхармонија, Израелската филхармонија, Минхенската филхармонија, Бостонскиот симфониски оркестар, Њујоршката филхармонија и др., предводени од реномирани диригенти, меѓу кои Зубин Мехта, Лорин Маазел, Мјунг-Ван Чунг, Џејмс Левајн и многу други. А оваа година Аркадиј Володос токму на фестивалот „Охридско лето“ за прв пат настапува во нашата држава. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Билетите за забавата на „Оскарите“ се продаваат на добротворна аукција

Објавено пред

Два билета за забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на Фондот за борба против последиците на болеста предизвикана од коронавирусот.

Поканите ќе им овозможат на добитниците и нивните придружници да се дружат со филмските ѕвезди на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“ и на забавата по доделувањето на 28 февруари в година.

Од средината на април десетици sвезди се приклучија на кампањата „Сите во предизвик“ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.

Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 долари. Цената на стандарден билет за тој настан може да достигне речиси 50.000 долари.

Собраните пари се за оние што се соочуваат со глад во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот.

На забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во февруари годинава присуствуваа голем број sвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро (76), Бред Пит (56) и Рене Зелвегер (51).

Прикажи повеќе...

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Култура

Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт од дома

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага рече дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“, виртуелна телевизиска манифестација со која би им се оддало признание на здравствените работници за помошта во пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува истовремено на ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media на 18 април во 20 часот.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Денес“.

„Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници“, рече Лејди Гага преку видеоповик за време на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додаде:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега невидено историско културно движење и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион20 минути

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт3 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија3 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ4 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија6 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија7 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ7 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа8 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет10 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет22 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Досие