Контакт

Манифестации

Почнуваат Струшките книжевни средби

Објавено пред

Меѓународната манифестација Струшки книжевни средби ќе биде отворена во четврток со поетски хепениниг на кој ќе учествуваат поети од Србија, Бугарија, Албанија и Македонија, а ќе се одржи на Вевчанските извори.

На првиот ден од манифестацијата ќе биде промовирана книгата „Вевчаница“ од Миљурко Вукадиновиќ од Србија, добитник на овогодишната награда „Книжевна далга“. Промоцијата ќе се одржи во црквата „Свети Никола“ во Вевчани.

 

Во петок во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи изложба на фотографии од Петар Ставрев од Битола, како и официјалното отворање на манифестацијата. Тогаш ќе бидат промовирани наградените книги „Куќички“ од Марина Мијаковска, добитник на наградата „Крсте Чачански“ и „Прашалник“ од Христо Петрески добитник на наградата „Јован Котески“, а по конкурсот што го распиша по четврти пат здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга, кои се и организатори на Струшките книжевни средби.

 

Попладне ќе се одржи симпозиум „Книжевна пловидба“ во Спомен домот на Миладиновци. Вечерните часови се резервирани за промоција на книгата ’Нова приказна’ од Мерсиха Исмајлова во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и за вечер на вино и поезија на „Хотел Плажа“ во Струга.

 

На последниот ден од манифестацијата, 5-ти јули, во црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга ќе се одржи поетски митинг „Струшки книжевни бранови“ и доделување на наградата „Книжевна далга“, како и наградата за најдобро прочитана песна на учесниците од Македонија и странство.

 

Манифестацијата Струшките книжевни средби првпат се одржа минатата 2013 година./крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Билетите за забавата на „Оскарите“ се продаваат на добротворна аукција

Објавено пред

Два билета за забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во 2021 година ќе бидат продадени на добротворна аукција во корист на Фондот за борба против последиците на болеста предизвикана од коронавирусот.

Поканите ќе им овозможат на добитниците и нивните придружници да се дружат со филмските ѕвезди на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“ и на забавата по доделувањето на 28 февруари в година.

Од средината на април десетици sвезди се приклучија на кампањата „Сите во предизвик“ за да соберат повеќе од 100 милиони долари за разни програми за помош.

Минималниот износ за учество на аукцијата е 10.000 долари. Цената на стандарден билет за тој настан може да достигне речиси 50.000 долари.

Собраните пари се за оние што се соочуваат со глад во оваа здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот.

На забавата по повод доделувањето на „Оскарите“ во февруари годинава присуствуваа голем број sвезди, меѓу кои и Роберт де Ниро (76), Бред Пит (56) и Рене Зелвегер (51).

Прикажи повеќе...

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Култура

Лејди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт од дома

Објавено пред

Пејачката Лејди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага рече дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“, виртуелна телевизиска манифестација со која би им се оддало признание на здравствените работници за помошта во пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува истовремено на ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media на 18 април во 20 часот.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-презентери Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Денес“.

„Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници“, рече Лејди Гага преку видеоповик за време на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додаде:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега невидено историско културно движење и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион47 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет59 минути

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ1 час

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет1 час

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура1 час

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион16 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава18 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија24 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие