Контакт

Манифестации

Со концерт на народни песни отворенa деветтата културна манифестација ’Три круши’

Објавено пред

Со најубавите македонски фолклорни рефрени, испеани од тројца врвни музичари поддржани од три професионални оркестра, во петокто вечерта на локалитетот Три круши крај скопското село Драчево, беше отворено деветтото издание на Културното лето на општина Кисела Вода „Три круши 2014“.

dobivaj vesti na viber

Едномесечното културно доживување свечено го отвори градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ. „На оваа сцена, почнувајќи од вечерва, па сé до крајот на јули, ќе има случувања кои навистина го заслужуваат вашето ценето внимание. Изборот на секоја содржина која ќе имате можност да ја погледнете, е внимателно направен како би ги задоволил критериумите за квалитет и естетика, притоа потпирајќи се на вкусовите и желбите на жителите на општина Кисела Вода, за кои, пред се, е наменета оваа манифестација. За нас, овогодинешното издание на манифестацијата Три круши, има посебно значение. Посебно затоа што започнува во предвечерјето на 59-иот роденден на општина Кисела Вода и претставува симбол на уште едно од вашите остварени желби, а наши ветувања. Довербата што Вие ни ја дадовте и која резултираше со конкретни проекти, е наша движечка сила во воздигнувањето на оваа локална самоуправа до вистински “сервис на граѓаните”. Водејќи се од дадениот збор пред Вас и одговорноста што тој со себе ја носи, работевме и работиме на остварување на вашите реални желби и потреби, било да се работи за изградба на водоводна и канализациска мрежа, реконструирање на патишта,  обнова на старите и отворање на нови училишта и градинки, отворање на повеќенаменски игралишта и други спортски објекти, легализација на дивоградби, доделување на ваучери за вашите новороденчиња, стипендирање на најдобрите ученици од општината или задоволување  на вашата потреба за квалитетни културни случувања, какво што е ова, вечерва“, рече на отворањето на манифестацијата Беличанец-Алексиќ Концертот започна со настапот на оркестрите при МРТ- Големиот народен оркестар, Oркестарот на народни инструменти и оркестарот Чалгии. Ним им се придружи Анастасија Петреска чија изведба на познатите „Среќата со пари не се купува“, „Јоване море Јоване“, „Каде е мојто либе“, беше громогласно поддржана од публиката. Во дует со Петреска, Владимир Попоски ја изведе „Калино моме“, а веднаш потоа, преку својот настап сите ги потсети на најубавите изворни македонски песни како „Море сокол пие“, „На сред село чeшма шарена”, „Стани моме да заиграш”…

Енергијата што со себе ја носи македонската песна, на сцена ја донесе и Елена Георгиева која заедно со публиката ги испеа „Мите море Мите”, „Фато мори душманке”, „Не кажувај либе добра ноќ”…Со заедничка изведба на „Земјо македонска” и спектакуларен огномет, беше означен крајот на првото случување од широкиот спектар на културни настани кој ќе биде понуден на публиката во рамки на деветото  издание на „Три круши 2014“”Саботната програма од манифестацијата започнува во 20.30 часот, со концертот на уметниците од Факултетот за музичка уметност во Штип – отсек етно-кореологија и игра, како и учениците од Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј” – отсек фолклор кои го сочинуваат ансамблот „Македонија”./крај/мф/таи



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија50 минути

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија54 минути

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија6 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија6 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија7 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија10 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија11 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет12 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет12 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија13 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија13 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет13 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет13 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет13 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија23 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија23 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...