Контакт

Култура

MKЦ ги демантира изјавите на Јани Бојаџи: Режисерот да се обрати кај организаторот на фестивалот

Објавено пред

МКЦ, како институција под чија надлежност е работењето на кино „Фросина“ и градското кино „Милениум“, е организатор на голем број од културните настани и програми и секогаш е на страната на добрата, позитивна и напредна култура и уметност. Секогаш се трудиме покрај нашата сопствена продукција, да бидеме максимално отворени и кон сите други правни и физички чинители на нашето културно живеење.

И токму затоа не сакаме да бидеме мешани во никакви негативни, тенденциозни и зли намери и кампањи, се наведува во реакцијата на МКЦ.

„За жал, некој друг се обидува преку грбот на МКЦ да истера некои свои правдини, освојувајќи само неаргументирана, несериозна и евтина популистичка видливост. МКЦ со организаторот на фестивалот ‘Киненова’ има потпишано договор за отстапување на просторот (двете кино-сали: ‘Фросина’ и ‘Милениум’), договор во кој се наведени правата и обврските на двете договорни страни, но и во кој може да се види дека МКЦ нема никаков увид во селекцијата, уредништвото и програмирањето на фестивалот ‘Киненова’. Па оттаму и не знаеме како само еден филм од програмата треба наеднаш да е предмет на различно толкување и отстапки од веќе потпишаниот договор“, реагира МКЦ.

Оттаму го упатуваат режисерот Јани Бојаџи сите свои прашања, потреби и услови за прикажување на својот филм, како што се наведува, да ги постави кај оние кои го поканиле и селектирале, и да се обиде со нив да ги расчисти сите услови околу учеството на неговиот филм на фестивалот.

„МКЦ ниту има организациска, правна и програмска релација со филмот на режисерот Јани Бојаџи, ниту, пак, има намера и овластување за тоа со  кој било друг автор, продуцент или дистрибутер кој е дел од програмата на фестивалот ‘Киненова’“ се вели во соопштението.

Сметаат дека е чесно Јани Бојаџи јавно да се извини за својот превид, а воедно и, како што велат, очекуваат организаторот на фестивалот да го стори истото, посебно што истиот тој фестивал е исто така поддржан од јавни средства.

Претходно Бојаџи го обвини раководството на МКЦ дека добило наредба од шефот на Владата да го спречи одржувањето на фестивалот „Киненова“ на кој требаше премиерно да се претстави македонскиот филм.

Актуелно

Италијанскиот ансамбл „Дорико“ на Охридско лето

Објавено пред

Музичката програма на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли – мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало, информираат организаторите.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација.

Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар.

Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали.

Прикажи повеќе...

Култура

Теона Стугар Митевска во Пула доби признание Златна Арена за најдобра режија

Објавено пред

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62. Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Од „Продукција Митевски“ информираат дека петочленото жири едногласно ја има доделено оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот.

Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународна сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува.

„Петрунија“ овој месец продолжува со своeто фестивалско присуство на девет фестивали низ целиот свет.

По Пула, филмот го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд.

Прикажи повеќе...

Изложби

На „Охридско лето“ изложба на фотографии „Кина во моите очи“

Објавено пред

Дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер понуди уште една изложба. Станува збор за фотографии на тема „Кина во моите очи“ организирана во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија и Општина Охрид.

Годинава се навршуваат 70 години од државноста на Кина и по тој повод, Амбасадата на Н. Р. Кина во Република Северна Македонија, ја организираа оваа фотографска поставка на која учествуваат сите граѓани кои ја имаат посетено Кина.

Во името на Општина Охрид, се обрати претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска која упати честитки за државноста на, како што рече, нашиот пријателски народ.

-Сметам дека нема подобро место од Охрид во овој период од годината каде меѓу мноштвото културни збиднувања може да се направи една ваква изложба каде можеме да уживаме во убавината на фотографиите кои ни пренесуваат само мал дел од големата магија на Кина. Дотолку повеќе што автентичноста на овие фотографии, иако не претендира, но поради својот природен, оригинален, специфичен тон, успева да достигне и уметничка вредност. Притоа да не заборавиме дека не се изработени од професионалци, туку од наши граѓани кои со различни поводи ја посетиле Кина, рече Ангелоска.

Претседателот на Друштвото на македонско-кинеското пријателство Љупчо Маленко рече дека македонско-кинеското пријателство започна пред 25 години, и како што најави ќе трае уште долги години и ќе се продлабочува.

-Друштвото за македонско-кинеска соработка и пријателство е формирано пред 25 години. Со городост го истакнувам моментот дека ревносно се работеше на воспоставување заедничка соработка и на добрите односи, но и на она што значи претставување на нашите културни вредности, рече Маленко.

Изложбата на фотографии „Кина во моите очи“ што ќе биде отворена седум дена, а има цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството помеѓу Кина и Република Северна Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани. Многу од авторите на фотографиите од изложбата студирале, работеле или ја посетиле Кина. Фотографиите се тематски распределени во четири категории: „Природата и природните богатства на Кина“, „Историски и културни знаменитости во Н. Р. Кина“, „Кинеските градови и нивните значајни обележја“, „Животот на луѓето во Кина“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Свет4 часа

Граѓаните да се воздржат од криминал додека не залади, апелира полицијата во Масачусетс

Полицијата од Масачусетс побара од граѓаните да се воздржат од криминал и нелегални активности до понеделник, поради топлотниот бран што...

Македонија5 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет5 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет6 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија6 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет8 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет20 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет21 час

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија1 ден

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија1 ден

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион1 ден

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 ден

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Досие