Контакт

Култура

Младинскиот оркестар на Западен Балкан со 75 членови настапи на „Охридско лето“

Објавено пред

Во извонредниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата концерти од музичката програма на „Охридско лето“.

Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката.

Концертниот репертоар зрачеше со восхитувачка убавина со највисоки естетски критериуми.

-Голема е честа за целиот оркестар да се биде овде. Сакав да го донесам на „Охридско лето“ и успеавме во тоа. Имавме спектакуларна програма почнувајќи од Увертирара кон операта „Танхојзен“ од Рихард Вагнер, преку познатата симфониска поема „Помошникот на волшебникот“ од Пол Дука, едно наградено дело од млад композитор од Западен Балкан, до „Романска рапсодија бр. 1 оп. 11 од Жорж Енеску, а концертот го завршивме со композицијата „Римски борови„ од Оторино Респиги, изјави албанско-германскиот диригент и пијанист Десар Сулејмани.

Младинскиот оркестар на Западен Балкан е основан врз база на едноставно, но моќно уверување дека музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат. Во регион кој сè уште ги лечи раните по распадот на поранешна Југославија, овој оркестар создава уникатен простор за креација на младите музичари од различни земји и култури, помагајќи им да ги надминат разликите и да се сплотат во заедничка уметничка креација. Инспириран од духот на Европските летни музички академии кои се одржуваат во Приштина од 2012 година, оркестарот официјално е формиран во 2019 година под уметничко раководство на диригентот и пијанист Десар Сулејмани.

Денес Младинскиот оркестар на Западен Балкан е повеќе од само музички ансамбл – тој е мост кој ги охрабрува уметниците од новата генерација да бидат амбасадори на дијалог, разбирање и соработка во регион каде таквите гласови се повеќе од потребни.

Најново

Македонија23 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија30 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт30 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет34 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт41 минута

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт48 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија1 час

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...