Контакт

Култура

Момент за Мориконе – музичко-поетска италијанска вечер во Филхармонија на „Скопје Брас Фестивал“

Објавено пред

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија во 19 часот, ќе се одржи долгоочекуваната музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност.

Во Скопје пристигнува еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД Камерниот оркестар, под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска.

На програмата се дела од легендарните композитори Енио Мориконе и Нино Рота — музичките визионери кои оставија длабока трага во италијанската и светската филмска уметност, создавајќи незаборавни звучни пејзажи кои и денес ја освојуваат публиката ширум светот.

Посебна уметничка димензија на вечерта ќе ѝ дадат поетските сегменти инспирирани од творештвото на Франциск Асишки (годинава се одбележуваат 800 години од неговата смрт) и Луиџи Пирандело, кои ја збогатуваат програмата со филозофска и духовна длабочина, а ќе биде прочитана и една поема од Мајка Тереза. Како рецитатор ќе се претстави Тина Иванова, музиколог и писателка.

Темата „Љубовта и сите нејзини облици“ ја води културната програма за 2026 година на Амбасадата на Италија во Скопје. Станува збор за универзална и безвременска тема која низ историјата инспирирала бројни значајни дела од италијанската литература.

2026 година одбележува 90 години од смртта на Пирандело, добитник на Нобелова награда за литература во 1934 година и еден од најзначајните италијански писатели на сите времиња. Неговите размисли за љубовта го отвораат тематскиот контекст на вечерта.

„Песната на созданијата“, пак, на Франциск Асишки е напишана околу 1224 година, две години пред неговата смрт. Делото претставува прв поетски текст во народен италијански јазик и возвишена пофалба на природата, создадениот свет и братството со сите елементи на животот. Поемата на Мајка Тереза носи наслов „Сакај го животот“ и таа е посветена на возвишеноста на љубовта и на животот.

Концертот е дел од годинешното издание на „Скопски Брас Фестивал“ и се реализира со значајна поддршка од Италијанската амбасада во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград.

Публиката ќе има можност да доживее вечер исполнета со емоција, медитерански дух и уметничка префинетост, каде музиката и поезијата се спојуваат во едно единствено сценско доживување.

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт3 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт3 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет5 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет5 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет5 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава5 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава6 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт6 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...