Контакт

Настани

На дводневната програма на „Синедејс“ филмови во кои Македонија е копродуцент

Објавено пред


Во петокот и во саботата, во вечерните термини на програмата на скопскиот филмски фестивал „Синедејс„ ќе бидат прикажани два филма „Сиера Невада“ и „Ноќен живот“, во кои Македонија копродуцира и се дел од програмата „МК во ЕУ“.

Во петокот вечерта во кино „Милениум“ ќе биде прикажан филмот „Сиера Невада“ на романскиот режисер Кристи Пују во кој Македонија е копродукциски партнер заедно со Франција, Романија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Сиера Невада“ беше прикажан на Канскиот фестивал каде од светските медиуми доби позитивни критики. На 52 филмски фестивал во Чикаго „Сиера Невада„ја доби главната награда за најдобар филм„Златен Хуго„ , како и втората„Сребрен Хуго„ за режија.

Филмот е романски кандидат за Оскар. На звукот на филмот работеше Атанас Георгиевски.

На програмата„МК во ЕУ„, во кои Македонија се јавува како копродуцент, утре во 21 часот во киното „Фросина„ во МКЦ ќе се прикаже словенечкиот филм „Ноќен живот„ на режисерот Дамјан Козоле.

Филмот е копродукција меѓу Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија . На фестивалот во Карлови Вари го освои Кристалниот глобус за режија./крај/мф/св

Култура

Работилници за филмска и театарска критика во МКЦ

Објавено пред

Од

Младинскиот културен центар од Скопје објави конкурс за учесници за циклус работилници за филмска и театарска критика, како дел од проектот „Гледај.мк“.

Работилниците ќе се реализираат во периодот од април до октомври 2018 година, ќе бидат еднодневни и ќе се одржуваат еднаш месечно. Во периодот меѓу работилниците, учесниците ќе работат на развивање на своите вештини за креативно пишување и критичко размислување заедно со тим од ментори.

Право да учествуваат на конкурсот имаат сите лица, кои на денот на објавување на овој конкурс имаат помеѓу 16 и 30 години и можат да учествуваат на сите работилници. Предност при селекцијата на учесници ќе имаат лица, кои до сега немаат објавувано сопствени рецензии и кои ќе имаат доволно слободно време за да учествуваат на работилниците, но и на активностите вон работилниците – следење филмови и претстави, фестивали, скрининзи.

Работилниците ќе се одржуваат во Скопје, во просториите на МКЦ, во неработни денови – сабота или недела, и ќе бидат најавувани барем една недела пред нивното одржување.

Одбраните учесници ќе добијат: учество на 5 еднодневни викенд работилници во наредните неколку месеци, развивање на вештините за креативно пишување и критичко следење на филмски и театарски дела, под будното менторско око на проф. Ана Стојановска, Влатко Галевски и Васко Маглешов, редовно објавување на рецензиите на gledaj.m, објавување на најдобрите рецензии во месецот во печатеното издание на Филм+, бесплатни карти за филмови и претстави, дружење со останатите учесници-вљубеници во театарот и филмот и гости-предавачи од Македонија и странство, можности за посета на домашни и странски филмски и театарски фестивали и поврзани настани.

Од одбраните учесници ќе се очекува учество на сите 5 работилници, пишување на најмалку 3 рецензии месечно, учество на месечни состаноци на групата, заеднички скрининзи, посетување на скрининзи, премиери, фестивали. Секој одбран учесник ќе треба да уплати сума за котизација од симболични 500 денари и да пополни изјава за учество. Средствата од прибраната котизација ќе се искористат за да се понудат дополнителни содржини и активности на учесниците.

Формуларот за учество е достапен на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Култура

Електроакустичен концерт на Џијан Емин и Здружението на џез-уметниците

Објавено пред

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметниците на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе одржи електроакустичен концерт на Џијан Емин. На концертот ќе биде изведена нова авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат 40-ина музичари, членови на Македонската филхармонија, а еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот концепт на концертот. Како што вели Џијан Емин, тој му дава одредена очекувана естетика, која можеби веќе создава и одредена музичка слика кај слушателите.

„Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика што се создава во самиот момент на случувањето користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако, за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодатите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.

Прикажи повеќе...

Култура

Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија

Објавено пред

Од

Во четврток, на 29 март, со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, театарот „Јордан Х.К-Џинот“ Велес ќе гостува во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

„Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација“, велат од велешкиот театар.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е трета продукција од Програмата на Велешкиот театар за 2017 година и е една од најизведуваните претстави со над 30 изведби на репертоарот на театарот. Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, фестивалот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, како и на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија9 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија10 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион10 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија10 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија11 час

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет11 час

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие