Контакт

Изложби

Oтворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов во Домот на култура „Илинден“

Објавено пред

Како дел од 20. Литературна манифестација „Илинден“, во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, беше отворена изложба на слики на сликарот Стефан Хаџи-Николов. Со пригодни зборови за авторот и неговото творештво на присутните им се обрати Ефтим Клетников.

„Овој нов циклус на Стефан Хаџи-Николов е возбудлив, естетски прекрасен и ги задоволува нашите сетила за уметност. Тука ми се наметнува онаа мисла на Леонардо да Винчи дека сликарството е свеченост за окото. Гледајќи ги овие слики мораме да се согласиме со оваа констатација“, истакна Клетников.

На изложбата се претставени 40-на дела масло на платно, а посебен интерес кај присутните љубители на уметноста предизвикаа мотивите со цркви и манастири од општина Илинден.

Стефан Хаџи-Николов учествувал на повеќе од 200 групни изложби во земјата и надвор од неа и е учесник на повеќе меѓународни ликовни колонии.

Изложби

Во Музеј на Град Скопје изложба од концерти и албуми на Влатко Стефановски

Објавено пред

Во Музејот на Град Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, што претставува вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“, што ќе се одржува во Кинотеката од утре до 7 септември.

Материјалот што ќе биде претставен на изложбата е од личната колекција и архива на нашиот познат гитарист и го прикажува неговото патешествие преку бројните солистички концерти и проекти – од почетоците со „Леб и сол” до денес.

Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус низ годините. Стефановски изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија.

– Се разбира, колекцијата е далеку поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња, изјави Стефановски.

Од утре до 7 септември ќе се одржува 5. Скопје синема сити на кој во Кинотеката ќе бидат прикажани десет музички документарци. Фестивалот го организира здружението Номад-арт од Скопје, а во фокусот се филмови во кои „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент.

Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на дигитални колажи на Марија Смилевска

Објавено пред

На плоштадот во Автокоманда, во организација на КЦ 750, на 1 септември ќе биде отворена изложбата на дигитални колажи на Марија Смилевска. Изложбата ќе биде отворена до 5 септември, секој ден од 19 до 22 часот.

Преку мистериозните фигуративни форми позиционирани во имагинарни амбиенти, дигиталните колажи на Марија Смилевска го повикуваат гледачот да комуницира со внатрешниот свет на осамените личности.

Марија Смилевска е родена 1980 година во Скопје. Во 2007 година ѝ се остварил сонот и дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Сега работи како графички дизајнер, слика и прави дигитални колажи-илустрации.

Досега имала три самостојни изложби во Скопје, а нејзини дела биле застапени на повеќе групни изложби, едно биенале, мултимедијални перформанси, истражувачки проекти и интервенции во јавен простор, во Скопје, Кавадарци, но и во Берлин и на островот Корчула во Хрватска.

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Форми во црно“ – изложба на Мице Јанкуловски во Прилеп

Објавено пред

Утре во 19 часот во Уметничката галерија на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се отвори изложбата „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски.

Во Уметничката галерија во Прилеп ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од најновата продукција на Мице Јанкуловски – Форма 3, која е препознаена како исклучителна од страна на професионалната јавност во светот, за што зборуваат и последните награди: „Лоренцо Ил Магнифико“ Награда за животно остварување на Биеналето Фиренца 2019, Италија, наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар, „Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија и многу други.

Куратор на изложбата ќе биде Корнелија Конеска

Делата од оваа фаза на Мице Јанкуловски се карактеризираат со: монохромност – зашто се насликани само со една боја – црна, модуларност – затоа што димензиите се обмислени и секогаш во одреден однос една со друга, мултипликација – затоа што сликите се мултиплицираат и така создаваат нови дела, минимализам – зашто делата, концептот и смислата се постигнати со минимални елеманти, што е најтешко да се постигне, но сликите се резултат на 50-годишно уметничко творештво.

Оваа, 2019 година, Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината, освен во Македонија, ќе има самостојни изложби во Торино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Регион3 часа

Инциденти на Парадата на гордоста во Белград, уапсени четири лица

Повеќе инциденти се регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири...

Македонија6 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија7 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет8 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија9 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа10 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа11 час

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура22 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија23 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт1 ден

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа1 ден

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ1 ден

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија1 ден

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија1 ден

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт1 ден

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет1 ден

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет1 ден

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет1 ден

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Досие