Контакт

Култура

Објавен првиот том од избраните дела на Томислав Османли

Објавено пред

Романот „Дваесет и првиот“ со поднаслов „Книга на фантазми“ се враќа пред македонските читатели како една од најтрофејните македонски прозни дела

.- Проф. Д-р Јелена Лужина: роман што восхитува; Проф. Д-р Венко Андоновски: елегантен, мистичен, рафиниран и раскошно структуриран роман…

Деновиве љубителите на убавата домашна литература, одново ќе имаат можност да се сретнат со еден од најоригиналните македонски современи романи. Со поддршка на Министерството за култура и туризам, книгоиздателството ВиГ Зеница го објави романот „Дваесет и првиот“, едно од најбележитите дела на македонски писател Томислав Османли. Станува збор за првата книга од повеќегодишниот проект на објавувањето Избрани дела од истакнатиот писател, прозаист и драмски автор.

Романот „Дваесет и првиот“ која го носи поднасловот „Книга на фантазми“ во 2010 ја доби наградата „Роман на годината“ што ја востанови и тогаш ја доделуваше „Утрински весник“. Во 2010 година со одлука на уште едно мериторно жири (Д-р Ферид Мухиќ, Д-р Луан Старова и Д-р Наташа Аврамовска) беше македонски кандидат за престижната регионална книжевна награда „Балканика“ која таа година се доделуваше во Валона, Албанија, а ја доби истакнатиот писател Исмаил Кадаре, додека романот „Дваесет и првиот“ беше второпласирана книга од страна на меѓународното жири, меѓу повеќето балкански кандидати на тој избор за „Балканика“.

Романот „Дваесет и првиот“ првично беше објавен од страна на издавачката куќа „Блесок“ и доживеа две изданија во Македонија и повеќе преводи: на англиски (Марија Џоунс и Метју Џоунс), руски (Олга Панкина), хрватски (Проф. Д-р Борислав Павловски), српски (Зоран Ж. Пауновиќ), црногорски (Марина Ѓуровиќ-Маркоска, претходно Проф. Нена Вујадиновиќ), бугарски (Марин Петров) и арапски јазик (Ханд Адел), во сите тие средини проследен со суперлативи од книжевната критика.

Рецензии, одломки од романот и интервјуа со авторот беа објавувани по регионалните весници и списанија, на програмите на Третите програми на Хрватското Радио и на Радио Белград, додека египетската национална телевизија „Nile TV“ од Каиро, на романот, македонскиот идентитет и историја и на нашите преродбенски личности кои се едновремено и ликови ро романот, му посвети едночасовна емисија во разговор со преведувачката на „Дваесет и првиот“, меѓу останатото и како прва македонска книга преведена на арапски јазик. Втората програма на Радио Белград објави серија одломки од македонскиот роман, во поголем број продолженија. Белградскиот портал за култура и уметност „BG Ed Culture“ овој македонски роман го прогласи за еден од петте најдобри странски книги поредени во Србија во 2015 година. Посебните изданија на „Дваесет и првиот“ беа претставувани на Саемите на книгата во Лајпциг, Белград, Москва, а арапското издание и на големите саеми во Каиро, а потос и во Алжир, Саудиска Арабија, Судан, Кувајт и Мароко.

Инаку, за романот на Османли пишуваа Божидар Алајбеговиќ, Јагна Погачник, Теута Бутучи, Радојичиќ… а, кај нас своите највисоки оценки ги искажаа членовите на жирито на наградата “Роман на годината“: Димитар Башевски, Д-р Науме Радически, Манчо Митевски, како и литературните автори и критичари Глигор Стојковски, Д-р Венко Андоновски, Златица Петковска, Бојан Иванов, Мирјана Јанческа, Билјана Билјановска, Д-р Наташа Аврамовска и Д-р Јелена Лужина.

„ … Што напишал Томислав Османли, за толку да нѐ восхити? – пишува Д-р Јелена Лужина во својата рецензија под насловот „Чиј е овој сон?“, објавена во февруари 2010 година во весникот„Дневник“ – Најкратко: нешто што во нашава литература не го направил уште никој. Еден вехементен роман за тегобниот дваесет и први век, македонски и светски, ама роман кој не е литераризиран според логиката на книжевниот текст, туку на технолошките стандарди на компјутерските игри. Во кои, знаеме, владее сосема поинаква (превртена) етика и естетика на бесчувствителноста (уривање и убивање), миговноста (сѐ е молскавично и служи, главно, за еднократна употреба), синхроницитетот (сѐ се случува едновремено и секаде) и на „божемноста“ (Бодријар тоа го вика симулакрум): бидејќи „само“ си играме, ништо што го правиме не е вистинско, не подразбира одговорноста, ниту произведува последици…“

Истакнатиот писател и книжевен теоретичар Д-р Венко Андоновски за романот „Дваесет и првиот“ истакнува: „Томислав Османли напишал елегантен, мистичен, интелектуално рафиниран, раскошно структуриран роман за потрагата по тајниот премин кон подоброто утре, кон подобрите места, кон вечноста која наликува на митската змија што се храни од својата опашка. Од друга страна романот е жестока критика на секојдневието и на нашата македонска судбина постојано да копнееме по друго место, по друг свет, некаде зад куќниот праг, за конечно, откако ќе ја платиме цената на расточувањето на идентитетот и човековото обезличување што тој прекрасен нов свет ни ја испорачува, да се вратиме дома, каде единствено може да се пронајде мистичниот таен премин кон вечното блаженство и спокој. Роман што воодушевува и што се чита со едно отворање на кориците.“

По повеќе години отсуство од нашите книжарници, романот „Дваесет и првиот“, една од најтрофејните македонски книги, во издание на „ВиГ Зеница“, му се враќа на македонскиот читател како првата книга од повеќегодишната серија Избрани дела на Томислав Османли. Од наредната седмица книгата ќе може да се најде во книжарниците “Литература.мк“ и „Или-или“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

МНТ со двојна победа: Првенците Тони Михајловски и Тања Кочовска наградени во ист ден на два фестивали

Објавено пред

Од

Двајца првенци на Македонски народен театар во ист ден беа наградени за своите улоги во претставата „Народен пратеник“, на два различни фестивали, потврдувајќи го високиот уметнички квалитет на ансамблот и силниот регионален одек на театарот.

Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Настапот на ансамблот беше проследен со силни аплаузи и одличен прием од фестивалската публика и стручната јавност.

„Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ е реномиран театарски фестивал кој од 1995 година се одржува во Центарот за култура во Пожаревац, во чест на еден од најголемите српски актери – Миливоје Живановиќ. Фестивалот традиционално се одржува во првата недела од април и на публиката ѝ нуди селекција на најдобрите претстави од годишната продукција на престижни театри во Србија и регионот.

Програмата се состои од пет натпреварувачки вечери, а победниците влегуваат во конкуренција за главната награда – статуетата „Миливоје Живановиќ“. Помеѓу досегашните лауреати се значајни актерски имиња како: Љубомир Тадиќ, Драган Миќановиќ, Војислав Воја Брајовиќ, Предраг Ејдус, Ружица Сокиќ, Милан Лане Гутовиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Небојша Глоговац и Јелисавета Сека Саблиќ.

Истовремено, во Велес, во рамките на петтото јубилејно издание на фестивалот „5-РЕ“, актерката Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за својата впечатлива интерпретација на ликот Спиројца.

Со едногласна одлука, жирито во состав Зорица Панчиќ, Владимир Тулиев и Елеонора Теова ја истакна нејзината остра духовитост, доминантно сценско присуство и автентична интерпретација, нагласувајќи дека „секој нејзин гест и реплика се претвораа во победа“, а нејзината изведба ја издвои како еден од највпечатливите сценски моменти на фестивалот.

Претставата „Народен пратеник“, по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, бележи значајна меѓународна сценска присутност како дел од балканската турнеја. Досега е изведувана во Народното позориште во Белград, Црногорското народно позориште во Подгорица, како и на повеќе сцени низ Босна и Херцеговина, а беше дел и од програмата на реномираниот фестивал „Стериино позорје“.

Продукцијата е добитник на повеќе значајни признанија, меѓу кои главната награда „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина на фестивалот „Борини позоришни дани“, како и специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (глас), како и ансамблот Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили.

Прикажи повеќе...

Култура

Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

Објавено пред

Од

Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора.

„Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда…). Со ова мото сакаме да ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот. Автор на постерот е Андреј Павлов“, велат организаторите.

Официјалното отворање е закажано за 7 мај во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, на кое ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска што беше одбрана за најдобра од дванаесетмината што настпија на „Отскочна даска #5“ ‒ преднастан на фестивалот наменет за млади поети, а по ова прво интернационално поетско читање ќе следува поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора.

Следниот ден програмата ќе продолжи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, каде што ќе се одржи „Поетот е присутен“, настан од затворен карактер, на кој дел од поетите учесници на фестивалот ќе читаат за малубројна публика што претходно ќе биде избрана по повик; потоа ќе следува и настанот „Диптих #6“ на кој ќе бидат претставени две изданија на „ПНВ Публикации“, избор песни од авторките Гонџа Озмен од Турција и Кристина Шпиранец од Хрватска, а потоа ќе следува уште едно интернационално поетско читање на кое ќе настапат десетмина поети и поетеси.

На последниот ден на фестивалот, 9 мај, настаните ќе се одржат во „Буква“. Публиката ќе има можност да проследи уште две промоции на книги, едната е избор песни од поетесите Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во издание на „Култура Бета“, а другата е стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич од Словенија, издание на „ПНВ Публикации“. По промоциите ќе следува интернационалното поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ на кое ќе настапат петнаесетмина поети и поетеси. По ова читање ќе следува и забава за крај на фестивалот.

Но пред сите овие збиднувања, како еден од преднастаните на фестивалот, на 7 мај, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на поетската панорама што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја подготви „ПНВ Публикации“ и во која ќе бидат застапени песните на сите шеесет и шест досегашни учесници на овој настан наменет за млади. Книгата ќе биде промовирана со читање на сите млади автори застапени во панорамата.

Прикажи повеќе...

Култура

Бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево

Објавено пред

Од

Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево.

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи на 9 април 2026 година (четврток), во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот.

Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети.

Граѓаните можат да резервираат место во периодот од 7 до 9 април, од 07:30 до 15:30 часот, на следните телефонски броеви:075/380-928 (Даниела) и 071/804-474 (Верица).

„Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на културната понуда во овој дел од градот, со фокус на презентација на значајни остварувања од домашната кинематографија. Преку прикажување на етаблирани македонски филмови, Општина Кисела Вода овозможува поголема достапност на националното филмско наследство за сите граѓани“, велат од општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 минути

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт15 минути

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион2 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт2 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника2 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија2 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт2 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт3 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет3 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....