Контакт

Култура

Од 18 до 26 септември седмо издание на Скопски градски фестивал

Објавено пред

Од 18 до 26 септември ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Организатор на фестивалот е Баги Комуникации.

Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичкото наследство на Балканот. Дел од програмата се создава специјално за фестивалот, со нови соработки и премиерни изведби.

– Во седмото издание сакавме регионалната соработка да не остане само на ниво на гостувања, туку фестивалот да биде место каде музичарите навистина се среќаваат и создаваат заедно. Оттука и програмата што поврзува различни генерации, музички јазици и традиции, но и уметници од шест земји кои делат многу повеќе отколку што ги делат границите, велат организаторите од Баги Комуникации.

Во рамките на фестивалот ќе настапи словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски заедно со Profundus.

Проект создаден специјално за годинашното издание ги обединува меѓународно афирмираниот македонски контрабасист Мартин Ѓаконовски, албанскиот пијанист и композитор Gent Rushi и грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis. Тројцата музичари специјално компонираат заедничко дело, кое својата премиерна изведба ќе ја има токму на фестивалот.

Во програмата е и пијанистката Милјана Николиќ со проектот „Балкански композитори“, посветен на творештвото на современите автори од регионот.

Истата фестивалска вечер свој самостоен настап ќе има и македонскиот гитарист и мултиинструменталист Мухамед Ибрахими, чиј авторски израз ги поврзува ориенталните музички влијанија со современата акустична и амбиентална музика.

Македонскиот виолончелист Антонио Илиоски и бугарската пијанистка Јана Василева Лолова на Скопскиот градски фестивал ќе ја одржат концертната промоција на албумот „Beyond The Silence“.

На 20 септември, на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, ќе настапи и младата скопска музичка група Фрекфенција, составена од ученици од основно училиште.

Сите концерти ќе се одржуваат во камерната сала на Македонската филхармонија.

Основан во 2021 година, Скопскиот градски фестивал во изминатите шест изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Досега фестивалот обедини повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот, иницираше бројни премиерни концертни проекти и нови уметнички соработки и создаде публика која ја препознава неговата програмска доследност и квалитет, вели орханизаторот.

Најново

Спорт5 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт5 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника6 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника6 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт9 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија9 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт9 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија9 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...