Контакт

Култура

Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина на „Охридско лето“

Објавено пред

Вечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија.

Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво.

-Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која настапувала на многу слични меѓународни сцени, а имала чест да свири и пред претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. Програмата што ја изведува вечерва е во согласност со инспиративната тема што ги поврзува сите културни настани организирани од страна на Амбасадата во текот на 2026 година- Љубовта во сите нејзини облици, рече италијанскиот амбасадор Палминтери, упатувајќи голема благодарност до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на „Охридско лето“ за нејзиното присуство на Италијанската вечер, до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, како и до Италијанскиот институт во Белград за поддршката на оваа традиционална вечер.

Пијанистката Кристиана Пегораро која „Њујорк тајмс“ ја опишува како „уметница од најголем калибар“ , вечерта ја започна со „Largo al Factotum“ од операта „Севилскиот бербер“ на италијанскиот композитор Џоакино Росини, но во нејзин аранжман како што беа впрочем и повеќето дела што ги долови на концертот. Потоа следуваа композиции од Бах, Шуберт, Бетовен, Вивалди, Моцарт, Вебер, па извонредната интерпретација на сплет од наполитански песни, а крајот на вечерта беше во знакот на композиции создадени од самата пијанистка.

-Програмата со која настапувам е наречена „Радоста на музиката“. Музиката е универзален јазик кој води директно до срцата на луѓето, рече пијанистката Пегораро, којашто навистина внесе радост кај публиката со своето маестрално музицирање на фестивалското пијано, при тоа, внимателно воведувајќи ги слушателите во делата што ги свири.

Добитничката на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија за својата пијанистичка дејност, најстапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Најново

Спорт15 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт24 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет27 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт36 минути

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија42 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет47 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...