Контакт

Култура

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Објавено пред

Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“, тој празник го приреди младиот пијанистички виртуоз од Кина Сихенг Сонг кој ги демонстрира не само неговата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат, туку и чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа.

Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти, пијаното постигнуваше волуменозност на мал оркестар.

Со неверојатна леснотија, прецизност и висока концентрација, концертната програма започна со Месечевата светлина од Дебиси, продолжи со Сонатата за пијано бр 16 во це-дур од Моцарт, а специјално за овој настап на „Охридско лето“ Сонг избра да ја свири Есенска месечина врз мирното езеро од кинескиот композитор Пејжун Чен, но и Избор од Клавирски поеми од Земјата чиј композитор е самиот тој.

Восхитувачката меморија на Сонг да го отсвири на памет целокупниот репертоар што траеше речиси час и половина, дополнително ја воодушеви публиката која не ги штедеше аплаузите кои до крајот на концертот беа сè погласни и погласни.

-Беше навистина неверојатно. Сметам дека програмата беше мал предизвик бидејќи некои дела беа мои и публиката првпат ги слушна. Имаше и едно многу долго дело, 24 Прелудиуми од Шопен, но публиката, иако беше премногу топло, остана до крај на своите места. Нејзината реакција е многу важна за уметникот. Тоа се нарекува хемиска размена помеѓу луѓето. Затоа музиката е многу важна зашто ги зближува луѓето, рече виртуозниот шангајски пијанист Сихенг Сонг.

Сонг се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжил да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршувал со Доминик Мерле.Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти комбинирајќи го стандардниот рецитален формат со мултимедија. Досега има создадено пет такви проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.

Најново

Европа3 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт3 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава3 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава3 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт3 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава3 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава3 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...