Контакт

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“: Уникатно музичко доживување за публиката

Објавено пред

Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови.

На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети дека од првата фестивалска вечер на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ па до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, како што рече, под отворено небо и на простори со вековна историја.

-Тоа е суштината на „Охридско лето“- преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти. Ова фестивалско издание остави зад себе голем број концерти, претстави и средби со врви уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество. Како министер за култура и туризам, горд сум што министерството е партнер и поддршка на фестивалот кој повеќе од шест децении е еден од столбовите на нашиот културен живот. Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите-за секоја генерација, за секој уметник, за секој љубител на уметноста, рече министерот Сулејмани.

Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка помеѓу Полска и Република Северна Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи плакета на амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора.

-Благодарност за прекрасната соработка со организацијата на фестивалот, особено што втора година по ред, Полската вечер ја затвора музичката програма на „Охридско лето“. Разбирливо е да се прашате зошто американски музичар од Калифорнија настапува на Полска вечер. Го поканив Стен Брекенриџ, не само заради тоа што ми е долгогодишен пријател, туку и заради тоа што тој е многу голем пријател на Полска. Првпат дојде во Полска во 2004 година и веднаш се заљуби во нашата земја. Во следните години ја посетуваше повеќе пати, а откако се пензионира од Универзитетот во Калифорнија во 2018 година, засекогаш се пресели во Полска. Оттогаш живее во Познањ и ги учи студентите, а во исто време ја продолжува и својата уметничка кариера. Неговиот најнов проект „Реимагиниран Шопен“ ги свири делата на иконата на полската музика, Фредерик Шопен во негови џез-боса нова аранжмани. За да ја направиме поинтересна оваа вечер, го замолив во програмата да вметне и неколку евергрин мелодии кои обично ги свири на своите концерти. Ова е уникатна можност да го слушнете најдоброто од Шопен и од американската музика, рече полскиот амбасадор Бримора.

Квартетот „Глам“ кој негува стилска разновидност и комбинира повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до современите алтернативни стилови го сочинуваат Барбара Шелчаеиевич – прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска – втора виолина, Каролина Вашцинска-Лукановска – виола и Агњешка Ковалчук – виолончело.

Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“ е традиционална и се одржува веќе 17 години, носејќи ги најдобрите уметници од Полска.

Најново

Свет11 минути

Мерц огорчен од посетата на Шредер кај Путин: Крајно неморално

Германскиот канцелар Фридрих Мерц е „длабоко огорчен“ од посетата на поранешниот канцелар Герхард Шредер на домот на Владимир Путин, каде...

Спорт22 минути

Мурињо го осуди таргетирањето на Мбапе: Го имате Сити, го имате Роналдо, но секогаш „удирате“ по Реал

Реал Мадрид утре ќе го пречека Виљареал, во осмата рунда, во Ла Лига. Во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо одржа...

Спорт37 минути

Ферстапен на пол-позицијата пред спринтот во Сингапур

Макс Ферстепен ја освои пол-позицијата за утрешната спринт трка, во пресрет на Големата награда на Сингапур. Четирикратниот светски првак, до...

Македонија39 минути

ЛДП: Владата ги крие неверојатните хонорари како за Стевановска за „Скопје 2014“, ЈО разбудете се

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што...

Свет44 минути

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија1 час

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија1 час

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија1 час

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт2 часа

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...