Контакт

Култура

„Последната роза на летото“ – музички раскош и европски дух на „Охридско лето“

Објавено пред

Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи.

Прекрасниот амбиент на „Света Софија“ дополнително ја збогати музичката приказна, во која се испреплетоа раскошните тонови на виолината, пијаното и флејтата. Изведбите на делата од Елгар, Рајнеке, Џон Филд, Чајковски и Вилијам Винсент Волас донесоа различни музички светови, обединети во една впечатлива и емотивна целина.

Посебно место во програмата имаше делото „Фантазија и варијации на тема ‘Последна роза на летото’“ од Волас, кое со својата нежност и виртуозност беше своевидна музичка круна на вечерта.

Публиката со бурни аплаузи ги награди извонредните уметници, кои приредија уште една незаборавна фестивалска вечер под сводовите на „Света Софија“.

Вечерта на Европската унија деветнаесетта година по ред се одржува на фестивалот „Охридско лето“, со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, потврдувајќи ја силната поврзаност меѓу европската култура и уметноста што „Охридско лето“ традиционално ја негува.

„Особено сме горди што ЕУ вечерта веќе деветнаесет години е дел од традицијата на „Охридско лето“. Преку ова партнерство, Европската Унија континуирано ја поддржува културната размена, ја промовира европската уметност и ги зајакнува врските меѓу Европската Унија и Северна Македонија“, рече заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.

Пред фестивалската публика тој истакна дека културата отсекогаш била мост што ги поврзува луѓето, ги надминува границите и нè потсетува на вредностите што нè обединуваат.

Најново

Македонија7 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника54 минути

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава1 час

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника2 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт2 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...

Свет3 часа

Германска ракета првпат стигна до орбитата од континентална Европа: „Почеток на нова ера“

Германскиот стартап „Исар Аероспејс“ (Isar Aerospace) денеска соопшти дека наскоро ќе го зголеми бројот на лансирања на сателити, откако неговата...

Црна хроника3 часа

Приведен гостиварец по пријава дека физички и полово ја нападнал вонбрачната сопруга

Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан. Како што...

Топ3 часа

Опасност од залутани куршуми во Скопје: погоден човек, оштетени возила и куќа

Четири случаи со залутани зрна од огнено оружје биле пријавени во Скопје во текот на вчерашниот ден, при што е...