Контакт

концерти

Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

Објавено пред

Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија.

Postmodern Jukebox е музички колектив кој во тотален винтиџ-стил го носи духот на Њуjорк во своите настапи, во кои на специфичен кабаре-начин изведува песни во опсег од Radiohead и The White Stripes, па сè до Lady Gaga, Strokes и уште многу други.

„Настапите на Postmodern Jukebox во суштина претставуваат врвно џез и свинг-кабаре, кое наместо да одите да го гледате во Њујорк, ви доаѓа и можете да го гледате дома. Во тоа е тајната на нивните настапи во светот, кои се тотално распродадени, а за нивната гледаност на ‘Јутјуб’ воопшто и да не зборуваме“, се вели во соопштението од „Авалон продукција“, која го организиара овој настан.

Оттаму појаснуваат дека за настапот во Скопје е избрана салата на Македонската филхармонија како идеално место за таков тип шоу.

концерти

„Охридско лето“: Вечер на кинеска музика со бамбусови флејти

Објавено пред

Од

Кинескиот оркестар на бамбусови флејти вечерва ќе музицира за публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почерток во 21 часот, а програмата со наслов „Небесниот звук на бамбусовата флејта и Ксиао“ опфаќа античка музика од династијата Танг, како и дела од кинеските композитори Жанг Веилианг, Лиу Мингјуан, Гуо Венжинг, Цуи Кван.

 

Кинескиот оркестар на бамбусови флејти е основан од еден од најпознатите интернационални професионалци за кинеска традиционална музика, познат свирач на т.н. „бамбусова флејта“ – Жанг Веилианг и е прв од ваков вид во светот. Функционира како дел од Кинескиот конзерваториум за музика во Пекинг кој претставува највисок конзерваториум за традиционални кинески инструменти, а создаден е со цел да се постигне подобар развој на изведувачките способности на бамбусовите флејтисти.

Флејатата како инструмент е оддамна позната во кинеската музика. Уште од античко време се користела во традиционалната кинеска опера, но и во кинеските оркестри.
Покрај промоцијата, како на инструментот, така и на кинеската традиционална музика, оркестарот има голема улога и во збогатувањето на музичката литература за бамбусовата флејта, поттикнувајќи ги композиторите и изведувачите да компонираат музика за потребите на оркестарот.

На репертоарот се среќаваат оригинални дела на голем број значајни кинески композитори, а постојано расте и бројот на композитори од другите земји кои компонираат токму за овој инструмент. Повеќето од членовите на оркестарот се млади професори од конзерваториумот, добитници на многубројни награди и признанија.

Прикажи повеќе...

концерти

Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и џез“ во Охрид

Објавено пред

Од

Владимир Четкар вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и џез“ во Охрид во хотелот „Филип“.

Ова е четврта година по ред како се одржува овој музички настан, каде што публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.

Вратите се отвораат во 20 часот, а концертот ќе почне во 21 часот. Влезниците за овој концерт чинат 300 денари, а за резервации и повеќе инфо љубителите на виното и џезот може да се јават на 078 474 656.

Прикажи повеќе...

концерти

Шпански танци со усна хармоника и пијано вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Од

Музичката програма на фестивалот Охридско лето вечерва продолжува со концерт на шпанските уметници Антонио Серано и Констанца Лехнер.

Виртуозот на усна хармоника, Серано, заедно со пијанистката Лехнер во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот, ќе изведат шпански танци од познатите композитори Мануел де Фаља, Енрике Гранадос, Пабло де Сарасате, како и композиции од Франциско Тарега, Астор Пјацола и Карлос Густавино.

Антонио Серано своето образование го стекнува под менторство на прочуениот Лари Адлер. Неговите импресивни технички способности на хроматска усна хармоника му овозможиле да истражува разни музички стилови, па, така, неговиот репертоар се состои од дела од класичната музика, па сè до дела од џез, танго и фламенко-музиката. Благодарение на тоа, Серано станува еден од најважните импровизатори на својата генерација. Големата популарност му овозможува да соработува со некои од најзначајните шпански музичари вклучувајќи го и познатиот гитарист Пако де Лусија. Покрај тоа, настапувал и со повеќе симфониски оркестри во светот, а снимал музика и за некои од филмовите на познатиот светски режисер Педро Алмодовар. Неговата дискографска збирка брои дури 11 сопствени носачи на звук.

Пијанистката Констанца Лехнер првиот контакт со овој инструмент го има уште на двегодишна возраст. Студиите ги завршува на конзерваториумот „Сан Лоренцо дел Ескоријал“, а паралелно студира и чембало, стара музика, модерен клавир и џез на Школата за креативна музика во Мадрид.

Ваквиот сестран пристап кон музиката ѝ овозможил соработка со разни симфониски оркестри и изведувачи од Шпанија и светот. Покрај музичките сцени во родната земја, Лехнер досега има настапувано и во Франција, Грција, Јордан, Швајцарија, САД, Канада, Турција, Кипар, Бахреин, Оман и во Германија. Во 2015 година го снима компакт дискот Infancia со цел да им ја доближи на децата музиката на големите светски композитори.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија13 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија14 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија16 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион16 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија16 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија17 часа

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија18 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија18 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион19 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет20 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет2 дена

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион2 дена

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие