Контакт

Култура

Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“

Објавено пред

На 14 март (сабота) со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

„Магичната флејта на Вулфи“ е книга за деца којашто е инспирирана од музиката на Моцарт, но се работи за автентична приказна којашто го опишува авантуристичкиот карактер на малечкиот Вулфи и неговата средба со „магичната флејта“. Неговите палавштини, разно-разни активности, комичните игри, љубопитноста и потрагата по мистериозното, го прикажуваат неговиот интересен карактер, којшто се обликува и преку комуникацијата со останатите ликови во приказната како Таткото, неговата тетка Марија Лепка Лепенка, Трепкачкиот сосед – чичко Франц, Магичната флејта…

Огромната љубопитност на малиот Вулфи, всушност, еден ден ќе го одведе до визбата на неговиот татко, каде што ќе се сретне со МАГИЧНАТА ФЛЕЈТА. Таа, со нејзините звуци и пискав „глас“, ќе му помогне да му се оствари најголемата желба, а тоа е, да стане славен музичар.

Приказната е збогатена со фантазија и малку магија, којашто, на крајот, станува реалност. Претставата има забавен, но и едукативен карактер, со што идејата е да се поттикнат најмалите да ја заскааат музиката на Моцарт и славните класичари, а во истовреме, преку забава, да научат дека фантазијата и секоја желба ако е голема и искрена, на крајот се остварува.

Најново

Црна хроника44 секунди

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија3 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија6 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт12 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт26 минути

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...

Забава33 минути

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и сподели фотографија што воодушеви многумина

Ана Ивановиќ го прослави својот 39-ти роденден и го одбележа тој повод на Инстаграм. Таа објави фотографија што го привлече...

Спорт35 минути

„Марка“: Хаос на Местаља, Ридигер му удрил тупаница на човек од обезбедувањето

Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил...

Забава40 минути

Во друштво на убавата свршеница помлада од него 44 години: Мик Џегер не крие дека е лудо вљубен

Мик Џегер и Мелани Хамрик ретко се појавуваат во јавноста, а секогаш кога ќе го сторат тоа, разликата во нивните...

Забава45 минути

Четири хороскопски знаци ги очекуваат тешки животни искушенија во 2027 година

Годината 2027 носи бројни астролошки предизвици за четири хороскопски знаци, кои ќе мора да се соочат со проблеми што долго...