Контакт

Култура

Романот „Тринаесеттиот“ од Лидија Димковска финалист на изборот за најдобра книга „Штефица Цвек“

Објавено пред

Романот „Тринаесеттиот“ од македонската писателка Лидија Димковска, во издание на Издавачки центар ТРИ, е меѓу финалистите на Регионалниот книжевен избор за најдобра книга „Штефица Цвек“.

„Тринаесеттиот“ – современа бајка за мали и големи, ја раскажува приказната за висококатницата на месеците во која се живее како насекаде – со смеа и гушкања и со неправди и осаменост. Разноликоста на ликовите и нивните приказни му дава висока книжевна вредност на ова дело, кое осветлува поинакви начини на размислување за еден поинаков свет кој цели кон прифаќање и разбирање на Другиот, поинаквиот, оној кој често во реалноста останува на маргините.

Финалистите беа објавени на книжевниот настан што годинава првпат се одржа во Скопје, во КСП „Центар – Јадро“, во сабота (03.10.), на кој се обратија членовите на првата и на втората жири-комисија, составена од книжевници, критичари и уредници од регионот.

За „Тринаесеттиот“, Дафина Веселиноска, членка на првото жири, истакнува: „Посакувам книгава да постоеше додека растев и сакам да им ја подарам на сите деца што ги знам! Романот раскажува за момче на кое му наоѓаат засолниште во зградата на месеците (да, буквално, месеците низ кои годишно минуваме се антропоморфизирани и имаат своја станбена зграда), со што им се нарушува секојдневието. Овој едноставен и фантастичен наратив авторката го ползува за да отвори теми поврзани со родот, семејното насилство, загадувањето на средината, миграционите политики, транс и квир идентитетот, трансфобијата и хомофобијата, колективната грижа и одржувањето на заедницата“.

Изборот „Штефица Цвек“ веќе пет години обединува, чита и наградува книги кои истражуваат феминистички, еколошки, антифашистички, квир, антиколонијални и други перспективи пишувани на македонски или на БХСЦ-јазиците. Меѓу седумте наградени книги се најде уште една од Македонија – илустрираната книга за деца и возрасни со еколошка тема, „Памук“ од Ника Гавровска и Ѓоко Гавровски.

Најново

Свет9 минути

Повеќе од 100 уапсени на протестите во Париз, меѓу нив и 40 малолетници

Повеќе од 100 лица биле уапсени на протестите во Париз во саботата, меѓу кои и 40 малолетници, соопшти париската полиција....

Свет23 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет29 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника49 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион2 часа

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...