Контакт

Сцена

„Лола" премиерно во „Џубокс"

Објавено пред

По светската премиера на фестивалот KNOTS во Аргентина, во сабота во кабаре-клубот „Џубокс” ќе се одигра македонската премиера на претставата „Лола” во режија на Софија Ристевска.

По „Лили” и „Љубовницата”, Ристевска повторно доаѓа на сцената на Џубокс, овој пат со монодрама во која актерката Македонка Илиевска портретира хероина која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза.

„Лола” е една од ретките продукции што во периодов се реализира вон националните театри, а и со овој текст независниот INTIMATE-THEATRE продолжува да ги истражува женските приказни и предизвици. „Лола”, работена според вистински приказни, ја прикажува трагедијата на либералниот капитализам кој ги изгладнува луѓето, а ги збогатува корпорациите. Според Ристевска, ова е претстава за глад и смрт, за убиства и секс, приказна за погрешните животни избори и за многуте компромиси што една жена ги прави со единствена цел – да преживее во систем каде се умира од физички и емоционален глад.

По премиерата закажана за 11 мај во 22h, на сцената на Џубокс „Лола” ќе се игра и следните денови во истиот термин. Заинтересираните може да си обезбедат билет на 078 307 569 или преку [email protected] и да ја поддржат независната театарска сцена во Македонија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Откажани фестивалите Skopje sounds good и Skopje calling

Објавено пред

Поради трагичниот настан во тетовската модуларна болница, каде што синоќа избувна пожар и загинаа 14 луѓе, откажани се претстојните фестивали Skopje sounds good и Skopje calling.

Организаторите на фестивалите изразија најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово.

„Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо. Се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота (Skopje Calling) се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија“, велат од таму.

Сите што имаат купено билети за овие настани, можат да направат рефундација во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09).

Прикажи повеќе...

Култура

„Само глас“ гостува на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Објавено пред

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ ќе гостува на 29. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Претставата ќе се одигра на 11 септември со почеток во 19:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица.

Покрај МНТ, на фестивалот годинава ќе учествуваат десет продукции од нашата земја и странство, меѓу кои се театарските куќи од Србија, Бугарија и Хрватска.

Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е трето фестивалско претставување, а следното гостување на комуникациската модерна драма е предвидено за 12 октомври на Интернационалниот театарски фестивал Јоакимфест во Р Србија.

Прикажи повеќе...

Култура

„Нема да биде крај на светот“ – проект со кој МНТ ја почнува новата сезона

Објавено пред

„Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ е најновиот проект што започна да се подготвува на сцената на Македонскиот народен театар.

Оваа драма и оваа претстава се занимаваат со рушењето на интимните светови. Сите три лика (Дарја Ризова како Маша, таткото – Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ во улогата на Нина) од оваа драма под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат во пресрет… Собрани под покривот на куќата во која се случил распадот на нивниот заеднички семеен свет, тие своите индивидуални кршења си ги откриваат едни на други.

Костимограф на претставата е Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценограф е Ангел Петровски.

Изборот на музиката и адаптацијата е на Оливер Митковски, во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски, а како соработник за македонски јазик се потпишува Ѓорѓи Јолевски.

Проектот е во продукција на „Перипетија продукција“, a во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевскиот ратни театар – САРТР од Сараево (Босна и Херцеговина).

Бидејќи станува збор за копродукциски проект меѓу два театра, претставата ќе има две премиерни изведби во двете земји. Првата премиера ќе се одигра на 18 септември на сцената на САРТР – Сараево, БиХ, а втората премиера е предвидена за ноември на нашата матична сцена во согласност со протоколарните мерки за заштита од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Првичните резултати од изборите во Русија покажуваат победа на партијата на Путин

Руската владејачка партија Единствена Русија, од која потекнува и претседателот Владимир Путин, е на пат да победи на парламентарните избори,...

Македонија11 час

23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи...

Македонија13 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет13 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија14 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија16 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија19 часа

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ19 часа

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет20 часа

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет21 час

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа21 час

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет22 часа

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија1 ден

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет2 дена

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ2 дена

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет2 дена

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Досие