Контакт

Сцена

Лондонскиот театар Globe тргнува на светската двегодишна турнеја со 'Хамлет'

Објавено пред

Славниот лондонски театар „Shakespeare’s Globe” на 23-ти април ја одбележува 450-годишнината од раѓањето на најголемиот англиски драматург и поет Вилијам Шекспир, со почеток на турнејата и ќе трае точно две години до 23-ти април 2016 година, на 400-годишнината од смртта на Шекспир.

dobivaj vesti na viber

Податок за точниот ден на раѓањето на Бардот, како што Шекспир го нарекуваат во Англија, не е зачуван, Познато е само дека бил крстен на 26-ти април. Според традицијата овој ден се прославува заедно со денот на смртта на англискиот книжевник, 23-ти април, кој се совпаѓа со празникот на свети Џорџ, светецот заштитник на Англија.

„Тие ќе патуваат со бродови, возови, џипови, автобуси, авиони и ќе настапат на различни места, од рурални области до национални театри, од палати до плажи”, се вели во соопштението на театарот.

Улогата на Хамлет во постановката на Доминик Дромгул и Бил Бакхерст наизменично ќе ја толкуваат Лади Емерув и Нам Хајат. Другите актери, исто така, ќе се менуваат, минувајќи на пат по околу два месеца. Според раководството на „Shakespeare’s Globe”, идејата за патешествието и актерските перформанси пред нови и нови луѓе било многу значајно за Шекспир, така што светската турнеја на „Хамлет” потполно претставува изразување на почит кон авторот. Се додава дека станува збор за скап проект, па во моментов театарот продолжува со собирање финансиски средства за поддршка на турнејата.

Првата вистинска турнеја во историјата на овој стар и познат театар ќе започне на 23-ти април 2014 година, на самиот ден кога е роден Вилијам Шекспир во далечната 1564 година во местото Стратфорд на Авон, Театарската трупа Globe, којашто на турнејата ја сочинуваат 16 лица, 12 актери и четворица сценски работници, планира две години да мине во авиони, возови, бродови и автобуси за со една од неговите најпознати и најизведувани трагедии ги посети сите земји во светот, вкупно 205.

„Мислам дека таквата налудничава идеја е одлична, дека тоа е добар начин за привлекување на вниманието, интересот и одушевувањето поради амбициите и енергичноста на трупата”, изјави неодамна за британски The Guardian уметничкиот директор на Globe, Доминик Дромгул.

Истакна дека ниедна земјa не смее да биде изоставена. „Доколку планот е да се минат сите земји во светот, тогаш ќе гостуваме токму во сите”, вели Дромгул. Тоа го вклучува, како што појаснува, и земјите од поранешниот Советски сојуз, Јужна и Северна Кореја, којашто трупата одвај чека да ја посети, а нема да биде заобиколен ниту Антарктик.За таквиот проект „Хамлет” е идеалниот избор, смета Дромгул. „Станува збор за светски познато, моментално најпрепознатливо дело коешто има капацитет да поставува прашања, предизвикува и инспирира каде и да е на светот”, додаде директорот на Globe.

Претставата премиерно ќе биде изведена во театарот Globe на 23-ти април 2014 година, каде што воедно ќе биде одиграна и последната претстава од турнејата, точно две години подоцна на 23-ти април 2016 година.

Веќе се познати и последните две станици на големиот проект, 204-та изведба ќе биде во Долината на големата раседлина (Great Rift Valley) во Кенија „исходиштето на човечкиот живот на земјата ” а 205-та во дворецот Хелсингор во Данска, место во коешто Шекспир го смести дејствието на својата трагедија. На патот до остварувањето на својата амбициозна идеја, трупата Globe ќе го одигра „Хамлет” во театри, на градски плоштади, на плажи и во џунгли. Сепак, патот нималку нема да биде лесен.

По Европа, каде што трупата планира да гостува во по четири земји за само пет дена, заминуваат на Карибите, во Северна и во Јужна Америка, па долж западниот брег на Африка до Австралија и Пацификот. Потоа следат Индонезија, Јапонија, Кина и Азија, па по должината на источниот брег на Африка ќе стигнат до Хелсингор, од каде се враќаат во Лондон. „Логистички, тоа би можело да биде многу тешки издржливо”, предупредува Дромгул.

Иако станува збор за експеримент без преседан, ова не е првпат трупата Globe да се впушта во спектакуларен обид за поврзување на сите народи на светот низ дела на најголемиот писател на англиски јазик и најизведуваниот драматичар во светот. Минатото лето во рамките на Културната олимпијада во рамите на настаните поврзани со Олимписките игри во Лондон 2012, кога Globe организираше светски фестивал посветен на Шекспир (World Shakеspeare Festival) кој во 70 претстави на 37 светски јазици собра илјадници актери од сите делови на светот. Нивните претстави, меѓу другите, се изведуваа и на знаковниот јазик, на маорски и во хип-оп верзии.

Проектот постигна неверојатен успех, привлекувајќи повеќе од 100 илјади посетители за само шест седмици, од кои 80 отсто театарот Globe на брегот од Темза го посетија првпат во животот. „Тоа беше толку фантастично искуство што заклучив дека секако ни е потребна уште една луда идеја”, појасни Дромгул.

Патувачкиот „Хамлет” ќе има малку помал број ликови од вообичаеното – осум, а на турнејата ќе тргнат 12 актери коишто ќе се менуваат во повеќе од двоиполчасовната изведба на најдолгото дело на Шекспир. „Турнеите ни се во крвта. Тоа е она што го правела и трупата на Шекспир, тоа е она што ние го правиме, и многу е забавно”, објаснува Дромгул.

Денешниот театар Globe со целосно име „Шекспировиот театар Глоб” (Shakespeare’s Globe Theatre) изграден е на местото од дрвениот елизабетански театар изграден во 1599 година во Саутварк крај Темза. Театарот изгорел, а неговата точна локација не беше позната се` до 1989 година, кога се откриени остатоци од неговите темели. Новиот театар е изграден според планот од елизабетинската ера и беше отворен во 1997 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет10 минути

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија1 час

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија2 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија2 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија13 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија13 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија14 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија18 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија19 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија19 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија22 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија24 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет1 ден

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...