Контакт

Сцена

Јон Карамитру – Актер на Европа 2016

Објавено пред

Во среда во амфитеатарот во Ресен, свечено ќе се биде отворено годинешното 14-то по ред издание на интернационалниот театраски фестивал „Актерот на Европа“, а добитник на наградата за животно дело „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот  и признати актер и режисер од Романија – Јон Карамитру. 

dobivaj vesti na viber

Покрај ова, Јон Карамитру, исто така, ќе биде прогласен и за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, кој заедно со Општината Ресен и Здружението на граѓани „Езеро без граници“, се организатори на фестивалот.

На свеченоста ќе бидат доделени и наградите „Клучевите на Преспа“, кои му се доделуваат на истакнати личности од научната и образовната сфера, а годинешни добитници се академик Владо Матевски од Македонија и д-р Андраж Чарни од Словенија.

Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.

Во текот на фетивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенити од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, кои заедно со нивните колеги од Франција, во пероидот од 7 Јули до 10 Јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира неговата книга посветена на Аполинер.

Јон Хориа Леонида Карамиру ( 9 март 1942) е романски театарски и филмски актер, режисер, како и политичка фигура. Тој беше министер за култура во периодот помеѓу 1996 и 2000 година.

Роден во влашко семејство во Букурешт, дипломира на I. Л. Caragiale Институтот за театар и филмска уметност во 1964 година, откако предходната година дебитираше на сцената со насловната улога во реномираната изведба на Хамлет од Вилијам Шекспир на театарот Bulandra. Тој продолжува со неговиот ангажман во Bulandra, истовремено настапувајќи во претстави од Националниот театар во Букурешт и од разни други театри.

Карамитру игра главни ликови во серијата театарски продукции со режисери како Liviu Ciulei, Moni Ghelerter, Andrei Şerban, Liviu Purcărete, Sandra Manu, Cătălina Buzoianu, Alexandru Tocilescu, и Sică Alexandrescu (настапувајќи и во претстави како Steaua fără nume на Mihail Sebastian, „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер, „Орестија“ од Есхил, „Трамвајот наречен желба“ на Тенеси Вилијамс, „Лажливецот“ од Карло Голдони, и во голем број на дела на Шекспир.

Како режисер на театарски, оперски, и оперета продукции, Карамиру особено се истакнува со делата на Frederick Loewe (Мојата убава дама), Marin Sorescu (Трета клада), Бенџамин Бритн (Малиот чистач), Алексеј Николаевич Арбузов (Лагата), и Шекспир (Венецијанскиот трговец); неговите адаптации на Трагедијата на Кармен во постановката на Питер Брук и Евгениј Онегин од Петар Илич Чајковски беа изведени не сцената на Операта во Белфаст, Северна Ирска.

Карамитру има настапувано во повеќе од 30 филмови, а своето деби со споредна улога го има во во Шумата на обесениот (1964) на Liviu Ciulei. Меѓу неговите најпознати улоги се вбројуваат Vive во Dimineţile unui băiat cuminte (1966), Gheorghidiu во Între Oglinzi parallele (1978), ŞtefanLuchian во Luchian (1981), и Сократ во серијата Liceenii (1985-1987). Подоцна во животот, Карамитру имаше мали улоги во странски филмови: тој беше анархист во Кафка (1991), Tatevsky во Citizen X (1995), Zozimov во Mission: Impossible (1996), грофот Фонтана во Amen (2002), а бугарски имигрант во Ирска во Adam & Paul (2004).

За својата работа во воспоставувањето на британско-романските културни врски, Карамитру беше именуван Офицер на Редот на Британската Империја. Во 1997 година, Министерството за култура на Франција му ја додели титулата на Chevalier des Arts et des Lettres.

Во мај 2005 година, тој победи во трката за директор на Народниот театар од Букурешт, на местото на Дину Сарару.

ПРОГРАМА

6 Јули, Локација Амфитеатар, Ресен, 21:00 ч.

Свечено отворање на фестивалот:• Прогласување на Јон Карамитру за Актер на Европа и Доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, Скопје• Проекција на филм за Јон Карамитру – 15 мин.• Беседа на Жорж Бани – Професор на Сорбона и претсетател на Интернационалната Асоцијација на театеарски критичари (AICT)• Беседа на Јордан Плевнеш, основач на фестивалот• Врачување на наградата Актер на Европа од градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски• Врачување на наградите „Клучевите на Преспа 2016“ на Д-р Андраж Чарни од Словенија и на академик Владо Матевски – Македонија• Настап на трите елитни актери на трите јазици на езерото: Мето Јовановски, Македонија Димитри Оргоцка, Албанија Криса Јоаниду, Грција

„Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“ по текст на Петре М.Андреевски „Сите лица на смртта“ во адаптација на Биљана ТодоровскаРежија: Сотир Чаушевски Актерка: Марија КондовскаАсистент на режија: Ѓоко Таневски-БифоУметнички соработници: Петар Стојчевски-Бардак, Дамир Емин, Ѓорги Ставревски

7 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Адам и Ева“ Мирослав Крлежа, “ЈУК Херцег Фест”, Црна ГораАдаптација и режија: Слободан МилатовиќСценографија: Слободан МилатовиќКостимографија: Лина ЛековиќСценски движења: Ферид КарајицаДизајн на светло: Мили МаловиќАктери: Бојана Малиновска, Данило Бабовиќ, Милош Пејовиќ, Срѓан ЃорѓевиќПродуцент: Олга ВукмировиќОрганизација и техничка екипа: Милутин Вукичевиќ, Милош Зечевиќ, Никола Копривица

8 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Надежда Петровиќ“, адаптација на текст: Биљана Ѓуровиќ,Фестивал на монодрама и пантомима,Земун – СрбијаРежија: Божидар ЃуровиќКостимографија и сценографија:Марина Вукасовиќ-МеденицаМузика: Светислав БожиќАктерка: Биљана ЃуровиќДизајн на тон: Зоран Јерковиќ

9 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Се на масата“ монодрама на Васил Дуевпо текстови на Чарлс Буковски,Театар „Љубомир Кабакчиев“, Казанлак – БугаријаСценска адаптација и режија: Ана БатеваАктер: Васил ДуевМузика: Стефан ЗдравескиДизајн на плакат: Коста БатевФотограф: Наке БатевВидео: Александар Иванов

10 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Градите на Тиресијас“Гијом Аполинер, ФранцијаРежија: Франсоаз ЛабрусАктери: Патрис Буги, Натали Дезмортро, Жан-Ноел Лефевр, Ромен Моте, Катерин Пере, Румена Шопова, Моника Ставревска, Мишо Димитријевски, Антониј Ѓорѓиев ИлиоскиМузика: Жермен Албер-Биро

11 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Гопоѓица Јулија“ Аугуст Стринберг, „Театар Фабрика“, Македонија Режија: Ѓорѓи РизескиАктери: Миа Кантарџиева, Теоман Максут, Емине ХалилКореографија: Ирена ЛозинскаДизајн и фотографија: Деана АндоновскаКостимографија: Драгана Таневска./крај/мф/аш

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија2 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија4 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија6 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија6 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија8 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ9 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија9 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија9 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија12 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет12 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет13 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија13 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион13 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет13 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет13 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...