Контакт

Сцена

„Кинескиот Паганини“ и пијанистот Томас Хопе на Охридско лето

Објавено пред

Реномираните музичари Нинг Фенг на виолина и Томас Хопе на пијано ќе одржат концерт во понеделник вечер во црквата „Света Софија“, во рамки на фестивалот Охридко лето.

„Со врвните и незаборавни концерти на светски познатите пијанисти Елизавета Леонскаја, Аркадиј Володос и Максим Мрвица, се потврди дека 54-тото издание на Охридско лето ќе биде запаметено по учеството на оваа пијанистичка елита. Сега следи претставувањето на овогодинешните „виолинистички ѕвезди“ кои ќе бидат дел од ова фестивалско издание. За прв пат на фестивалот, а и во Македонија, ќе настапи „Кинескиот Паганини“ кој со својата беспрекорна виртуозност, но и со изразена лирика и емотивност во својата изведба ќе приреди несекојдневен концерт. Овој врвен уметник свири на виолина „Страдивари“ од 1721 година. Нинг Фенг кој е добитник на Првата награда на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во 2006 година, ќе настапи заедно со пијанистот од Германија Томас Хопе“, изјави музичкиот селектор на Фестивалот ,Гордана Јосифова-Неделковска.

 

Редовно настапувајќи во својата родна земја – Кина, но и низ целиот свет, Нинг Фенг добива репутација на уметник со изразена лирика и емотивност во својата изведба.

 

Соработувал со голем број оркестри, меѓу кои – Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Рускиот државен симфониски оркестар, Стразбуршката филхармонија, под диригентската палка на реномирани музичари како Иван Фишер, Владимир Јуровски и други. Покрај солистичката активност, Нинг Фенг учествува и во камерни состави. Имено, тој е член на „Драгон квартет“, основан во 2012 година во Кина, како и дел од пијано-триото, заедно со Игор Левит и Себастијан Клингер. Добитник е на повеќе награди на интернационални натпревари низ целиот свет (Прва награда на Интернационалниот натпревар по виолина „Мајкл Хил“ во Нов Зеланд во 2005 година, Прва награда на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во 2006 година и други).

 

Германскиот пијанист пак, Томас Хопе  е пијанист-соработник со висока репутација стекната преку изведбите на концертните програми со реномираните уметници од калибарот на Ицхак Перлман, Џошуа Бел, Антје Вајтхаас, Стефан Миленковиќ, Албан Герхард, Франс Хелмерсон во салите како „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Концертгебау“ во Амстердам, „Вигмор Хол“ во Лондон, „Цуда“ и „Оји Хол“ во Токио, Берлинската филхармонија и други.

 

Покрај концертната дејност, Томас Хопе беше пијано-соработник во виолинистичките класи на Ицхак Перлман и Дороти Дилеј, постојано ги придружува пејачите во водечките оперски куќи и познатата школа „Џулијард“ и е официјален пијано-соработник на значајните меѓународни натпревари. Значајни се и неговите мајсторски курсеви за пијано-соработка и камерна музика кои ги одржува во Германија, Бугарија, Јапонија, Чиле, САД и други земји.крај/мф

Култура

„Танец“ добива нов дом

Објавено пред

На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, проект врз кој раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемиски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да предложи соодветно решение до Владата за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.

Со тоа, конечно, после 7 децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Од „Танец“ велат дека ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развој на најголемиот амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура.

Прикажи повеќе...

Култура

И овој петок Театар „Комедија“ продолжува со содржини од вонредната сцена

Објавено пред

НУ Театар „Комедија“ и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.

Од управата на Театарот најавуваат нова содржина за овој петок – овој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано в петок, со почеток во 20:.30 часот, од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на Евросонг

Објавено пред

Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердама оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.

Нема да се избира победник, натпреварувачите нема да ја почувствуваат евровизиската атмосфера, но сепак ќе имаа контакт со публиката.

Овогодишнио слоган “Europe Shine a Light” е насловот на песната која ќе се чуе од секоја земја.

Веќе селектираните песни емитуваат фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставуваат низ кратки видео разгледници, а ги слушаме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија9 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа9 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија11 час

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион12 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија12 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа12 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт14 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион14 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет16 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет17 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет17 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет17 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 ден

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 ден

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие