Контакт

Култура

Седум држави, седум композитори и едно заедничко минато – „BALKAN AFFAIRS“ утре во Скопје

Објавено пред

На 11 октомври, во Музејот на македонската борба, Скопје ќе биде домаќин на „BALKAN AFFAIRS – The fragile art of living together“, меѓународен проект на германскиот ансамбл Neue Vocalsolisten Stuttgart, во кој седум композитори од седумте држави наследнички на поранешна Југославија преку современата музика ги преиспитуваат заедничкото минато, последиците од војните и предизвиците на живеењето заедно.

Создаден како уметнички простор за соочување со колективната меморија и различните толкувања на балканската историја, „BALKAN AFFAIRS“ отвора прашања за национализмот, етничките и верските поделби, насилството, носталгијата по поранешна Југославија, хиперинфлацијата, европските интеграции и надежта на генерациите што пораснаа во сенката на војните. Преку иронија, сарказам, лични сведоштва и експериментален музички јазик, проектот ја истражува кревката граница меѓу заедничкото наследство и општествените поделби што продолжуваат да го обликуваат регионот.

Во фокусот се седум современи композиции што ги спојуваат човечкиот глас, електрониката, видеото, звучните инсталации и елементите на традиционалната музика. Разновидните уметнички пристапи создаваат повеќеслоен портрет на Балканот – простор во кој личните и семејните приказни се испреплетуваат со колективната историја, а музиката станува средство за сведочење, преиспитување и отпор.

Особено силен е антивоениот и човечкиот аспект на проектот. Во „SCREAdoM“ на Петра Страховник, преку екстремни вокални техники и елементи на перформанс-уметност, се отвора темата за страдањето на жените жртви на воено сексуално насилство и долготрајните психолошки последици од траумата. „The Blue Giraffe“ на Хелена Скљаров, обликувана како мрачна бајка со видео и електроника, ги разобличува омразата, дискриминацијата и национализмот, поставувајќи прашања за манипулацијата со вистината и општествените механизми на исклучување.

Во „Apparatus“ на Нина Перовиќ, архивските снимки од војната се испреплетуваат со турбофолк, фолклорни елементи и интимни семејни видеоснимки, создавајќи личен и колективен простор на сеќавање. „When All the Leaves Have Been Burned“ на Јли Даклани се инспирира од традицијата на создавање музика со лисја во планините на Косово, претворајќи го овој кревок звучен феномен во симбол на воените разурнувања и надежта за подобра иднина.

„NULA“ на Југ Марковиќ се навраќа на секојдневието во Белград во деведесеттите години, обележано со војна, хиперинфлација, безвредни банкноти и борба за опстанок. Преку лични сеќавања, уличниот говор и статистиката за инфлацијата, делото ја претвора економската катастрофа во звучна хроника на едно време.

Македонскиот придонес во проектот е делото „Electroacoustic Mantra From Ex YU to EU“ на Ана Пандевска, композиција за сопран, мецосопран и електроника, инспирирана од македонското општествено и политичко искуство по распадот на Југославија. Преку кружната музичка форма на рондото, делото ја отсликува повторливоста на долгогодишните дебати за името на државата и преговорите за членство во Европската Унија и НАТО. Традиционалната македонска песна „Две ми моми, две ми дружки – Лазаренки“ е основа на главната музичка тема, поврзувајќи го препознатливиот македонски музички идентитет со современи вокални техники и електронски звук. Границата меѓу живите гласови и снимените звуци намерно се замаглува, отворајќи прашање за разликата меѓу вистината и политичката манипулација во секојдневниот живот.

Преку овие седум дела, „BALKAN AFFAIRS“ не нуди едноставни одговори ниту универзална слика за минатото. Наместо тоа, создава простор во кој различните искуства, сеќавања и перспективи можат да се слушнат, да се судрат и да се преиспитаат. Тоа е уметничко соочување со наследството на една заедничка држава и со прашањето што останува од заедничкиот живот кога границите, идеологиите и националните наративи ќе се променат.

„BALKAN AFFAIRS – The fragile art of living together“ пристигнува во Скопје на 11 октомври, носејќи современ музички портрет на Балканот – истовремено интимен, критички и длабоко човечки

Најново

Свет15 минути

Птичјиот грип повторно ја погоди Холандија: За една недела ќе бидат усмртени 184.000 животни

Птичји грип по третпат оваа недела е потврден на фарма во холандското село Хирден, во покраината Гелдерланд, поради што ќе...

Свет36 минути

Зеленски: Путин сака преку „хуманитарна мисија“ да ја преземе контролата врз Костјантинивка и да напредува кон Краматорск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека предлогот за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка, на...

Црна хроника53 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет1 час

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет1 час

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија2 часа

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија2 часа

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника2 часа

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт2 часа

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...