Контакт

Култура

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Објавено пред

Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август.

Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како и на сцената Долни Сарај.

На првата џез вечер, на 13 август, се предвидени два концерти од кои првиот во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го одржи Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк уште од неговата преселба во градот во доцните 90-ти години на минатиот век. Тоа всушност ќе биде концертна промоција на албумот на Роџевски, „Orthodoxia Kai Thanatos“.

Од 21 часот и 30 минути во Предворјето на црквата, следува уште еден концерт на Дине Донеф со неговото трио, во кое настапуваат Харис Ламбракис на неј и на оргули и Кирјакос Тапакис на уд. Дине Донеф (Костас Теодору) е композитор, контрабасист, мултиинструменталист, едукатор и автор со препознатлив музички јазик.

На втората џез вечер, 14 август, на сцената Долни Сарај од 21 часот, љубителите на џез музиката ќе имаат вистинско уживање со концертната програма „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар на РС Македонија. Под диригентската палка на Владимир Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката на магично музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјален гостин на концертот ќе биде Питер Сомуа, западноафрикански трубач со потекло од Гана, кој живее и работи во Холандија.

Третата џез вечер на „Охридско лето“, 15 август, ќе донесе два концерти. Од 20 часот на Долни Сарај, Питер Сомуа повторно ќе настапи но овојпат со својот бенд. Во 21 часот и 30 минути на истата сцена ќе настапи британската саксофонистка и композиторка Нубаја Гарсија.

„Џез вечерите“ на „Охридско лето ќе бидат заокружени со концерт на британскиот состав „Kiioto“, предводен од звучните музички имиња Лу Роудс и Роан Хит, кои повеќе од 30 години се дел од музичката индустрија. Тие ќе настапат на Долни Сарај со почеток во 21 часот.

Инаку, во вечерите посветени на џезот кога има по два концерти, купената влезница за тој датум важи за двата музички настани.

Најново

Регион2 часа

(Видео) Загинаа двајцата пилоти по падот на борбениот авион во Грција

Загинаа двајца пилоти од авионот „Phantom“ што се урна во Танагра. Пилотите припаѓаа на 117-то борбено крило со седиште во...

Забава2 часа

Една одлука ќе промени сè: Есента ќе биде во корист само на еден хороскопски знак

Есента доаѓа, а со неа и бројни превирања кои особено ќе „погодат“ еден хороскопски знак. Можеби сте на таа листа…...

Свет2 часа

Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

Венецискиот филмски фестивал повторно ги собира бројните ѕвезди, а актерката Сидни Свини не ја пропушти можноста да блесне на црвениот...

Забава2 часа

Познатата актерка откри како ослабела повеќе од 36 килограми и драстично го промени својот изглед

Ребел Вилсон конечно ја откри тајната на својата драстична трансформација. Таа ослабе повеќе од 36 килограми, а начинот на кој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно

Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните...

Свет3 часа

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да започнеме, пренесете ги моите најдобри желби до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев, почнувајќи од полноќ, додека американската делегација е во Москва...

Спорт3 часа

(Видео) Лудо дерби на „Меаца“, Интер од 0:2 до 3:2 против Наполи

Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А....

Регион3 часа

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...