Контакт

Култура

Скопско лето: вечерва фотографска изложба „Света Софија – Светлината на тишината“, утре мултимедијален перформанс „Тело од оган“

Објавено пред

Вечерва со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре“.

Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со љубителите на уметноста.

Света Софија, како уметничко дело, плени не само со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика.

Утре вечер, со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи мултимедијален перформанс под наслов „Тело од оган“ на Игор Јосифов. Музичка придружба на настанот ќе биде ди-џеј Џејмс Худини од САД.

„Тело од оган“ го испитува прагот помеѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Огнот не функционира како деструктивна сила, туку како примарен соработник и сведок во генеративното дело. Уметникот зафаќа запечатена структура, изведувајќи го чинот на согорување како намерна уметничка методологија. Преку ова внатрешно согорување, уметничкото дело се материјализира на надворешни архитектонски површини преку перформанс и мултимедијална инсталација кои го менуваат просторното искуство на дворот на Сули ан.

Синхронизирани видео проекции го засилуваат трансформирањето на границите помеѓу внатрешниот креативен чин и јавната манифестација, фрлајќи светлина низ огнот како медиум за активирање и реконфигурирање на околната архитектура. Инсталацијата ги распушта конвенционалните разлики помеѓу перформансот, скулптурата и интервенцијата во просторот.

Игор Јосифов е визуелен и перформанс уметник чија 25-годишна меѓународна пракса го позиционира огнот како инструмент на уметничко истражување.

Неговиот значен перформанс „2-Dimensional“ (2009–2014) бил претставен осум пати низ целиот свет, вклучително и во Институтот за уметност во Чикаго, Cité de la Mode et du Design (Париз), Maraya Art Centre (Шарџа), Abrons Arts Center (Њујорк) и Onassis Cultural Center (Атина). Неговите дела се стекнати од Музејот на модерна уметност во Њујорк (2010) и Националниот музеј на современа уметност во Скопјe (2012).Јосифов ја претставуваше Македонија на Diplomatic Art во Темишвар (2015) и учествуваше на VIII меѓународно биенале на современа уметност во Ташкент (2018), претставувајќи го „Becoming Clear | Crushing Glass“ и изведувајќи го „Fire Within“. Тој изложуваше на Венециското биенале 2019 (Палацо Мора) со „Че биде“.

Влезот е слободен.

Најново

Свет45 минути

„Кругот околу Орбан се стеснува“, вели аналитичар откако беа пронајдени 17,5 милиони евра скриени во шуми, магацини и сеф во куќа во Унгарија

17,5 милиони евра во кеш биле пронајдени скриени во шуми, магацини и сеф во куќа во Унгарија, во рамки на...

Свет54 минути

Бајден во мемоарите открива детали од односот со Зеленски: „Беше тврдоглав“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден во своите нови мемоари открива како поранешната германска канцеларка Ангела Меркел приватно зборувала за Доналд...

Свет1 час

Израел ги предупреди САД дека Иран наводно подготвувал атентат врз Трамп со дронови полни со експлозив

Израелската разузнавачка служба Мосад доставила информации до американската ЦИА за наводни планови на Иран со беспилотни летала да ги нападне...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а...

Свет2 часа

Нови откажувања на летови во САД по дефектот во контролата на летање

Во САД и денеска продолжува хаосот во авиосообраќајот поради дефект во системот за контрола на летањето. Откажани се најмалку 910...

Свет2 часа

Макрон: Ограничувањето на помошта за Украина значи наметнување неправеден мир и рецепт за нова војна

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека земјите кои сакаат да ја ограничат помошта за Украина всушност се обидуваат да ѝ...

Свет2 часа

Словенците избираат градоначалници во 212 општини, Јанковиќ се бори за седми мандат во Љубљана

Повеќе од 1,6 милиони граѓани на Словенија денеска гласаат на локалните избори на кои ќе избираат градоначалници и општински советници...

Свет2 часа

(Видео) Иран со шест дронови нападна американски радар во воена база во Бахреин, се огласија сирените за тревога

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека со шест беспилотни летала нападнала американски радар во база за хеликоптери во Бахреин, по...

Свет2 часа

(Фото+видео) Судир на два авиони во Мајами: едниот слетувал, другиот се подготвувал за полетување

Карго-авион на американската компанија ЈПС и патнички авион на панамската авиокомпанија „Копа ерлајнс“ се судриле синоќа на меѓународниот аеродром во...