Контакт

Култура

Слушачка промоција на Фолтин во Битола, на 29 август групата со концерт ќе одбележи 30 години

Објавено пред

Јубилејната година на Фолтин продолжува да се движи низ градовите, низ музиката и низ луѓето со кои три децении ја споделуваат својата приказна.

Изминатиов викенд Охрид беше една од станиците на Фолтин. Во KULT културен центар се одржа слушачка промоција на FOLTIN LIVE, двојниот винил со кој концертната енергија на Фолтин продолжува да живее и надвор од сцената.

Албумот се слушаше на врвен звук обезбеден од инженерингот на „ТЕОХАРОВ”, во амбиент создаден за внимателно, заедничко слушање и уживање во аналогниот звук.

Во неделата, приказната продолжи на винил саемот Охрид 33/45, каде во Шила Кафе & Бар посетителите имаа можност да го погледнат и да го набават лимитираното издание FOLTIN LIVE. Од првите 150 рачно нумерирани и потпишани примероци, останаа уште последните количини, наменети за оние кои музиката сакаат да ја имаат и во нејзината физичка, аналогна форма – колекционери, аудиофили и долгогодишни пријатели на Фолтин.

„Следното аудиофилско слушање го закажуваме во Битола, на 26 август, во новиот продажен салон на Божиновски часовници и накит – Галерија Божиновски, каде FOLTIN LIVE ќе добие уште една можност да биде слушнат онака како што е замислен – внимателно, гласно и со време посветено само на музиката. Во меѓувреме, календарот полека се приближува до 29 август и Хераклеа каде ќе се случи големото јубилејно собирање – концертот со кој Фолтин ќе одбележи 30 години од својот прв концерт и ќе го затвори Битфест 2026. До тогаш нè чекаат уште неколку средби, неколку нови приказни и, како што доликува на Фолтин, неколку изненадувања“, велат од групата.

Билетите за големиот јубилеен концерт се достапни преку МК Тикетс и Тобако Брадерс Битола.

Најново

Свет4 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија8 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија12 минути

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија16 минути

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија19 минути

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија23 минути

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија2 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет2 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија2 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...