Контакт

концерти

Tрет концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“

Објавено пред

Овој четврток, во 20 часот, ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“, на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонијата во разни камерни формации.

На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и од Менделсон.

Во рамките на концертот ќе настапат Квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талевски – виола, Марија Михајловска – виолончело), Квартет со англиски рог (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Ана Кондратенко – виолина, Бојан Талевски – виола, Марија Михајловска – виолончело), Квартетот контрабаси (Александар Поп Христов, Александра Чуруковска, Игор Миташев, Анастас Пујовски), Дуо виола-виолончело (Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело), Дрвен дувачки квинтет (Здравко Ангелов – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа, Елена Дојчинова – флејта, Ванчо Стојановски – фагот, Горан Јанев – хорна) и Гудачкиот квартет (Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола, Маја Михајловска – виолончело).

концерти

Концерт „Скопје Виа Созопол“ на Брасстет Скопје

Објавено пред

Утре, со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатар, стар град Созопол, во рамки на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ ќе се одржи концерт „Скопје виа Созопол“ на БРАССТЕТ СКОПJE ( Александар Златески – труба, Диме Танчев – труба, Горан Илијевски – баритон, Енис Мехмедов – тромбон, Мицко Дамњановски – туба, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти).

На програмата ќе бидат застапени дела од Нино Рота, Карлос Гардел, Анхел Виљолдо, Сони Компанек, М. Родригес, Астор Пијацола, Освалдо Фарес, Консуело Веласкез, Луис Бонфо.

„Брасстет Скопје е нов (2019), но одличен брас состав од Македонија. Составен од одлични музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе пробаат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Претежно свират музика прилагодена (аранжирана) за брас квинтет со додадени ударни инструменти. Тенденцијата е да се ‘избегне’ стереотипна програма за ваков состав и да се доближи популарната музика (вклучувајќи и филмска музика и популарната класика) до публиката“, велат од КИЦ.

Секогаш се обидуваат да имаат настапи на отворени сцени концерти во паркови, на плоштади и други места на кои не можете многу често да слушнете концерт. Така всушност и почна приказната на Брасстет Скопје. Првиот концерт се случи на почетокот на летото на фестивалот Скопско лето 2019 – Концерт на плоштадот Јадран. Продолжи на завршувањето на летото преку концерт на фестивалот Звуците на чаршијата со концерт во скопската чаршија. Но, во 2020 следуваат серија концерти на повеќе затворени концертни сцени низ Македонија (Скопје, Кочани, Кавадарци, Неготино).

Како приоритетна програма од таму ги издвојуваат популарната класика, компилации од филмска музика, евергрин теми и поп теми од повеќе жанрови.

Прикажи повеќе...

концерти

Рок-легендите „Ван Гог“, Игор Џамбазов и Фиц (Студени нозе) на третото издание на фестивалот Skopje Unplugged

Објавено пред

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, Skopje Unplugged, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи в петок, (25 јуни), на кровот на паркингот во „Сити мол“, со почеток во 18:30 часот.

Skopje Unplugged е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба.

Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок-легенди „Ван Гог“. Уште позанимливо е дека бендот за првпат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска арена, кој се одржа по повод 30-годишнината од нивното постоење.

Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на „Студени нозе“.

Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарницата во МКЦ, или електронски, со промотивна цена од само 500 денари.

Прикажи повеќе...

концерти

Со концертот „Данте“ Филхармонија ја заокружува концертната сезона

Објавено пред

Овој четврток во 20 часот, со концертот насловен „Данте“, Филхармонија ја заокружува оваа концертна сезона. На последниот концерт во официјалниот дел од сезоната ќе бидат изведени дела од Фомин, Лист и Пачини, а солист е пијанистот Андреј Гугнин од Русија. Оркестарот ќе го води Габриел Бебешелеа, шеф диригент на Филхармонија.

Јевстигениј Фомин (1761-1800) е руски композитор со украинско потекло. Пред да ја напише операта „Орфеј“, овој композитор имал неколку неуспешни обиди за креирање музичко-сценско дела кои критиката не ги оценила позитивно. Фомин создал свој „Орфеј“ – го обоил со индивидуален авторски сензибилтет и емоционално го детерминирал познатиот митолошки мит. Создал музичко-сценско дело кое кореспондира со духот на времето во кое е создадено, со личен авторски печат.

Исто како Леополд Моцарт, и Адам Лист му бил менаџер и агент на својот син Франц за време на неговите турнее како дете гениј. Неговата ненадејна смрт во 1827 година се одразила катастрофално на 15-годишниот композитор. Историчарите сметаат дека овој настан во неговиот живот целосно ја фокусирал неговата артистична опсесија кон смртта. Токму такво е и неговото имагинативно ремек дело за пијано и оркестар – „Танц на смртта“.

Џовани Пачини (1796-1867) е италијански оперски композитор познат по своите богати мелодиски дела кои биле софистицирано напишани за најголемите пејачи во 19 век. На почетокот од својата композиторка кариера пишувал главно мелодични и романтични дела, а подоцна со создавањето на операта „Сафо“ промовирал поинаков стил, подрамски и со релативно помалку „мелодија“. Освен оперските дела, пишувал и гудачки квартети, а едно од најпознатите неговите дела е и програмската симфонија „Данте“ која ја напишал во 1864 година, неколку години пред неговата смрт.

Рускиот пијанист Андреј Гугнин е исклучителен уметник и виртуозен изведувач кој поседува разновидна и префинета техника која ѝ служи на неговата исклучителна музичка имагинација. Во 2020 година ја доби наградата на магазинот на Би-би-си за најдобра изведба на Шостакович за неговата изведба на неговите 24 прелудиуми и Сонатите за пијано бр.1 и 2. Откако ја добива првата наградата на престижниот натпревар во Сиднеј во 2016 година, Гугнин постојано концертира на светските сцени со најдобрите оркестари и диригенти.

Настапувал како солист со Лондоскиот филхармониски оркестар, со Марински симфониски оркестар, со Холандскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на исклучителни диригенти како маестро Валери Гергиев, Јап Ван Зведен, Даниел Рајскин, Станислав Кочановски, Ашер Фиш. Соработувал и со повеќе камерни ансамбли.

Снимил повеќе музички изданија со соло и симфониски дела. Неговото це-де со изведба на „Трансцеденталните етиди“ од Лист беа издвоени во „Грамофон“, а Гугнин беше потенциран како пијанист чие време допрва доаѓа.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Неговата репутација брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови“, како и со неговата „Пасторала-фантазија за мал оркестар“. На 30-годишна возраст, маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Добитник е на првата награда на натпреварот за диригенти „Ловро фон Матачиќ“ во Загреб (2015), како и на прва награда на натпреварот на Музичката младина во Букурешт (2011), а тој е и полуфиналист на натпреварот за диригенти „Донатела Флик“ на Лондонскиот симфониски оркестар (2014) и полуфиналист на натпреварот „Густав Малер“ со Бамберг Симфонискиот оркестар (2016). Забележлив е и како оперски диригент и е именуван за шеф-диригент на Романската национална опера во 2011 година, со што ќе стане најмладиот шеф-диригент кога било во Романија. Во 2014 година ќе ја добие наградата „Најдобар диригент“ на оваа куќа. Својата репутација како диригент на опери ќе ја зацврсти со реализација на новата продукција на „Царска невеста“ од Римски-Корсаков на „Росини опера фестивалот“ во Пезаро, изведба која ќе добие високо позитивни критики. Во 2015 година, Бебешелеа работел со едни од двајцата најценети диригенти во светот – Курт Мазур и Бернард Хаитинк. Во 2011 година ќе му биде доделена стипендија за да стажира со престижниот „Концертгебау оркестар“ во Амстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман. Една од големите пасии на Бебешелеа е да работи со млади музички уметници. Од 2011 година тој е главен диригент на Молдавскиот национален младински оркестар, а редовно работи и со Романскиот младински оркестар. Дипломира оркестарско диригирање во 2010 година со Кум Лауде на Музичката академија во Клуж-Напока, две години подоцна магистрира на Националниот музички универзитет во Букурешт, а потоа и докторира на истиот универзитет. Моменталноно живее во Виена, каде што ги заврши постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ2 часа

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија4 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија4 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Македонија4 часа

Пендаровски и Вселенскиот Патријарх разговараа за решавање на статусот на МПЦ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Истанбул, Турција, се сретна со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски...

Спорт7 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет8 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија8 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион9 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ21 час

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет24 часа

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт1 ден

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија1 ден

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт1 ден

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие