Контакт

Книги

„Thrivity-активатор“ – водич за личен и професионален развој

Објавено пред

Независно во која област сте вклучени, дали учите, дали барате работа или сакате да ја промените, дали сте менаџер што развива луѓе или, едноставно, сакате свој личен развој, „Thrivity-активатор“, најновото издание на „Паблишер“, е книга-прирачник, која ќе ви помогне бргу да напредувате на лично и професионално поле.

Станува збор за интерактивен водич, кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.
Aвторскиот тим составен од Фросина Денкова-Зафировска, Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски, експерти со долгогодишно искуство во полето на развој на потенцијалите кај луѓето, првпат во земјата создадоа водич за развој на 70 бихевиористички компетенции, кој на едноставен, но софистициран и прагматичен начин, ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново повисоко ниво.

Всушност, „Thrivity-активатор“ е книга што поттикнува и создава свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил, во кој бихевиористичките компетенции се препознаени како клучен фактор за успех.

„Со ’Thrivity-активатор‘ сакаме бихевиористичките компетенции да ги направиме достапни за сите луѓе што веруваат во сопствениот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг. Тие претставуваат збир од знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност. Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација. Затоа е неопходен нивен развој, а ’Thrivity-активатор‘ го нуди токму тоа“, истакнуваат авторите.

Според времето потребно за развој и според областите на примена, бихевиористичките компетенции во „Thrivity- активатор“ се поделени во три групи: технички, лични и менаџерски.

Напишан едноставно, почнувајќи ја секоја компетенција со поттикнувачки цитат, „Thrivity-активатор“ има широка примена – кај поединците за подготовка на интервју за работа или како алатка за правење план за личен и за професионален развој, а кај организациите во процесот на креирање опис на работното место, во процесот на регрутација и во системите за евалуација на перформансите и кариерниот развој или за едукативни цели.

Искористете го пренесеното интернационално знаење и искуство на овој авторски тим во „Thrivity-активатор“, кое сега е достапно не само како инспирација туку и како водич за градење на вашите компетенции како успешни личности и професионалци. Книгата е достапна во книжарниците на „Три“ и онлајн на www.kniga.mk.

Книги

Објавена книгата „За Прличев и неговиот XIX век“ од Вера Стојчевска-Антиќ

Објавено пред

Неодамна, во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, излезе книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.
Книгата со својата содржина е особено актуелна денес. Познато е дека доменот на научни истражувања на авторката, проф. д-р Стојчевска-Антиќ, се движи од IX до XIX век. Колку што биле силни и значајни тие почетоци во IX век, толку на одреден начин останале недоволно идентификувани во XIX век. Таа и во овој труд ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од XII век во црковнословенски за да се дојде до XIX век со потреба од изразување на сопствен литературен јазик, поинаков од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

„Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид, кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит втор Хомер во Атина, за да дојде до сознание дека еден општословенски јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик. Во суштина тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него литературен јазик. Пред него и денес горат безбројни кандилца во Охрид. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ  запира и на заедничките мотивации за создавање слова, особено влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори“, вели рецензентот,  проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев кај нас.

Покрај 12 труда од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (првпат во печатена форма), за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…

Плановите се книгата „За Прличев и неговиот XIX век“, посветена на патронот на НУ Библиотека во Охрид, да биде промоворана на почетокот од февруари во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“. Нејзиното издавање финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Прикажи повеќе...

Книги

Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари

Објавено пред

Конкурсот за наградата „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, трае до 15 јануари.

Според конкурсот, право на учество имаат романите што првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Кандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот, што не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. Димитрие Чуповски бр. 23/1-1) или по пошта, на адресата на Фондацијата, бул. Кузман Јосифовски – Питу 19/6-40, Скопје.

Доколку бидат испратени по препорачана пошта, ќе бидат прифатени оние романи што благовремено ќе бидат доставени со дата на печатот заклучно со 15 јануари 2021 година. Пожелно е и доставување романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција. Наградата „Роман на годината“, која беше заштитен знак на згаснатиот „Утрински весник“, ќе биде доделена 22 пат.

„Песот со тажен поглед“ на писателката Оливера Николова е лауреатот на „Роман на годината“ за 2019 година, а Николова е и првата од досегашните добитници што оваа награда ја доби вторпат по наградата за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена збирка поезија на д-р Михаил Левенски „Лачи искрини“

Објавено пред

Излезе од печат збирка поезија на д-р Михаил Левенски „Лачи искрини“.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, со голема благодарност до издавачката куќа „Матица македонска“ и почитуваниот Раде Силјан, објави дека во чест на 78-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од заминувањето на д-р Михаил Левенски, излезе од печат неговата поезија во една збирка песни под име „Лачи искрини“.

Збирката „Лачи искрини“ е ексклузивно обликувано поетско издание што на близу 300 страници содржи избор песни од две стихозбирки на Левенски – „Создавање на светот во мене“ (1996) и „Лош препис од оригиналот – З“ (1997).

Надвор од секоја хронологија, 78-те песни се поделени во два дела: „Чувственик“ – љубовна лирика и „Ѕвездопад“ – рефлексивна лирика. Името на збирката е една од неговите оригинални синтагми којашто метафирички упатува на тоа дека секој во своето време ги создава светлините што остануваат да светат и по неговото заминување: „Сегашната ни светлина ќе ја чува засекогаш нашата небиднина“. / „И кога не ќе сме ние… ќе се појавуваме во лачи искрини.“

Севремената поезија на Михаил Левенски е богатство извадено од ковчеже. Нејзиниот нов здив од неа ја избриша сета патина и сега сјае и отсјајува, а ќе го облагороди секој оној што над неа ќе се наднесе и нештедливо ќе и ги отвори своите сетила“.

Фондацијата смета за неопходно, во ова време, да се потсетиме на основните вредности на живеење, да се вратиме кон човечноста, добрината, убавината, благодарноста и смислата на живеењето. Токму затоа, од разновидниот творечки опус на Левенски, за крај на оваа 2020 година и почеток на 2021 год., Фондацијата избра да се реиздаде неговата поезија, затоа што е поезија што е против „ужасот на празнината и бесмислата“ и со својот „виталистички принцип“ праќа пораки, поставува патокази, потсетува, опоменува, поучува, облагородува…

Рецензиите се на: акад. Витомир Митевски, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Киро Донев (кон новото издание), а книгата ги содржи и рецензиите од првичните стихозбирки потпишани од Видое Подгорец и Јован Котески.

„Авторот како да сака да им даде правец на залудните талкања по среќата, да ги исправи неправдите и скршнувањата, да нè врати од патот кон понорот и да нè соочи со себе, за да ги препознае секој човек сонцата во себе, да се стреми кон височини и да остане човек човечен “ – од рецензијата на акад. Витомир Митевски

„Да се има в раце поезија од еден славен македонски психијатар, значи да се добие непроценливо богатство: увид во душата на оној кој ги лекувал и исцелувал нашите души…Левенски се доближува до сфаќањата на Блаже Конески за поезијата како сеизмограф кој ги бележи и најситните, најнечујните и најневидливите треперења во космосот, како и најситните конвулзии на душата…“ – пишува во својата рецензија Венко Андоновски.

Стихозбирката „Лачи искрини“ на д-р Михаил Левенски ќе биде во продажба во 2021 година во книжарниците на книгоиздателството „Матица македонска“.

Д-р Михаил Левенски (1942-2010), психијатар и писател: поет, раскажувач и драматург. Во психијатријата беше истражувач со посебен интерес кон социјалната патологија. Во своето книжевно дело пак, беше нијансиран познавач на убавите страни на душата. Автор е на голем број литературни дела, радио и ТВ-драми и сценарија за филмови како на книгата „Како да станам свој“ – посветена на младите за себеизградување, мотивација и себереализација. Д-р Михаил Левенски е докажан хуманист, поборник за вистина, правда и човеково достоинство.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, основана во 2012 година од неговото семејство, продолжува да делува на полето на „човекољубие и природољубие“, под слоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа9 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија10 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија12 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет12 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија14 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија16 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија17 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија17 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија18 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија19 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија19 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа19 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет20 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија21 час

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет1 ден

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет1 ден

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет1 ден

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија1 ден

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт2 дена

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Досие