Контакт

Култура

Пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ на Вадим Холоденко-пијанист со редок квалитет и исклучителен талент

Објавено пред

Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.

Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како солист и со оркестри во Европа, Северна Америка и Азија. На репертоарот на „Охридско лето“ се враќа по осум години.

-Се радувам што сум повторно на фестивалскиот репертоар. Се сеќавам и на последниот настап овде кога публиката беше многу внимателна и беше вистинско задоволство да се свири. Вечерва програмата беше навистина посебна. Ја изведов „Фантазија“ од Роберт Шуман, а потоа и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз која иако напишана за оркестар, Франц Лист направил транскрипција за пијано и сметам дека е навистина интересно дело за изведување на пијано. Звучи сосема поинаку, но има своја смисла. Инаку, интересно е што самиот Шуман првпат ја слушнал „Фантастичната симфонија“ преку транскрипцијата на Лист, а не во оркестарската верзија, рече извонредниот пијанист Холоденко.

Холоденко важи за еден од позначајните пијанисти на својата генерација, а меѓународното внимание го привлече во 2013 година, кога победи на престижниот Меѓународен пијанистички натпревар „Ван Клибурн“ во САД.

За „Хармонија Мунди“ тој ги снима концертите од Григ и Сен-Санс, комплетните концерти за пијано и оркестар од Сергеј Прокофјев и тие се високо оценети од магазинот „Грамофон“, се „избор на критичарите“ од страна на „Би-би-си мјузик магазин“ и ја добиваат наградата „Златен дијапазон“. Последниот албум издаден за „Кварц мјузик“ во 2022 година со Бетовеновите „Дијабели“ варијации и делото од `Ржевски „Обединетите народи никогаш нема да бидат поразени“ е одлично примен од страна на стручната критика.

Пијанистот Холоденко е роден во Киев. Музичкото образование го започнал во Украина и го продолжил на Конзерваториумот „П.И.Чајковски“. Добитник е и на награди на повеќе меѓународни натпревари.

Најново

Македонија3 минути

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура15 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија21 минута

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија46 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија58 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника2 часа

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...