Контакт

Култура

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Објавено пред

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка.

По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот конкурс „Златен стрип“ – каде што пристигнаа дури 497 пријави од автори од целиот свет – Стрип центарот ги претставува уметниците кои ќе творат во рамките на годинешната колонија:

· Силвиа Борбељ – Романија

· Андрада Ваеш – Романија

· Ирис Голгочиу – Романија

· Ана Цочева – Бугарија

· Велислава Стојанова Георгиева – Бугарија

· Драгана Купрешанин – Србија

· Маја Перак – Хрватска

· Меланија Стојанова – Македонија

· Сибел Исмаилова – Македонија

· Елена Апостоловска – Македонија

· Ања Стојадиновска – Македонија

· Славица Купенкова – Македонија

· Ана Ивева – Македонија

· Стефанија Атанасова – Македонија

Оваа традиционална манифестација, која се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Велес, уште еднаш го потврдува градот како регионална престолнина на стрипот.

„Како организација, слободно можеме да кажеме дека имаме полн ‘тефтер на контакти’, односно соработката на меѓународно ниво со организации и автори, како и на национално ниво со училишта, студија, асоцијации и автори, континуирано се шири. Ваквиот тип на интернационална размена на искуства, каде автори од различни меридијани работат заедно рамо до рамо под менторство на проф. Владимир Весовиќ од Белград, Србија, има непроценливо влијание врз нивниот личен уметнички развој и директно ја отвора македонската сцена кон светот“, потенцираат од Стрип центарот на Македонија – Велес.

Во пресрет на настанот, Томе Трајков од организацискиот тим ја нагласува долгорочната стратегија за развој на културниот туризам преку деветтата уметност во Велес.

„Наша заложба и голема амбиција е уште поголема валоризација на она што Велес веќе го поседува како трајно културно богатство. Посетителите на нашиот град, освен директните стрип контакти со авторите за време на Салонот, во текот на целата година можат да ги видат специфичните стрип мурали нацртани на велешките улици, како и да се запознаат со нашата богата стрип библиотека која брои околу 10.000 наслови, од кои некои се исклучително ретки во глобални рамки. Да не заборавиме дека овој настан ќе се организира во староградскиот амбиент на Спомен куќата на Касапови, Ова е само мал придонес во валоризација на културата во креативната индустрија“, завршува Трајков.

Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на светската стрип мапа

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава5 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт5 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава5 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава5 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија5 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава5 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...