Контакт

Култура

Виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг настапува со Филхармонија

Објавено пред

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Хармонија“ на кој како солист ќе настапи виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија.

На програмата се Концерт за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 19 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 11 во ге-мол, оп. 103 од Дмитри Шостакович.

Еден од водечките виолинисти во Кина денес – Нинг Фенг, иако постојано настапува во својата земја со видни оркестри, тој е и еден од најбараните музичари и во Европа. Моментно живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката ќе го оцени како уметник со прекрасен лиризам и емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања. Нинг Фенг студирал на Конзерваториумот за музика во Сишуан, потоа на Школата за музика „Ханс Еислер“ во Берлин со познатата виолинистка Антје Вајтхас, како и на Кралската музичка академија во Лондон со Ху Кун, каде што ќе стане првиот студент кој некогаш бил награден со 100 проценти за неговиот завршен рецитал. Фенг е добитник на многу награди, меѓу нив и на престижните меѓународни натпревари по виолина „Паганини“, „Кралица Елизабета“ и „Јехуди Менухин“ во Лондон, каде што денес е член на жирито, или на „Мајкл Хил“ во Нов Зеланд. Соработувал со голем број реномирани оркестри, меѓу кои и со Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Рускиот државен симфониски оркестар, Стразбуршката филхармонија, со Филхармонијата на Лос Анџелес, со Берлин концертхаус оркестар, со симфониските оркестри на Сингапур и на Макао, со Кралскиот оркестар на Ливерпул, со Филхармонијата на Хонгконг, со Радиосимфонискиот оркестар на Франкфурт…, со реномирани диригентски имиња. Активен е и како камерен музичар. Член е на „Драгон квартет“ и редовно соработува со истакнатиот пијанист Игор Левит. Магазинот „Пицикато“ ќе напише дека е музичар кој „импресионира, не само со техничките вештини туку и со топлината, а неговиот тон е постојано полн и лирски…“ Нинг Фенг свири на виолина „страдивариус“ од 1721 година.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте.

Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 сè до 1988 година, тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кого остварува значајни концерти ширум светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987-та е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на Билкент симфонискиот оркестар во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија… Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, на пример, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори, диригирајќи концерти со национални оркестри на Франција, Русија, Грција, Турција.

Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен… Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за различни инструменти, на дела различни по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ свечено отворени 54. Мајски оперски вечери

Објавено пред

Со изведбата на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, синоќа во Македонската опера и балет беше отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Публиката премиерната изведба ја поздрави со долги аплаузи и овации.

Диригент на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги, кој го водеше оркестарот низ две различни музички и драмски атмосфери – од трагичната и емотивна „Сестра Анџелика“ до сатиричната и комична „Џани Скики“.

Во главната улога во „Сестра Анџелика“ настапи сопранистката Валентина Бои, која ја донесе емотивната приказна за монахињата што се соочува со лична трагедија. Бенедета Мацето настапи како Принцезата, во улога што внесе силна драмска тензија во претставата.

Режијата е на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата на Гиљермо Нова, костимографијата на Кристина Ачети, а светлото го потпишува Милчо Александров.

Во вториот дел од вечерта беше изведена комичната опера „Џани Скики“, во која главната улога ја толкуваше Роберто Де Кандиа. Настапија и Ана Дурловски како Лаурета и Гуо С-Жао како Ринучио.

Публиката особено ја поздрави изведбата на аријата „O mio babbino caro“, како и ансамбл сцените во операта.

Со ова отворање, Мајските оперски вечери ја започнаа новата фестивалска сезона со продукција што обедини силни вокални интерпретации, впечатлива сценографија и современ режисерски пристап.

Прикажи повеќе...

Култура

Самостојна изложба „Македонска Златна Азбука“ на Мaја Танева во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје

Објавено пред

Денес во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје, ќе биде отвотена самостојната изложба „Македонска Златна Азбука“ на уметницата Мaја Танева, проект кој ја истражува македонската азбука како простор на идентитет, културна меморија и современ визуелен израз.

Изложбата опфаќа 31 дело, по едно за секоја буква од македонската азбука, изработени во акрилна техника со златна фолија на акрилен хамер. Дел од буквите се врамени, додека други излегуваат од класичниот формат и го преземаат самиот галериски простор,претворајќи ја изложбата во визуелно и емоционално искуство.

„Азбуката е едно од ретките нешта што тивко нè следат низ целиот живот. Преку неа првпат го пишуваме сопственото име, првпат читаме и се препознаваме себеси во јазикот,“ вели авторката.

Златото во изложбата не симболизира материјално богатство, туку вредност која што не бледее, како јазикот, наследството и културниот идентитет. Во време на забрзана дигитална визуелна култура, „Македонска Златна Азбука“ отвора простор за повторно поврзување со сопствениот јазик преку уметноста.

Мaја Танева е визуелна уметница и скулпторка, препознатлива по својата работа со инокс и жичени форми. Иако нејзините последни години се обележани со скулпторски изложувања, „Македонска Златна Азбука“ претставува посебен авторски проект и изложување со слики, создадено како визуелно истражување на буквата, јазикот и културниот идентитет, но и продолжување на истражувањето на формата, симболот и просторот низ нов медиумски пристап.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ, во рамки на програмата за развој на Креативни индустрии за 2026 година. По завршувањето на изложбата, делата продолжат да живеат и надвор од галерискиот простор преку дигитална архива, PDF-изданија и принтови достапни за пошироката публика и културни институции.

Изложбата е отворена од 11-ти до 17-ти мај во Мобилна/Монтажна галерија – Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Објавено пред

„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол.

Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите.

Традиционално, манифестацијата ќе започне со одбележување на јубилеи на истакнати македонски поети и творци: Васил Куноски и Волче Наумчески (родени 1916), Блаже Конески (1921), Видое Видичевски, Илхами Емин, Анте Поповски, Љупчо Стојменски и Љубен Ташковски (1931), Петар Т. Бошковски и Михаил Ренџов (1936), Светлана Христова-Јоциќ (1941), Атанас Вангелов и Васил Пујовски (1946).

Во текот на Деновите ќе бидат одбележани и јубилејните родендени на Јован Стрезовски, Иван Чаповски, Ефтим Клетников, Катица Ќулавкова, Ванчо Полазаревски и Гордана Јовиќ-Стојковска. На поетската сцена ќе настапат и современите македонски поети: Лира Бојку, Ристо Василевски, Вероника Димоска, Саранда Мехмеди, Нино Наумовски, Елена Пренџова, Михајло Свидерски, Милена Силјаноска, Стефан Спасовски, Виолета Танчева-Златева и Лејла Шериф Емин.

Истовремено, манифестацијата ја зајакнува и својата меѓународна димензија. Минатата година, публиката имаше можност да се запознае со младиот грчки поет Сотирис Минас, кој остави силен впечаток во јавноста, а му беше оддадена почит на сенегалскиот поет Леополд Седар Сенгор (1906-2001). Годинава, пак, како почесна гостинка ќе настапи Дорис Карева, од Естонија, едно од најзначајните имиња во современата европска поезија.

Како што е вообичаено, најновата поетска генерација ја заокружува агендата на манифестацијата. Овојпат, во чест на Анте Поповски, поканети се млади добитници на наградите кои го носат неговото име.

Годинава се навршуваат и 55 години од првото издание на „Златно славејче“, како и 90 години од раѓањето на Александар Џамбазов, кој заедно со Васил Пујовски го иницираше овој фестивал. Затоа, во сабота 16 мај, поетската сцена на фондацијата „Ацо Шопов-Поезија“ и Скопје Сити Мол ќе се претвори во еден прекрасен поетски и музички лавиринт, низ кој публиката ќе ја води Игор Џамбазов. Предвидена е и интерактивна програма во која учествуваат ученици од основните училишта „Ацо Шопов“ и „Владо Тасевски“.

Голем број деца од целата земја се очекуваат и на Државниот рецитаториски натпревар за ученици од основно и средно образование кој ќе се одржи во киното Синеплекс.

Во Синеплекс настапува и ПОЕТРОНИКА со концертот „Кон Ацо Шопов“ – современ музичко-поетски омаж на неговото творештво. За влезниците информации можат да се добијат на Инфопултот во Скопје Сити Мол.

Публиката и овојпат ќе биде вклучена во програмата преку интерактивни содржини за кои се предвидени пригодни награди. Посетителите ќе имаат можност да запишуваат свои стихови на „Ѕидот на поезијата“, како и да учествуваат во наградната игра „Поетско тркало на среќата“.

Како новитет, Деновите на поезијата годинава го воведуваат Поетскиот саем на книгата, замислен како простор за средба меѓу поетите, издавачите и читателите, како и за промоција на современата поетска продукција.

Воедно, за првпат една македонска поетска манифестација станува дел од агендата на „Поетската пролет“ — француска иницијатива која со текот на времето добива сè поизразен меѓународен карактер и претставува значајна платформа за светска поетска и културна размена.

Партнери на настанот се Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност, при УКИМ, основните училишта „Ацо Шопов“ и „Владо Тасевски“, издавачките куќи „Литература.мк“, „ПНВ Публикации“ и „Чудна Шума“, Македонскиот ПЕН Центар, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, младинското здружение „Култура бета“, како и киното Синеплекс.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија37 секунди

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег во реформите за забрзана ЕУ интеграција“

Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на...

Црна хроника2 минути

32-годишник од Боговиње и се заканувал на вонбрачната партнерка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од село во општина Боговиње. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување...

Топ6 минути

Паднала во отвор за лифт во зграда во изградба: тешко повредена 17-годишна скопјанка

17-годишно девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба и тешко се повредило, соопшти полицијата. Имено, вчера во...

Економија17 минути

ТАВ Македонија: Рекорден 32,4% пораст на бројот на патници во првите 4 месеци – опслужени 1,2 милиони лица

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата...

Македонија22 минути

(Видео) Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него,...

Економија28 минути

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во...

Регион31 минута

Земјотрес во Црна Гора: „Тресеше силно“

Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 11 мај 2026 година, во 11:59 часот,...

Спорт41 минута

Леон Горецка има нов клуб

Леон Горецка го напушта Баерн по осум години. 31-годишниот играч од средниот ред ја продолжува кариерата во Милан. Договорот на...

Свет47 минути

Нови санкции ја разгоруваат тензијата: Кина ги обвинува САД за еднострани и незаконски мерки

Кина остро реагираше на новите американски санкции против кинески компании, нарекувајќи ги „незаконски и еднострани“. Санкциите беа воведени од американскиот...